Македонија
Конференција во Охрид за десетгодишнината од Рамковниот договор

Во Охрид од денеска почнува одбележувањето на десетгодишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со кој се стави крај на воениот конфликт во 2001-та.
Во Охрид од денеска почнува одбележувањето на десетгодишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со кој се стави крај на воениот конфликт во 2001-та.Денеска и утре во Охрид ќе се одржи конференција на којашто најавено е присуството на актуелниот државен врв, потписниците на договорот и на меѓународните претставници кои ја имаа улогата на олеснувачи во преговорите со коишто се дојде до Договорот.Конференцијата е во организација на секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор.Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски и почесниот претседател на ДПА, Арбен Џафери, двајца од петтемина потписници на Рамковниот договор, нема да присуствуваат на дводневната конференција.На конференцијата денеска е предвидено да се обратат шефот на државата Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, вицепремиерот задолжен за Рамковниот договор, Муса Џафери, досегашниот американски амбасадор во Македонија, Филип Рикер, Џејмс Пердју, олеснувач на Охридскиот договор, Ален Ле Роа, тогашен генерален потсекретар за мировни операции при Обединетите нации, лидерот на ДУИ, Али Ахмети и лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.Организаторите најавија големо присуство на гости од амбасадите и министерствата. /крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Активни се шест пожари во Македонија

Денеска до 18 часот, на територијата на Македонија имало вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои активни се 6 пожари, еден е под контрола и изгаснати 20 пожари, информира Центарот за управување со кризи.
АКТИВНИ: 6
1. Општина Македонски Брод 1: Повеќенаменското подрачје „Јасен“ (мешана шума)
2. Општина Македонски Брод 2: с. Девич – с. Грешница (ниска вегетација)
3. Општина Јегуновце: помеѓу селата Рогачево и Јажинце (пасишта)
4. Општина Брвеница: с. Челопек и с. Милетино (нискостеблеста шума)
5. Општина Кичево 1: с. Аранѓел (стрниште)
6. Општина Кичево 2: с. Мало Церско (ниска вегетација)
ПОД КОНТРОЛА: 1
1. Општина Струга: место викано „Октишка Краста“ (ниска вегетација)
ИЗГАСНАТИ: 20
1. Општина Демир Хисар: с. Мало Илино (дабова шума)
2. Општина Струга 1: место викано „Бегова Шума“, с. Делогожда (ниска вегетација и мешана шума)
3. Општина Делчево: с. Очипала (ѓубриште и ниска вегетација)
4. Општина Куманово 1: ул. Ѓорче Петров (ѓубре)
5. Општина Куманово 2: с. Романовце (ниска вегетација)
6. Општина Куманово 3: кај месна индустрија „Никси“ (ниска вегетација)
7. Општина Куманово 4: нас. Карпош (ниска вегетација)
8. Општина Старо Нагоричане: с. Челопек (ниска вегетација и стрниште)
9. Општина Сарај 2: с. Радуша кон с. Дворце (ниска вегетација)
10. Општина Арачиново: с. Арачиново (ниска вегетација)
11. Општина Арачиново 2: с. Орланци (ѓубриште)
12. Општина Сопиште: с. Св. Петка (ниска вегетација)
13. Општина Шуто Оризари: ул. Брсјачка Буна (ѓубриште)
14. Општина Желино: с. Групчин (ниска вегетација)
15. Општина Тетово: с. Селце (ниска вегетација)
16. Општина Тетово 2: кај ресторан „Сирич“ (ѓубриште)
17. Општина Гостивар: с. Чегране (ниска вегетација)
18. Општина Прилеп: с. Дабница (ниска вегетација)
19. Општина Ресен: с. Дрмени (ниска вегетација)
20. Општина Чешиново – Облешево: с. Теранци (ниска вегетација)
Македонија
Големиот пожар кај струшко Октиси ставен под контрола

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, и заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, се присутни на терен кај селото Октиси, каде што беше активен голем пожар.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека пожарот, иако имал големи размери, е ставен под контрола, но на одредени места сè уште има чадења кои се внимателно следени од екипите на терен.
Во гаснењето дејствува и авион „Ер трактор“ од ДЗС, кој интервенира од воздух, како и шестмина пожарникари и едно противпожарно возило од ТППЕ – Струга, 10 лица од Јавното претпријатие „Македонски шуми“, две возила „Пинцгауер“ од ДЗС и локални жители.
„Благодарение на навремената интервенција, координацијата на сите служби и несебичната помош на локалното население, спречено е ширење на пожарот кон населени места“, велат од ЦУК.
Македонија
Поради пожар, затворен за сообраќај патот Македонски Брод – Скопје

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила на граничните премини.
На ГП Табановце, времето на чекање за влез и излез од државата изнесува околу 15-30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.