Македонија
Одложена посетата на белгискиот премиер Летерм на Скопје
Посетата на белгискиот премиер Ив Летерм поради лошите временски услови во Македонија најверојатно ќе биде одложена, официјално е соопштено од владини извори.
Посетата на белгискиот премиер Ив Летерм поради лошите временски услови во Македонија најверојатно ќе биде одложена, официјално е соопштено од владини извори. Според истиот извор, авионот на белгискиот премиер е пренасочен кон солунскиот аеродром, така што средбата со македонските власти би се случила евентуално доцна вечерва, или утре. Заедно со Летерм, во Скопје патува и министерот за азил, Мелкиор Ватле, кој лично требаше да отпатува во селата во кумановско – липковскиот регион на средби со локалното население. Ватле минатата недела за „Дојче Веле“ изјави дека македонските државјани што побараа азил во Белгија се изманипулирани поради лажните информации што ги добиле околу регулирањето на нивниот престој во Белгија. /крај/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

