Свет
Русија, Белорусија и Казахстан сакаат во СТО како единствен блок

Русија, Казахстан и Белорусија планираат да пристапат во Светската трговска организација (СТО) како единствен блок и да ги прекинат одделните
Русија, Казахстан и Белорусија планираат да пристапат во Светската трговска организација (СТО) како единствен блок и да ги прекинат одделните преговори со организацијата.
„Премиерите на Русија, Белорусија и Казахстан ќе ја известат СТО за својот план да почнат пристапни преговори како трипартитна унија, како и да ги прекинат националните преговори за членство во организацијата“, изјави синоќа рускиот премиер Владимир Путин на состанокот на Евроазиската економска заедница, пренесува Итар Тас.
Путин истакна дека членството во СТО е заеднички приоритет на трите држави и поради тоа тие заеднички ќе настапат во остварување на целта.
Тој најави дека унијата на трите земји би требало да биде воспоставена до 2010 година.
Русија веќе 16 години се обидува да влезе во СТО и претставува најголема економска сила надвор од таа организација, која што ја сочинуваат 153 земји членки./крај/бе/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Автобус со работници се преврте кај Сремска Митровица, има жртви

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево околу 14:30 часот на излезот од Сремска Митровица, кај поранешната фабрика „Матроз“, кога автобус на „Сирмиумбус“ што превезувал работници од фабрика се превртел на кров, јави Нова.рс.
Според првичните информации, најмалку две лица загинале, а повеќемина се повредени и се пренесени во Општата болница во Сремска Митровица. На местото на несреќата се полицијата и противпожарните служби, а сообраќајот е блокиран поради увидот.
Фотографии од местото на настанот покажуваат долги колони возила на патот Сремска Митровица – Јарак. Истрагата за причините е во тек.
Свет
ЕК: Секоја од нашите земји-членки може привремено да ја укине забраната за летови на авионот на Путин

Најавената средба меѓу претседателите на САД и Русија во Будимпешта е добредојдена ако може да доведе до праведен и траен мир во Украина, изјави денес портпаролот на Европската Комисија.
„Ја поздравуваме оваа средба ако помогне во постигнувањето на траен и праведен мир во Украина“, изјави портпаролот на Комисијата, Олоф Гил.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, по телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин објави дека двајцата ќе се сретнат во Будимпешта во следните две недели.
Во врска со логистичките прашања околу пристигнувањето на рускиот претседател во Будимпешта, Комисијата објасни дека секоја земја-членка може по исклучок да одобри отстапување од забраната за влез во европскиот воздушен простор за руски авиони.
Портпаролката на Комисијата, Анита Хипер, изјави дека како дел од санкциите против рускиот претседател Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, средствата во ЕУ се замрзнати, но нема и забрана за влез на територијата на ЕУ.
Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на Путин во 2023 година за воени злосторства поврзани со нелегалната депортација на украински деца.
Унгарија веќе беше домаќин на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во април оваа година, за кого МКС исто така издаде налог за апсење. После тоа, унгарската влада информираше дека се повлекува од тој суд.
Сепак, според статутот на МКС, Унгарија сè уште е должна да го уапси Путин бидејќи повлекувањето од судот стапува на сила една година откако генералниот секретар на ОН беше известен.
Во унгарскиот случај, тоа е јуни 2026 година.
Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, денес изјави дека Будимпешта ќе обезбеди Путин непречено да влезе на нејзина територија со цел средба со Трамп и дека успешно ќе се врати во Русија.
фото:принтскрин
Свет
ОН: Потребно е време за да се намали гладот во Појасот Газа

Обединетите нации во петокот објавија дека ќе биде потребно време за да се намали гладот во Појасот Газа и повикаа на отворање на сите премини кон воено разурнатата палестинска територија.
– Ќе биде потребно извесно време за да се намали гладот - изјави портпаролката на Светската програма за храна на ОН (WFP) Абер Етефа на прес-конференција во Женева.
Светската програма за храна на ОН испорачуваше просечно 560 тони храна во Газа дневно од почетокот на прекинот на огнот, но ова е сè уште под она што е потребно, рече Абер Етефа.
– Сè уште сме под она што ни треба, но стигнуваме до таму. Прекинот на огнот отвори тесен прозорец на можности, а WFP се движи многу брзо и успешно кон зголемување на помошта за храна – изјави Етефа за новинарите, пренесува Ројтерс.
Фото: принтскрин