Скопје
Пуштено во употреба реновираното основно училиште „Имри Елези" во Чаир
Свечено пуштање во употреба на реновираното училиште „Имри Елези” во Чаир, се одржа во вторник.
Училиштето е целосно реновирано во рамките на проектот ГЕФ (Глобален еколошки фонд) на Светска Банка, со мерки за енергетска ефикасност, а во соработка помеѓу Министерството за економија и Општина Чаир.
Министерот за економија, Ваљон Сараќини рече дека со оваа инвестиција, како и инвестициите во другите училишта ширум Македонија се придонесува кон подобрување на условите за учење на учениците, а со тоа се создаваат и подобри услови за работа на наставниците.
„Со инвестиција од 18 милиони денари, кофинансирање од Министерството за економија и Општина Чаир, постигнавме училиштето да добие модерен изглед, а учениците и наставниците по заменувањето на сите прозорци и врати, како и покривот на училиштето, топли простории”, изјави Сараќини.
Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити рече дека е среќен што за период од само два месеци, е завршена една толку голема и суштинска интервенција.
„Во рекордно време е сменет целиот покрив, сите прозорци и врати, како и фасадата, и тоа за прв пат по нејзината изградба пред многу децении. Ова им го должевме на учениците и наставниците на оваа училиште, но и на жителите на населбата Дижонска, која денеска е подобро место за живеење, од тоа што беше пред четири или осум години”, изјави Меџити.
Во основното училиште „Имри Елези” Чаир со проектот ГЕФ на Светска Банка, Министерството за економија и општина Чаир инвестираа над 18 милиони денари, а со проектот кој има за цел постигнување на енергетска ефикасност, сменет е покривот на училиштето, заменети се сите прозорци и врати, а направена е и изолација на надворешните ѕидови и нова фасада.
Со овој проект изреновирани се вкупно 40 училишни објекти во Македонија./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре без вода делови од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на воздушен вентил на улицата Јустинијан Први (кај мостот), утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Во текот на јануари се отстранети 𝟤𝟩𝟨𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на првиот месец од 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, известуваат од Комунална хигиена-Скопје.

„Воедно, беа отстранети и 2765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 400 кубни метри се подигнати во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец јануари изготви вкупно 56 едукативни записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Најголем број на записници – вкупно 32 – се врачени во скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на булеварите, како и улиците што се во надлежност на Градот Скопје во сите скопски општини. Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.

