Свет
Русија ќе гради цевковод кон Кина
Рускиот енергетски гигант „Газпром“ можеби ќе гради цевковод од Русија до Кина, пред да почне со имплементација на проектот „Јужен тек“, јавува агенцијата „РИА Новости“.
Рускиот енергетски гигант „Газпром“ можеби ќе гради цевковод од Русија до Кина, пред да почне со имплементација на проектот „Јужен тек“, јавува агенцијата „РИА Новости“.Цевководот „Алтаи“ треба да биде почнат помеѓу 2015 и 2018 година, додека почетокот на „Јужниот тек“ не е планиран се до 2015 – 2024 година. Агенцијата го цитира најновиот предлог план на енергетскиот гигант за периодот до 2030 година. Руското Министерство за енергетика овој предлог ќе го достави до руската влада најдоцна до крајот на овој месец. /крај/риа/сс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Во Лондон по грешка осуденик бил пуштен од затвор – сам се вратил по три дена, снимката стана вирална
Маж кој по грешка бил ослободен од затвор истиот ден кога бил осуден, се вратил зад решетки сам по три дена на слобода, потврди полицијата. Вилијам Смит (35) се предал вчера во затворот ХМП Вандсворт, пишува Би-Би-Си.
Всушност, Смит бил ослободен во понеделникот и покрај тоа што бил осуден на 45 месеци затвор за повеќекратни измами во Крунскиот суд Кројдон истиот ден. Тој е еден од двајцата затвореници погрешно ослободени од Вандсворт во одделни инциденти во изминатата недела.
Би-Би-Си дознава дека ослободувањето на Смит се должи на административна грешка во судот – во компјутерскиот систем е внесена условна казна наместо затворска казна. Иако е направена корекција, наводно е испратена на погрешно лице, што довело до неверојатен пропуст. Откако Смит се предал, полицијата во Сари го повлекла апелот до јавноста за помош во неговото лоцирање. Видеото од неговото пристигнување во затворот стана вирален хит.
🚨NEW: ITV News have filmed wrongly released prisoner William “Billy” Smith handing himself in this morning following a 3 day manhunt.
pic.twitter.com/cOvqXgHfpG— PolitixBrief UK (@PolitixbriefUK) November 6, 2025
Министерот за правда, Дејвид Лами, е критикуван поради новите пропусти, особено откако по случајот на Кебату вети дека ќе воведе построги проверки за да се спречат слични инциденти.
Откако беше потврдено дека Смит е повторно во затвор, Лами напиша на социјалната мрежа X: „Зголемувањето на неправедно ослободувањата е неприфатливо. Ги модернизираме затворските системи – ја заменуваме хартијата со дигитални алатки за да ги намалиме грешките. Соработуваме со полицијата за повторно апсење на Брахим Кадур-Шериф.“
По враќањето на Смит, пратеникот од Либералните демократи Вил Форстер рече дека владата сè уште мора да се соочи со сериозни прашања за тоа како дошло до ослободувањето. „Нашите затвори не треба да се потпираат на систем на чест каде што погрешно ослободените луѓе се враќаат во затвор сами“, рече тој.
Најновите бројки покажуваат дека бројот на погрешно ослободувања се зголемил повеќе од двојно до март 2025 година, достигнувајќи 262 случаи во споредба со 115 претходната година. Марк Ферхерст, претседател на Здружението на затворски службеници, изјави за BBC дека во просек 22 затвореници погрешно се ослободуваат секој месец.
Свет
Чешкиот парламент го симна украинското, но го остави израелското знаме
Новата чешка влада го симна украинското знаме од зградата на парламентот, додека израелското остана поставено.
Наредбата ја издал новоизбраниот претседател на Долниот дом, Томио Окамура, лидер на крајнодесничарската Партија на слободата и директната демократија (СПД), веднаш по преземањето на функцијата.
Украинското знаме, кое се вееше покрај чешкото и знамето на Европската унија од февруари 2022 година, беше поставено како симбол на солидарност со Украина по почетокот на руската инвазија.
Поранешната претседателка на парламентот, Маркета Пекарова Адамова, го нарече потегот „срамен чекор против заедничките вредности“ на Чешка и Украина.
Опозициските партии, исто така, ја осудија одлуката, велејќи дека таа ја ослабува солидарноста на земјата со Украина и нејзината прозападна ориентација.
Во исто време, израелското знаме, поставено во октомври 2023 година, останува на зградата на парламентот заедно со чешкото и европското.
Партијата на Окамура SPD неодамна влезе во коалициска влада со движењето ANO (на Андреј Бабиш, победник на изборите) и со Десничарската партија на мотористите.
Регион
Албанија усвои закон за родова рамноправност по бурна расправа
Албанскиот парламент доцна синоќа го усвои Законот за родова рамноправност, по повеќечасовна и остра дебата. Законот беше изгласан со 77 гласа „за“, 36 „против“ и без воздржани.
Новите измени утврдуваат дека терминот род се однесува на општествено создадени улоги, однесувања и атрибути што се сметаат соодветни за жени и мажи.
Опозициската Демократска партија остро се спротивстави, обвинувајќи дека законот има за цел „уништвање на семејството“. Премиерот Еди Рама го оцени како „благороден и целосно усогласен со принципите на Европската унија за рамноправност и недискриминација“.
Бившиот премиер Сали Бериша побара од амбасадорот на ЕУ во Албанија да објасни која европска директива бара ваков закон.
Властите нагласија дека целта е да се обезбеди еднаков третман и можности за сите граѓани, без оглед на полот, во сите сфери на јавниот и приватниот живот.
Во Тирана беа одржани и протести на граѓански организации кои го нарекоа законот „антинационален и антисемеен“, предупредувајќи дека може да се злоупотреби и дека не е применлив во пракса.
На истата седница, парламентот ја одби иницијативата за формирање комисија за смена на претседателот Бајрам Бегај, поднесена од опозицијата, која го обвинува за сериозни повреди на Уставот.

