Македонија
Шуто Оризари ќе добие советодавен центар за деца и родители

Советодавен центар за подршка на деца и семејства што живеат во ризик или на работ на сиромаштија ќе се отвори денеска во населбата Шуто Оризари во Скопје.Овој центар ќе функционира во рамките на СОС Детското село, кое веќе години наназад активно придонесува
Советодавен центар за подршка на деца и семејства што живеат во ризик или на работ на сиромаштија ќе се отвори денеска во населбата Шуто Оризари во Скопје.Овој центар ќе функционира во рамките на СОС Детското село, кое веќе години наназад активно придонесува во развојот на социјалната заштита во земјава.Покрај згрижувањето на деца без родители, СОС Детско село се концентрира и на превентивни програми за заштита на децата во состојба на ризик, или на оние кај кои постои опасност да бидат отфрлени од своите семејства.Главната цел е да се превенира евентуалното губење на родителската грижа.Советодавниот центар ќе го отвори заменик министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски заедно со преставници на општината Шуто Оризари/крај/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Сопиште, Студеничани и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од селото Света Петка (општина Сопиште);
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците дел од селото Маркова Сушица (општина Студеничани);
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците дел од улиците 100,21,23,83 (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила времето на чекање за влез во државата е околу 30-45 минути, на ГП Богородица за излез е околу 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска и утре поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.