Контакт

Свет

Американските воени бродови во Средоземно Море

Објавено пред

Американските амфибиски бродови во четвртокот рано наутро впловија во водите на Средоземното Море на пат кон Либија, соопштија од управата на Суецкиот канал што го потврдија и американски официјални извори

dobivaj vesti na viber

Амфибискиот брод „USS Kearsarge“ со 800 маринци на кој има 50-ина хеликоптери и авиони со вертикално полетување, како и амфибискиот транспортен брод „USS Ponce“ со санитетски капацитети, го минале Суетцкиот канал на нивниот пат од Црвеното кон Средоземното Море. Официјален Вашингтон претходно најави дека намената на овие бродови ќе биде обезбедување можност за евакуација и поддршка на хуманитарните операции, нагласувајќи дека ниедна од опциите се уште не е исклучена.Иако упатувањето на бродовите кон либиските територијални води претставува директен  притисок на САД за либискиот водач Моамер ел-Гадафи да ја напушти власта и да запре со оруженото задушување на бунтот против неговиот режим, највисоките државни функционери во Вашингтон не се многу расположени за почнување нови воени операции, бидејќи се уште се чувствува големиот товар од трошоците за војните во Авганистан и Ирак. Американскиот министер Роберт Гејтс во средата на сослушувањето пред Конгресот рече дека вопоставувањето зона за забранети летови над Либија, претпоставува прво напад со кој ќе се неутрализираат против-авионските одбранбени системи на либиската армија. „Да го наречеме тоа со вистинското име. “Нон-флај“ зоната почнува со напади врз Либија за да се уништи нејзината против-авионска одбрана…, и тогаш може да се лета наоколу, негрижејќи се дека нашите момчиња ќе бидат урнати“, изјави Гејтс пред когресната комисија. Гејтс истакна дека зоната за забранети летови за Либија „исто така бара повеќе авиони отколку што има на еден носач на авиони, бидејќи тоа е голема операција во голема земја“. Американската државна секретарка Хилари Клинтон, пак, пред Комисијата за надворешна политка на Сенатот во средата изјави дека е долг патот до решението за воспоставување зона за забранети летови над Либија.  Органзиацијата на Арапската лига исто така во средата соопшти дека ќе ја разгледа поддршката за прогласување зона за забранети летови за да се прекине нападот на режимот на Гадафи врз бунтовниците, но отфрли каква и да е поддршка за директна странска воена интервенција.САД во Црвеното Море го имаат носачот на авиони „USS Enterprise“ со околу 70 авиони, но од Пентагон официјално потврдија дека тој не е на пат за Средоземјето. Вашингтон е загрижен дека Либија ќе навлезе во општ хаос и ќе стане уште еден бастион за Ал Каеда, како што е Сомалија, иако засега САД немаат такви очекувања. Тоа го потврди и Хилари Клинтон којашто рече – „Една од нашите најголеми грижи е дека Либија ќе потоне во хаос и ќе стане гигантска Сомалија. Тоа не е нешто што засега го гледаме на хоризонтот, но многу од активистите на Ал Каеда во Авганистан и во Ирак дојдоа од Либаија, и тоа токму од источна Либија која сега е таканаречената слободна зона на Либија“:Силите лојални на полковникот Моамер ел-Гадафи во средата почнаа против-афанзива кон пристаништето Брега, источно од престолнината Триполи,  каде што се наоѓа голема рафинерија, со употреба на авијацијата којашто ги бомбардираше позициите на бунтовниците. Минатата седмица силите на Гадафи беа концентрирани на напади во западниот дел од земјата, настојувајќи да го засилат своето главно упориште Триполи и настојувајќи да ги заземат блиските градчиња кои беа во рацете на бунтовниците. Нападот врз Брега претставуваше големо изненадување, во кој силите на Гадафи прво во средата наутро ги заземаа нафтените постројки а потоа во контра-нападот на бунтовничките милиции беа притеснети кон универзитетксиот кампус од каде даваа жесток отпор, се додека доцна вечерта силите од 200-ини лојалисти не се повлекле, јавија во четвртокот наутро арапските телевизии.Во главниот град Триполи, Гадафи одржа уште еден говор во кој најави битка до последниот човек и предупреди дека илјадници Либијци ќе загинат доколку силите на САД и на НАТО интервенираат во внатрешнтие судири.Светската програма за храна (WFP) при Обединетите нации, ја активираше програмата во вредност од 38,7 милиони долари помош во храна за 2,7 милиони луѓе кои се просто заробени од судирите во Либија, додека светсктие органзиации настојуваат да ги ублажат последиците од бегалската криза на либиските граници со Египет и Тунис. WFP соопшти дека итните пратки со храна се упатени на либиско-туниската граница кон која се движат десетици илјади луѓе кои настојуваат да побегнат од Либија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Трамп вели дека ќе разговара со Маск за враќање на интернетот во Иран

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека планира да разговара со милијардерот Илон Маск за враќање на интернетот во Иран, каде што властите го прекинаа интернетот поради антивладините протести.

dobivaj vesti na viber

„Тој е многу добар во тоа, има многу добра компанија“, им рече Трамп на новинарите кога го прашаа дали би ја ангажирал компанијата на Маск, SpaceX, која нуди сателитска интернет услуга наречена Starlink.

Откако милијардерот помогна во финансирањето на успешната претседателска кампања на Трамп, а подоцна иницираше големи намалувања на буџетот за федералната влада, пријателскиот пар се скара минатата година кога Маск се спротивстави на клучниот закон за даноци на Трамп.

Но, се чини дека ги поправија своите врски, вечерајќи заедно во одморалиштето Мар-а-Лаго на Трамп овој месец.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со масовни протести во кои загинаа стотици луѓе.

dobivaj vesti na viber

Во разговор со новинарите во авионот „Ер Форс Уан“, Трамп рече дека иранските лидери го контактирале претходниот ден „за да разговараат“. Додаде дека може да се договори состанок со иранските претставници. Иако не ја исклучи можноста за преговори, Трамп предупреди дека Вашингтон може да биде принуден да дејствува дури и пред евентуален состанок, со оглед на континуираните протести во Иран.

„Мислам дека се уморни од тоа што САД ги тепаат“, рече Трамп, очигледно мислејќи на израелските напади врз нуклеарната програма на Иран минатата година, во кои учествуваа и американските сили. Трамп не прецизираше кои теми ќе бидат дискутирани. Минатата година, Техеран одржа индиректни разговори со специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, за спорната нуклеарна програма.

Трамп повеќе пати го предупредуваше Техеран за неговото насилно задушување на протестите, велејќи дека САД ќе „реагираат силно“ ако властите „почнат да убиваат луѓе како што правеа во минатото“.

Според американската организација Human Rights Activists News Agency, најмалку 544 лица се убиени во масовните протести во Иран во текот на изминатите 15 дена.

Прикажи повеќе...

Свет

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Објавено пред

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата во Техеран.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението објавено од полуофицијалната новинска агенција Тасним, гардата рече дека сегашните протести во Иран се „продолжение на 12-дневната војна“, алудирајќи на конфликтот меѓу Иран и Израел во јуни минатата година. Го опиша американскиот претседател како „кловн и криминалец“ кој „поддржува репродукција на насилство и модерен тероризам во Иран“.

„Наместо да одговори на светското јавно мислење за неговите злобни ставови и очигледно мешање во внатрешните работи на нашата земја, со цел да избегне одговорност и да ја плати цената за овие злосторства во крв, тој го навреди благородниот и херојски ирански народ со својот наводно достоинствен јазик и западна култура. Тој треба да очекува остар одговор од овој лукав, отпорен и непријателски народ“, се вели во соопштението.

Бројот на жртви во антивладините протести во Иран продолжува да расте. Според податоците на американската организација Human Rights Activists News Agency, досега се убиени 538 лица. Меѓу загинатите се 490 демонстранти и 48 припадници на иранските безбедносни сили, според нив. Истата организација проценува дека околу 10.000 луѓе се уапсени за време на протестите низ целата земја.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет35 минути

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет37 минути

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет51 минута

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија59 минути

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа1 час

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....

Македонија9 часа

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија10 часа

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет13 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет14 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет21 час

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет22 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет22 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет22 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет23 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија1 ден

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија2 дена

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија2 дена

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија2 дена

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ2 дена

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија2 дена

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...