Свет
„Палатата“ на Путин продадена за 350 милиони долари
Луксузната резиденција на брегот на Црното Море, која е изградена за приватни потреби на рускиот премиер Владимир Путин, е продадена на богат инвеститор за 350 милиони долари, соопшти денеска рускиот економски весник „Комерсант“.
Луксузната резиденција на брегот на Црното Море, која е изградена за приватни потреби на рускиот премиер Владимир Путин, е продадена на богат инвеститор за 350 милиони долари, соопшти денеска рускиот економски весник „Комерсант“.Весникот наведува дека Александар Пономаренко, поранешен сопственик на пристаништето Новоросијск на Црно Море, го купил комплексот за 350 милиони долари, преку компанија, чие седиште се наоѓа на Кипар.Во декември, бизнисменот Сергеј Колесников, кој тврди дека бил повикан да учествува во проектот, напишал отворено писмо до претседателот Дмитри Медведев, дека палатата била изградена за приватни потреби на Владимир Путин, поранешниот претседател на Русија. Оваа информација беше негирана од страна на руската влада.Пономаренко за весникот „Комерсант“ ваквата информација ја негираше и ја оквалификува како шпекулација. Тој изјави дека резиденцијата ја купил од тројца луѓе, меѓу кои е Николај Шамалов, близок соработник на Путин.Пономаренко рекол дека тројцата луѓе ја продале резиденцијата бидејќи немале пари за да го довршат проектот. „Останува главното прашање: од каде тогаш пари за изградба?“, вели Колесников./крај/блиц/пк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина
Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека издавањето налог за апсење од страна на Русија за претседателот Володимир Зеленски е „доказ за очајот на руската државна машина и пропаганда“, пишува „Украинска правда“.
„Руските извештаи за наводното додавање на украинскиот претседател Володимир Зеленски на потерницата на руското Министерство за внатрешни работи го покажуваат очајот на руската државна машина и пропаганда. Русите не знаат што друго да измислат за да привлечат внимание“, посочија Украинците. надвор.
„Ги потсетуваме сите дека, спротивно на безвредните руски најави, налогот на Меѓународниот кривичен суд за апсење на рускиот диктатор Владимир Путин под обвинение за воени злосторства е реален и спроведлив во 123 земји“, додаваат тие.
Русите не го прецизираа написот врз основа на кој е издаден налогот за апсење на украинскиот лидер. „Володимир Александрович Зеленски, 25 јануари 1978 година. Се бара според членот од Кривичниот законик“, стои во базата на податоци на веб-страницата на руското Министерство за внатрешни работи.
Базата на податоци го наведува и местото на раѓање на бараното лице, градот Кривиј Рих во регионот Дњепропетровск. Објавена е и фотографија од Зеленски, направена пред војната.
Свет
НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна
Четиримесечните воени вежби на НАТО во близина на границите на Русија, наречени „Непоколеблив бранител“ се доказ дека алијансата се подготвува за потенцијален конфликт со Русија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Захарова неделава ги отфрли обвинувањата на НАТО дека Русија води хибридна војна против нејзините членки, тврдејќи дека тоа е дезинформација со цел да се одвлече вниманието од активностите на алијансата.
НАТО е тој што води хибридна војна против Русија, поддржувајќи ја Украина со оружје, разузнавачки информации и финансии, рече таа.
„Во моментов, најголемата вежба на НАТО од Студената војна, Непопустлив бранител, се одржува во близина на руските граници. Според нивното сценарио, акциите на коалицијата против Русија се практикуваат со користење на сите инструменти, вклучително и хибридно и конвенционално оружје“, продолжи Захарова.
„Мора да признаеме дека НАТО сериозно се подготвува за потенцијален конфликт со нас“, рече Захарова.
Најавувајќи го почетокот на вежбите во јануари, НАТО најави дека на нив ќе учествуваат 90.000 војници, кои ќе го вежбаат сценариото американските сили да им помагаат на Европејците во земјите кои граничат со Русија и на источното крило на алијансата доколку конфликтот се разгори.
Вежбите ќе траат до мај, пишува Ројтерс.
Свет
Во Мексико трагаа по исчезнати туристи од САД и Австралија, пронајдоа три тела
Мексиканските власти пронајдоа три тела во областа Долна Калифорнија за време на потрагата по исчезнати туристи. ФБИ соопшти дека телата биле пронајдени во градот Санто Томас и се уште не се идентификувани. Австралијците Џејк (30) и Калум Робинсон (33) и Американецот Џек Картер Роуд (30) сурфале во близина на популарното туристичко место Енсенада. Исчезнаа на 27 април, пишува Би-Би-Си.
Мексиканската полиција во четвртокот испрашувала жена и двајца мажи во врска со нивното исчезнување. Пред да бидат пронајдени телата, во областа беа пронајдени напуштени шатори, запален бел пикап и мобилен телефон поврзан со исчезнатите туристи.
Долна Калифорнија е меѓу државите во Мексико со највисоко ниво на насилство додека локалните нарко банди се борат за територија. И покрај тоа, туристите често ја посетуваат областа поради добрите услови за сурфање.