Контакт

Политика

СДСМ: Коцевски ќе го врати приматот на Велес

Објавено пред

Потпретседателот на СДСМ, Гордан Ѓоргиев и кандидатот за градоначалник Аце Коцевски најавија дека приемот на кој наишле кај велешани е потврда дека направиле добар избор кога се одлучиле на локалните избори нивни кандидат да биде човекот кој до само пред три години успешно ја водел општината.

dobivaj vesti na viber

Претставниците на СДСМ коишто втор ден престојуваат Велес како дел од партиската кампања „Работното лето“, соопштија дека се сретнале со граѓаните и разговарале за проблемите кои ги мачат.

„Бевме во триесетина населени места и секаде слушавме дека тешко се живее. Слушнавме многу идеи и предлози што ќе биде основа кога ќе ја изработуваме нашата локална изборна програма“, рече потпретседателот на опозицискиот СДСМ, Ѓоргиев.

Најави дека во текот на денот ќе посетат уште десетина села и ќе имаат средби со стечајци, екологисти, работници, синдикалци итн., во Велес и во неговата околина.

„Она што сакам да го кажам исто така дека ние продолжуваме и нема да запреме. Следната недела одиме во Штип на иста ваква интензивна работа. После таа недела одиме во Куманово, целиот јули ќе биде активен и СДСМ нема да запре со ова темпо се до почетокот на локалните избори“, најави Георгиев.

Аце Коцевски како свој приоритет го истакна зајакнувањето на општинската администрација, за да може да се изработат проекти со кои Општината Велес ќе конкурира пред странски донатори, „исто онака како што конкурираше и во изминатите години кога беше прв човек на Велес“.

„Ќе го реконструирам градскиот пазар, Спортската сала и градскиот стадион, ќе направам надвозник кој ќе го поврзува Младинскиот парк и Спортската сала. Ќе направам се бизнис климата да се подобри и да се намали сиромаштијата и невработеност“, рече Коцевски.

Повеќе детали од својата изборна програма , кандидатот на СДСМ за градоначалник на Велес, Аце Коцевски најави дека ќе обелодени на вечерашниов митинг, кој ќе се случува на плоштадот Саармале со почеток во 20 часот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

Вељаноски, Јанакиески, Ристовски и Атанасовски ослободени од гонење за „Oрганизатори на 27 април“

Трајко Вељановски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски се ослободуваат од кривично гонење во предметот „Организатори на 27 април“....

Топ51 минута

Верижен судир на скопската обиколница кај Смилковското Езеро, се судриле автобус, товарно возило и автомобили

Вчера околу 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот – обиколница на град Скопје, во близина на...

Македонија1 час

„Прашањето е решено, конечно и неповратно“: грчкото МНР ја оценува како провокација изјавата на Мицкоски

Атина излезе со официјален одговор на неодамнешните изјави на премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, кој посочи дека Скопје не...

Македонија2 часа

(Видео) Надлежните си ја префрлаат топката кој е виновен, а пациентите на Онкологија седум дена се без потребната биолошка терапија, велат од СДСМ

„Додека надлежните си ја префрлаат топката кој е виновен, пациентите на Клиниката за онкологија седум дена се без потребната биолошка...

Македонија4 часа

Резил е што СДС е против купување нов државен авион по еден погинат претседател и еден врз кој е извршен атентат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Последиците што ги сносиме како држава со користење на моменталниот авион, кој не ги покрива потребите на државата и е...

Македонија4 часа

Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најстудено било во Берово каде биле измерени -6 степени, -4 било на Попова Шапка, -3 во Битола, Прилеп и...

Македонија5 часа

ДУИ: Невиден и нечовечки говор на пратеникот од „Влен“ во Собранието, кој употреби навредлива и неприфатлива реторика кон лидерот Ахмети

ДУИ ја изразува својата најдлабока огорченост од „невидениот и нечовечки говор на пратеникот од Влен во Собранието, кој употреби навредлива...

Свет6 часа

(Видео) Опасноста од пожар и понатаму е на критично ниво во Калифорнија, наредена е евакуација: „Изгледаше како да возиме во пеколот“

Опасноста од пожар и понатаму е на критично ниво во Јужна Калифорнија, каде што илјадници жители добија наредба да се...

Европа6 часа

Писториус: Русија може да ги нападне членките на НАТО во рок од пет години

Борис Писториус предупреди на теоретска закана од руски напад врз земјите на НАТО во 2029/2030 година. Според него, дотогаш Русија...

Свет6 часа

Јужнокорејските истражители бараат од обвинителите да го обвинат Јун за бунт

Антикорупциската агенција на Јужна Кореја побара од обвинителите во вторникот да го обвинат претседателот Јун Сук-Јол за бунт и злоупотреба...

Свет7 часа

Трагедија во Индија: скокнале од воз поради шпекулации за пожар, а друг воз ги прегазил, 13 мртви

Најмалку 13 лица загинаа од удар на воз во западна Индија кога патниците скокнале од друг на соседната пруга, бидејќи...

Свет7 часа

Америка испраќа дополнителни 1.500 војници на јужната граница

Американската војска се подготвува да испрати приближно 1.500 дополнителни војници на границата со Мексико, изјави американски официјален претставник само два...

Топ17 часа

Пијан маж избол во вратот 22-годишна девојка: Обид за убиство во Крива Паланка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано...

Свет19 часа

Туск повика на вооружување на Европа: „Времето на удобност заврши“

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека „времето на удобност е завршено“ за Европската унија и повика на значително повисоки распределби...

Македонија22 часа

Тошковски: Неоспорно е дека полицаецот не погледнува во мониторот и му дозволува на Груби да излезе, се води постапка дали има други вмешани

Бегалецот Артан Груби, поранешен министер и вицепремиер, сè уште не е достапен за македонската полиција. Министерот за внатрешни работи Панче...

Македонија24 часа

СДСМ: Мицкоски немал ниту официјална покана за инаугурацијата на Трамп, ниту бил дел од неа

Патувањето на премиерот Мицкоски во САД требаше да биде дипломатска мисија од висок ранг, но се претвори во евтина ПР...

Македонија1 ден

„’Влен’ не се залага за внуци“: Дрин Ахмети бил повикан од Обвинителството

„Кога ќе се спомене ДУИ, не можеме да мислиме друго освенна злоупотреби и корупција. Сакаме да ја информираме јавноста за...

Македонија1 ден

Покрај унифицирани регистарски таблички, потребни се и санкции за оние што ги злоупотребуваат службените возила за приватни цели, велат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП), во август минатата година предложи сите службени возила да бидат видливо и јасно обележани со иста боја,...

Македонија1 ден

Кичево загадено два дена по ред: се забранува горење на отворено, порепорака за ослободување од работа на ризичните групи

Воведени се мерки во Кичево поради загадувањето на воздухот, откако во изминатите два дена беше надминат прагот на алармирање на суспендирани...

Македонија1 ден

Финансиската полиција поднесе кривична против бизнисмен, го оштетил буџетот на државата за 11 милиони денари

Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против А.Б.Г во својство на сопственик и управител...