Македонија
Отворен вториот јавен повик за прекугранична соработка со Албанија
Отворен е вториот повик за ИПА програмата за прекугранична соработка на Македонија со Албанија,соопшти министерот за локална самоуправа Муса Џафери.
Oтворен е вториот повик за ИПА програмата за прекугранична соработка на Македонија со Албанија,соопшти министерот за локална самоуправа Муса Џафери.
Вкупниот буџет на Повикот е 3.525.000 евра,од кои 2.200.000 се наменети за Македонија а 1.325.000 за Албанија.
„Соработка, развој и повеќе можности за сите потенцијални носители на проекти“, порача Џафери.
Во рамките на Повикот, проектни предлози може да бидат поднесени во 3 мерки : Економски развој со акцент на унапредувањето на туризмот, Одржлив развој на животната средина со акцент на заштитата,унапредувањето на природните богатства и екосистемите и Социјална кохезија, културна размена преку дејства од луѓе за луѓе и од институции за институции.
„Целта е да ги ставиме во функција сите инструменти и да ги искористиме сите средства кои ЕУ ги нуди преку програмата ИПА“,објасни Џафери.
Рокот за аплицирање ќе почне на 19 јули 2010 година.
Посетата на Мајлинда Брегу, министерката надлежна за процесот на евроинтеграции на Албанија беше одложена, поради проблемите со авиосообраќајот и откажаните летови од Брисел./крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

