Економија
Саркози и Меркел: Грција не ја добива новата транша без решителни мерки

Францускиот претседател Николас Саркози и германската канцеларка Ангела Меркел го повикаа во саботата новиот премиер на Грција Лукас Пападимос и ја потцртаа неопходноста од спроведувањето на договореното за кредитирањето на земјата, соопшти Елисејската палата во Париз.
Францускиот претседател Николас Саркози и германската канцеларка Ангела Меркел го повикаа во саботата новиот премиер на Грција Лукас Пападимос и ја потцртаа неопходноста од спроведувањето на договореното за кредитирањето на земјата, соопшти Елисејската палата во Париз.
„Исплатата на следната транша од помошта не може да се оствари без одлучувачки чекор во оваа насока“, се нагласува во соопштението што го цитира AFP.Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја задржаа исплатата на траншата во износ од 8 милијарди евра за Атина која требаше да биде доделена во септември, така што Грција од банкрот ја делат само уште неколку седмици. Грција вети на самитот на Европската унија во Кан одржан на 27 октомври, дека ќе ја реализира долгорочната програма за штедење во замена за отпишување на дел од нејзиниот долг и продолжување на финансирањето на нејзиното кредитирање. Неуспехот на иницијативата на довчерашниот премиер Јоргос Папандреу да се одржи референдум за овие одлуки доведоа до паѓање на неговиот кабинет и формирање коалициска влада предводена од надпартиски премиер, поранешниот потпретседател на Европската централна банка, Лукас Пападимос.Меркел и Саркози, во саботата навечер, нагласија дека нивните земји се решени да го заштитат еврото, се дополнува во соопштението на Елисејската палата.Самиот Пападимос кој ја положи премиерската заклетва во петокот на 11-ти ноември, како еден од своите приоритети го постави одобрувањето на исплатата на следната транша од помошта за Грција. Покрај тоа, за периодот од околу три месеца во коишто ќе функционира неговиот 48-член кабинет составен од трите партии: владејачките социјалисти ПАСОК, опозициските конзервативци од Неа демократиа и крајнодесничарската ЛАОС, до новите парламентарни избори, Пападимос има намера да обезбеди почеток на реализиацијата на договорот за кредитирањето.Три различни анкети на јавното мислење спроведени во Грција веднаш по назначувањето Пападимос за премиер, покажуваат дека тој ја ужива поддршката од повеќе од 70 отсто од испитаниците, а како неопходна ја истакнуваат потребата од одржување предвремени парламентарни избори нешто повеќе од 50 отсто од анкетираните./крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Бојкот на американски производи во Европа поради политиките на Трамп

Движења за бојкот на американските производи добиваат поддршка во Европа како реакција на промените во американската политика, особено во однос на воведените царини за европските производи и политиката кон руската агресија во Украина.
Во Шведска, оваа иницијатива доби посебен замав преку социјалните мрежи. На Фејсбук се формирани групите „Boykot varer fra USA“ со 67.000 членови и „Bojkotta varor från USA“, која брои над 70.000 корисници. Членовите на овие групи повикуваат на бојкот на американските брендови како „Мекдоналдс“, „Кока-Кола“, „Најк“, „Левис“, „Нетфликс“, „Гугл“ и „Ербнб“.
Јаник Кохинур, основачка на групата „Бојкотирам американска стока“, изјави дека овој чекор го презела бидејќи не можела директно да влијае на американските политики, но смета дека со економски притисок може да се испрати силна порака.
„Тешко е, бидејќи речиси сè е под влијание на Америка. Би требало да се бојкотира огромен број производи“, коментира еден од членовите на групата. Друг корисник нагласува дека луѓето при купување ретко размислуваат за потеклото на производите, што го прави бојкотот сложен.
Кохинур, сепак, беше критикувана бидејќи групата ја основала на платформата Фејсбук, која е во сопственост на американскиот технолошки гигант „Мета“. Таа одговори дека во моментов нема подобра алтернатива, но изрази надеж дека ќе се појават нови платформи што ќе им овозможат на активистите поголема независност.
Економија
Трипуновски: Нема да дозволам фантом земјоделци да профитираат

Земјишната политика е основен фактор за враќањето на производството во земјоделскиот сектор и враќање на производствените капацитети на нивото каде што некогаш биле, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостување во емисијата „Аграр“.
Трипуновски истакна дека неговата прва задача во функцијата е да направи ревизија на земјоделското земјиште кое било поделено во претходните години. Целта е да се провери дали земјиштето во државна сопственост се користи согласно со договореното.
„Нашиот фокус е да ги контролираме големите корисници, особено оние правни субјекти кои добиле големи површини земја, а кои можеби не ги исполнуваат обврските. До сега имаше два такви случаи каде земјиштето се користело бесправно, а истовремено биле искористени и државни субвенции“, објасни Трипуновски.
Контролите, како што најави, ќе продолжат и во иднина, а целта е да се ослободи земјиштето и да се додели на вистинските земјоделци кои ќе ја користат земјата со цел да ја подобрат производството.
„Не ќе дозволиме фантоми земјоделци да профитираат на сметка на државата“, нагласи министерот.
Во однос на јавните повици, Трипуновски информираше дека лани завршија јавни повици за распределба на земјиште кои беа објавени за време на техничката Влада. Со овие повици се потпишани 967 договори. Во текот на новогодишните празници беа објавени и нови повици кои беа барање на земјоделците, а тие завршија со пристигнување на над 2.000 апликации.
„Нашата следна фаза ќе биде оглас за распределба на земјиште, со точно дефинирани парцели. Планираме да се поделат парцели не помали од 10 хектари, бидејќи сакаме да ги охрабриме земјоделците да размислуваат за окрупнување на земјиштето“, изјави Трипуновски.
Економија
Орбан се договорил со Трамп? Унгарија може ќе се спаси од американските царини

Унгарија и САД се во процес на договарање на економски пакет што треба да ѝ помогне на унгарската економија и да ги ублажи последиците од евентуалните американски царини за производите од Европската Унија. Ова го изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, нагласувајќи дека договорот ќе ја зајакне економската стабилност на земјата.
Орбан, кој важи за долгогодишен сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, посочи дека ваквата соработка ќе придонесе за дополнително продлабочување на политичкото партнерство меѓу двете земји. Според него, договорот ќе ѝ овозможи на Унгарија да ги минимизира штетите од евентуален трговски судир меѓу Вашингтон и Брисел.
„Секое членство во Европската Унија подразбира одредени економски последици, а во случај на американски царини, Унгарија ќе биде погодена како и сите останати земји. Засега не можеме со сигурност да кажеме колкави ќе бидат загубите, но е јасно дека нема да можеме да ги избегнеме“, изјави Орбан на годишната конференција на унгарската трговска и индустриска комора.
Според унгарскиот премиер, Владата веќе работи на постигнување на билатерален договор со САД кој би ја заштитил економијата. Во тек се и преговори за обновување на даночниот договор, кој беше укинат за време на претходната американска администрација.
„Одредени елементи од новиот договор ќе ни овозможат да ги ублажиме економските загуби и да осигуриме финансиска стабилност преку конкретни мерки“, додаде Орбан.
Иако трговската размена меѓу Централна и Источна Европа и САД е релативно мала, Будимпешта сака да осигура дека Унгарија ќе биде во најдобра можна позиција во случај на економски потреси.