Контакт

Спорт

Илиевски за историско полуфинале

Објавено пред

Кошаркарската репрезентација на Македонија вечерва ја испиша историјата, победувајќи ја Литванија на нејзин терен, со што обезбеди пласман во полуфиналето и борба за медал.

dobivaj vesti na viber

Кошаркарската репрезентација на Македонија вечерва ја испиша историјата, победувајќи ја Литванија на нејзин терен, со што обезбеди пласман во полуфиналето и борба за медал.Македонија жестоко се бореше на и теренот и повторно одигра повеќе од феноменално во одбраната против најпрецизната селекција на турнирот, што се покажа клучно за конечниот резултат 67:65 (18:20, 12:14,19:18, 18:13) за нашата репрезентација.Покрај ова, Македонија обезбеди и најмалку влез во квалификациите за наредните Олимписки игри, што ќе се одржат во Лондон.Јунак на натпреварот е бекот Владо Илиевски, чија рака беше смирена во решавчките моменти на натпреварот.Најнапред Илиевски на 11 секунди до крајот стрелаше прецизно за три поени, со што ја доведе Македонија за прв пат на натпреварот во водство од 66:65.  Потоа, Илиевски освои топка во одбраната и врз него беше направен прекршок. Илиевски смирено го реализира првото слободно фрлање, по што намерно го промаши второто фрлање за да не и остави време за напад на Литванија. Домашната репрезентација водеше во најголемиот дел од натпреварот, но не успеа да се одлепи. Македонија во третата четврти во два наврати израмни, имаше и неколку можности за водство, но без успех. Сепак, Македонија прв пат поведе на мечот, кога беше најзначајно во последните секунди.Лестер Бо Мекејлеб беше најефикасен со 23 поени. Особено клучни беа неговите влезови, во моментите кога Македонија бркаше резултатски приклучок. Извонредни заслуги за успехот има и Војдан Стојановски, кој постигна 15 поени, стрелајќи непогрешно од линијата за три поени 5/5. Перо Антиќпостигна осум поени, а оствари истотолку скокови.Литваниците имаа многу лош шут за три поени, погодувајќи само два пати од 15 обиди. Најголем дел од поените, домашните играчи ги постигнаа од рекетот.Натпреварот во Каунас го следее близу 15.000 гледачи, но на крајот се радуваа околу 150 македонски навивачиМакедонија повеќе од заслужено ќе игра во полуфиналето против Шпанија на 16 септември.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

(Видео) Гризман го постигна можеби најубавиот гол во кариерата

Објавено пред

Антоан Гризман (34) постигна речиси 350 гола во својата имресивна кариера, но оној што го постигна во осминафиналето на Купот на Кралот зазема посебно место. Атлетико Мадрид победи кај Депортиво Коруња со 1:0, а голот што го постигна Гризман во 61-та минута беше прекрасен.

dobivaj vesti na viber

Гризман изведе слободен удар од околу 20 метри од голот, малку дијагонално од десната страна, така што со левата го префрли живиот ѕид и погоди кадеш што се спојуваат пречката и стативата. Голманот на Депортиво остана закопан на гол-линијата и со поглед ја испрати топката во мрежата.

Голоот можете да го погледнете Тука:

„АС“, во денешното издание вака ја коментира големата мајсторија на Гризман.

„О, ла ла! Гризман постигна еден од најспектакуларните голови во неговата кариера! Французинот направи брилијантен потег. Тој изведе извонреден слободен удар и постигна златен гол.“

Ова е 10-от гол на Гризман во 28-от натпревар оваа сезона. Неговите бројки во Атлетико се спектакуларни. Тој одигра 473 натпревари, постигна 208 и намести 94 гола.

Foto/ Depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Аматер освои милион долари во Мелбурн

Објавено пред

Аматерот, Австралиецот Џордан Смит го освои „One Point Slam“ во Мелбурн.

dobivaj vesti na viber

Смит, кој ја претставуваше тениската академија „Касл Хил“ од Нов Јужен Велс, во финалето ја победи Џоана Гарланд, 117-та тенисерка во светот.

Во натпреварот за трофејот, Гарланд одлучи да сервира, но потоа ја „предаде“ бекхендот, на општо задоволство на „Род Лејвер Арена“.

На патот до финалето, Смит го елиминираше и Јаник Синер, откако Италијанецот направи грешка при сервисот.

За победата на овој турнир, Смит освои точно еден милион австралиски долари.

Инаку, тој почнал да игра тенис кога имал само три години, едно време се натпреварувал против Камерон Нори и Саша Зверев во јуниорската конкуренција, но никогаш не играл во сениорската.

29-годишникот го обезбеди своето место во главната ждрепка преку квалификацискиот турнир. Покрај овој милион долари, тој заработи уште 50.000 благодарение на пласманот во главната ждрепка.

На ждрепката имаше навистина врвни играчи. Покрај Синнер, тука беа и Карлос Алкараз, Саша Зверев, Ник Кирјос, Данил Медведев, Ига Швјонтек, Наоми Осака…

Учествуваа точно 64 натпреварувачи, секој натпревар се играше за еден освоен поен, со оглед на тоа што професионалците имаа еден, а аматерите два обиди на сервисот.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

Јувентус се распрашува за Мазрауи

Објавено пред

Јувентус бара засилувања на бековските позиции и одлучи да се насочи кон фудбалер кој може да игра подеднакво добро како лев и десен бек.

dobivaj vesti na viber

„Газета дело Спорт“ пишува дека главна цел на „старата дама“ е Нусаир Мазрауи (25) од Манчестер Јунајтед.

Станува збор за играч кој се пресели од Баерн во Јунајтед во 2024 година за 15.000.000 евра, а во Италија веќе го привлече вниманието благодарение на својата техника и способност значително да придонесе во напаѓачката фаза.

Останува да се види дали Манчестер Јунајтед ќе биде спремен да го пушти или Јувентус ќе мора да се сврти кон други решенија.

Мазрауи моментално е на Африканскиот куп на нации во неговата земја и вечерва ќе го започне полуфиналниот натпревар на Мароко со Нигерија.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ4 минути

Загина маж во пожар во стан во Тетово: со изгореници се здобило уште едно лице

Вчера во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улицата „180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост...

Македонија2 часа

Oбјавена листата на најмоќните пасоши за 2026 година: Македонија бележи напредок

Азиските земји продолжуваат да доминираат на рангирањето на најмоќните пасоши во светот, според најновиот извештај на „Henley Passport Index“. Сингапур...

Македонија2 часа

(Видео) Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и...

Македонија2 часа

За новогодишно украсување, општините дале 785 илјади евра – најмногу пари потрошила Општина Штип

За новогодишно украсување, општините потрошиле 785 илјади евра, а 78 отсто од вредноста е концентрирана кај една фирма. Ова го...

Македонија5 часа

Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата

За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист...

Свет6 часа

Денешниот состанок во Вашингтон ја одлучува судбината на Гренланд

Денес во Белата куќа се одржува состанок кој би можел да ја одреди иднината на Арктикот, но и на самиот...

Свет7 часа

Трамп: Сакам да победам во Иран, обожавам да победувам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе „преземе многу силни мерки“ ако иранските власти почнат да ги бесат...

Македонија7 часа

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со...

Свет15 часа

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа15 часа

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...

Македонија19 часа

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа19 часа

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет20 часа

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет20 часа

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија20 часа

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...

Македонија22 часа

Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд...

Македонија24 часа

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија1 ден

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија1 ден

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....

Македонија1 ден

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став...