Економија
Акцијата на Цар Самоил Банско го крена прометот

Промет во износ од 33.654.716,65 денари, вклучувајќи и една системска блок трансакција остварен е денеска на Македонска берза за хартии од вредност, беше остварен.
Промет во износ од 33.654.716,65 денари, вклучувајќи и една системска блок трансакција остварен е денеска на Македонска берза за хартии од вредност, беше остварен. Од овој промет 10.412.001,65 денари беа реализирани на Официјалниот пазар за хартии од вредност, додека на Редовниот пазар прометот изнесуваше 23.242.715,00 денари.Индексот МБИ10 се намали за 0,44 % и изнесуваше 2.080,30 поени. МБИД се намали за 0,85 % и изнесуваше 1.933,90 поени, а ОМБ остана исто како и тргувањето од претходниот ден и изнесуваше 122,57 поени.На Официјалниот пазар најголем промет беше остварен со акциите на Стопанска банка АД Битола во износ од 3.482.031,00 денари по просечна цена 2.035,41 денари.Поголемиот промет од ова тргување беше остварен преку системска блок трансакција.Втора од акциите по реализиран промет беше акцијата на Комерцијална банка АД Скопје со која беше остварен 1.996.400,00 денари промет по просечна цена од 3.100,00 денари.Трета беше акцијата на Гранит АД Скопје со остварени 1.696.810,00 денари кои се тргуваа по просечна цена од 504,70 денари .Најтргувана од обврзниците беше Обврзницата за денационализација на Р.М трета емисија. Оваа обврзница се тргуваше по просечна цена од 97,30 % и беа остварени 1.855.042,60 денари. На Редовниот пазар најтргувана хартија од вредност беше акцијата на Цар Самоил АД Банско Струмица со која беше остварен промет во износ од 18.920.000,00 денари, по просечна цена од 4.300,00 денари. Пет најтргувани хартии од вредност1.Цар Самоил АД Банско Струмица2.Македонски Телеком АД Скопје 3.Стопанска банка АД Битола4.Комерцијална банка АД Скопје 5.Обврзница за денационализација на РМ трета емисија Хартии од вредност со најголем раст1.Цар Самоил АД Банско Струмица 777,55 %2.Комерцијална банка АД Скопје 1,31 %3.Македонски Телеком АД Скопје 0,76 %4.Гранит АД Скопје 0,01 %Хартии од вредност со најголем пад1.Арцелормитал Скопје ( ЦРМ) Скопје 8,45 %2.Топлификација АД Скопје 5,64 %3.Силекс АД Кратово 2,94 %4.Макпетрол АД Скопје 2,71 %5.Макстил АД Скопје 2,46 %
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Пратките ќе можете да си ги подигнувате сами од пакетомати – презентирана нова платформа

На промотивен настан денес беше презентиран нов начин за подигнување на пратките, што, како што беше посочено, ги надминува досегашните предизвици со доставата.
Се работи за воведување паметни автоматозирани пакетомати кои ќе бидат поставени на 120 локации низ државата, а пратката би можеле да си ја подигнете со кодот што би пристигнал на вашиот мобилен телефон.
Решението во земјата го воведува „Мај бокс“ (My Box). Основачот на компанијата, Далибор Ѓошевски, изјави дека идејата е резултат на детаљна анализа на потребите на корисниците и предизвиците во постојниот систем за достава.
„Нашата цел е да обезбедиме модерно, ефикасно и достапно решение што ќе стави крај на загубените пратки, на долгите чекања и на ограничувањата на временски рамки во доставата“, рече Ѓошевски.
Во рамките на настанот се одржа и панел-дискусија за иднината на е-трговијата и предизвиците на логистиката, за тоа како иновативните производи и услуги од овој тип ќе го подобрат искуството на корисниците и ќе го оптимизират процесот на достава.
Економија
MintIns Go – избираме патничко осигурување за Вас

Патувајте паметно, сигурно и без стрес. Изберете 90 дена патничко осигурување за цената на 30 дена!
– Осигурување од само 1192 ден,
– Покривање во рок од 365 дена,
– Патувајте спокојно и без стрес,
Не ја пропуштајте оваа можност да ги осигурате вашите патувања со оваа понуда или понуда која што одговара на вашите потреби.
Дознајте повеќе на 15 107 или на следниот линк.
Економија
Божиновска-Шахбазов: Македонија важен транзитен центар за гас до Европа, Азербејџан подготвен веднаш да соработува

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во Баку беше пречекана од својот колега, министерот за енергетика на Азербејџан, Парвиз Шахбазов, во рамки на официјалната посета посветена на унапредување на енергетската соработка меѓу двете земји.
На тет-а-тет средбата, која се одржа во Министерството за енергетика на Азербејџан, беше истакната заедничката заложба за зајакнување на партнерството во областа на снабдување со гас. Разговорите се фокусираа на можностите за долгорочни договори за снабдување со гас, како и на потенцијални инвестиции во гасната инфраструктура во Македонија.
„Македонија може да стане регионален центар за транспорт на гас, ние сме подготвени веднаш да се вклучиме во соработка на конкретни проекти и да ви понудиме и експертиза, но и сериозни можности за заеднички проекти доколку постои интерес и од ваша страна“, истакна министерот Шахбазов.
„ Разговорите за зајакнување на нашето партнерство во областа на енергетиката отворија нови перспективи за Македонија! Се фокусиравме на конкретни чекори за создавање условии за снабдување со гас и можности за инвестиции во модернизација на нашата енергетска инфраструктура“ истакна Божиновска.
Посебен акцент беше ставен на можната соработка меѓу државната енергетска компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) и азербејџанската државна нафтена компанија СОКАР. Партнерството помеѓу ЕСМ и СОКАР е клучно за нашата енергетска трансформација.Во таа насока, договоренa e средба за интензивирање на активностите во рамки на склучениот меморандум за соработка што беше потпишан за време на КОП 29 самитот во Баку.
Шахбазов упати и директна покана до министерката Божиновска да учествува на претстојниот министерски состанок на советодавниот совет за јужниот гасен коридор како и за третиот министерски состанок на советот за зелена енергија.
Божиновска ја потенцираше подготвеноста на Македонија за активна соработка во повеќе проекти што ќе обезбедат сигурност, одржливост и енергетска независност за земјата, нагласувајќи дека оваа средба претставува значаен чекор во насока на реализација на тие цели.
„Азербејџан ни нуди конкретна соработка која ќе ни помогне да се мапираме како сериозен регионален центар за транспорт на гас. Ова е нешто што би имало стратешко значење за енергетската иднина на нашата земја и би донело поволности и за економијата, но и за граѓаните. На ова сериозно ќе работиме и се надеваме на помошта од нашите меѓународни партнери“, рече Божиновска.
Во рамките на официјалната посета на Азербејџан, македонската делегација предводена од претседателката Силјановска-Давкова оствари и работна средба со премиерот на Азербејџан Али Асадов и со претседателката на Националното собрание на Република Азербејџан, Сахиба Гафарова.
Оваа средба, која се одржа во контекст на 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу нашите две земји, беше посветена на зајакнување на билатералните односи, посебно во областа на енергетската соработка.
Претседателката Силјановска-Давкова истакна дека нашите две земји имаат потенцијал за поголема економска соработка, особено во секторот на енергетика, и изрази подготвеност за поддршка на иницијативите кои ќе произлезат од оваа средба.