Свет
ОН: Нигерија ќе ја чисти нафтената дамка во следните 30 години
Програмата на Обединетите нации за животна средина (УНЕП) смета дека на Нигерија ќе и’ бидат потребни неколку децении за да се опорави од големото нафтено загадувањето во регионот Огони во делтата на реката Нигер.
Програмата на Обединетите нации за животна средина (УНЕП) смета дека на Нигерија ќе и’ бидат потребни неколку децении за да се опорави од големото нафтено загадувањето во регионот Огони во делтата на реката Нигер.УНЕП, која изврши оценување на животната средина во регионот, соопшти во петокот дека педесет години откако проработи нафтената индустрија во Нигерија, измерени се значителни загадувања на воздухот, водата, почвата и вегетацијата во Огони.Во извештајот на УНЕП се додава дека целосната еколошка обнова на регионот ќе потрае речиси 30 години и ќе чини според првичните процени милијарда евра за првите пет години од почнувањето на најголемата операција на чистење од загадувањето со нафта во светски рамки.Спроведеното истражување и студијата се направени по барање на нигериската влада а спонзорирани од „Shell Petroleum Development Company“, подружница на компанијата „Royal Dutch Shell“. Целата студија чинела околу десет милиони долари.„Royal Dutch Shell“ којашто заедно со Нигериската државна нафтена компанија, е сопственик на поголемиот дел од нафтената инфраструктура во регионот Огони престана да работи во регионот во 1993 година, кога тамошните локални заедници започнаа со кампањата и борбата против компанијата поради загадувањето на нивната животна средина и риболовот како главна стопанска гранка и заработувачка за населението. Лидерот на кампањата, Кен Саро-Вива, подоцна беше обесен од нигериските власти.Ледум Мити, лидер на Движењето за опстанокот на народот на Огони (MOSOP), го доведе во прашање кредибилитетот на извештајот, и инсистира на тоа дека таа има цел да создаде добра слика за „Shell Petroleum Development Company (SPDC)“. SPDC ја прифати одговорноста за две масивни дамки од нафта, предизвикани од неисправната опрема коишто ја уништија животната средина на 69 илјади луѓе во областа Бодо во Огони, и сега се соочува со отштети во висина од неколку стотици милиони долари.Во петокот SPDC го поздрави извештајот на ОН а според портпаролката на компанијата, таа ќе даде официјални коментари по деталното проучување на студијата.Амнести интернешенел исто така се огласи по извештајот на ОН, велејќи дека работата на SPDC имала катастрофален ефект врз човековите права и животот на луѓето во Огони.„Овој извештај покажува дека SPDC има страшно влијание во Нигерија, што беше негирано со децении, лажно тврдејќи дека работат според меѓународните стандарди“, рече директорот за глобални прашања на Амнести интернешенел, Одри Гофран./крај/птв/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Бугарскиот уставен суд ја прифати оставката на Радев, Јотова ја презема функцијата
Уставниот суд ја прифати оставката на бугарскиот претседател Румен Радев, јавуваат бугарските медиуми.
Според одлуката на судиите, овластувањата на Румен Радев како претседател престануваат предвреме со потврдувањето на неговата оставка од страна на Уставниот суд . Одлуката стапува во сила денес, 23 јануари.
Уставниот суд го разгледа барањето на Радев без да мора да го сослуша или да побара дополнителни докази, бидејќи испитувањето беше ограничено на утврдување на лична изјава за волја – прашање кое, според судот, нема сложени правни пречки.
На расправата учествуваа 12 уставни судии, а за уставниот случај извести судијката Павлина Панова.
Оставката ја поднесе Радев по обраќањето до бугарскиот народ на 19 јануари, во кое објави дека се повлекува од функцијата со цел активно да учествува на претстојните предвремени парламентарни избори и евентуално да учествува во политички проект или партија.
„Инвестор.бг“ потсетува дека одлуката на Уставниот суд е историска – ова е прв случај во поновата историја на Бугарија во кој актуелен претседател поднесува оставка пред истекот на мандатот, а судот го разрешува од функцијата.
Потпретседателката Илијана Јотова автоматски ја презема функцијата нов шеф на државата до крајот на нејзиниот мандат на 21 јануари 2027 година. Таа ќе ги извршува функциите на претседател, вклучително и назначување на привремена влада и подготовка за следниот изборен процес.
Фото: ЕПА
Регион
Дедото уапсен под сомнение за обљуба над малолетната внука во Белград
Полицијата на територијата на Белград го уапси Г. М. (57) бидејќи постоеле основи на сомнение дека сторил кривично дело обљуба над дете.
Жртвата е неговата четиринаесетгодишна внука, која ја дала изјавата во присуство на нејзината мајка, според медиумите во соседството.
Осомничениот е задржан од полицијата до 48 часа, во кој период ќе биде приведен на сослушување.
Според написите, се сомнева дека дедото наводно го сторил ова тешко кривично дело врз својата внука во неколку наврати.
Случајот го презеде Вишото јавно обвинителство во Белград, кое ќе спроведе понатамошна истрага. Бидејќи жртвата е малолетно лице, истражните органи ќе ги преземат сите мерки за заштита на интегритетот на детето, а изјавата ќе биде земена во присуство на експерти и психолози.
Кривичниот законик на Србија предвидува исклучително строги санкции за злоупотреба на деца. За најтешките форми на ова кривично дело, особено кога има роднинско сродство или злоупотреба на положбата, се заканува затворска казна од најмалку 10 години или доживотен затвор.
Сите надлежни служби, вклучително и Центарот за социјална работа, се вклучени во обезбедување поддршка и заштита на жртвата од самиот момент на пријава, според медиумите.
Регион
По девет години на чело на Бугарија, Румен Радев ја напушта претседателската функција
По девет години, бугарскиот претседател, Румен Радев ја напушта претседателската функција.
Уставниот суд денес во земјата ќе одржи расправа за случајот покренат во врска со неговата оставка, јавуваат бугарските медиуми.
Оставката на Радев беше поднесена до Уставниот суд во вторник, еден ден откако тој ја објави својата одлука да се повлече од функцијата и да се кандидира на претстојните предвремени парламентарни избори во специјално обраќање до бугарските граѓани.
Така завршува неговиот речиси децениски престој во „Дондуков“ 2 – прво како претседател во два последователни мандати, а потоа и како клучна фигура во низа политички кризи и привремени влади.
Според Уставот, во случај на предвремено прекинување на претседателскиот мандат, овластувањата на шефот на државата ги презема потпретседателот до истекот на мандатот . По одлуката на Уставниот суд, функцијата ќе ја извршува Илијана Јотова.
Се очекува таа да ја продолжи постапката за назначување на привремена влада, вклучително и спроведување на задолжителните консултации со потенцијалните кандидати за привремен премиер и одредување на датумот за предвремени парламентарни избори, пишува „њуз.бг“.
Според информациите од претседателската институција, Румен Радев официјално ќе ја напушти претседателската зграда денес во 16:00 часот. На свечениот влез ќе го испрати Илијана Јотова, која, по одлуката на Уставниот суд, ќе ги преземе функциите претседател на Република Бугарија.

