Свет
Почина дизејнерот на најславниот модел на борбени авиони „Сухој“

Михаил Симонов, човекот кој го дизајнираше најславниот модел на руски борбени авиони „Сухој“, вклучувајќи го и „Су-27“, почина изутринава на 81- годишна возраст, соопштија производителите на овие авиони.
Михаил Симонов, човекот кој го дизајнираше најславниот модел на руски борбени авиони „Сухој“, вклучувајќи го и „Су-27“, почина изутринава на 81- годишна возраст, соопштија производителите на овие авиони.Во соопштението на компанијата „Сухој“ се наведува дека Симонов починал во Москва.Симонов работниот век го почнал во 1950 година како авиоинженер, а во 1970 година се придружил на дизајнерското биро на „Сухој“, како заменик на главниот дизајнер.Во текот на следните девет години раководел на развојот на борбени модели, „Су-24“, „Су-25“ и „Су-27“. Во периодот од 1979 до 1983 година бил заменик на советскиот министер за авиоиндустрија. Потоа се вратил на претходното работно место и станал главен дизајнер во „Сухој“ и продолжил со работа на моделот „Су-27“, најдобриот борбен авион на Советскиот Сојуз.Кога државните нарачки по колапсот на СССР во 1991 година започнале да пресушуваат, Симонов одиграл клучна улога во склучувањето на профитабилни извозни зделки кои ја зачуваа компанијата „Сухој“./крај/бе/пк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Ќе заработуваме 2 милијарди долари дневно од царини

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера вечер, по потпишувањето на извршната наредба за јаглен, ги коментираше царините што ги воведува на американските трговски партнери.
Претседателот рече дека неговите неодамнешни најави за царини биле „малку експлозивни“, но истакна дека тие се клучни за неговата визија за САД.
Трамп нагласи дека парите „влегуваат“ од царините што тој веќе ги наметнал.
„Царината е тука“, додаде тој.
Трамп истакна дека САД ќе заработуваат 2 милијарди долари дневно од овие мерки. Американскиот претседател го изнесе ова тврдење без дополнителни детали.
Повторувајќи многу од точките што ги кажа во последните денови, како и оние што неговата портпаролка ги спомна претходно вчера, Трамп рече: „Имавме разговори со многу, многу земји“ кои сакаат да преговараат за царини.
„Нашиот проблем е што не можеме да разговараме со толку многу земји одеднаш. Но, не мораме, бидејќи царините се тука и парите доаѓаат на ниво што никогаш не сме го виделе“, додаде тој.
Трамп, исто така, тврди дека извршните директори на индустријата изразиле желба да отворат фабрики и бизниси во САД, каде што нема да подлежат на царини.
Свет
Американскиот секретар за одбрана: Ќе го ослободиме Панамскиот канал од кинеското влијание

САД планираат да го отстранат кинеското влијание врз Панамскиот канал, изјави американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет за време на официјалната посета на Панама.
По состанокот со претставниците на панамската влада, Хегсет најави зајакнување на безбедносната соработка со панамските сили и рече дека Кина нема да може да го „вооружи каналот“ користејќи ги економските врски на кинеските шпионски компании.
„Кина не го изгради овој канал. Кина не управува со овој канал и нема да го милитаризира. Работејќи со Панама, која ја предводи оваа иницијатива, ќе се погрижиме каналот да остане безбеден и достапен за сите народи“, рече Хегсет за време на говорот на пристаништето во Панама Сити што беше обновен со помош на САД.
Повеќе од 40 отсто од контејнерскиот сообраќај во САД минува низ Панамскиот канал годишно, вклучувајќи стоки во вредност од околу 270 милијарди долари.
Хегсет беше пречекан од министерот за јавна безбедност на Панама, Френк Абрего, а потоа одржа состаноци зад затворени врати со претседателот Хозе Раул Мулино и други високи претставници.
Со оглед на острата реторика на Трамп, посетата на Хегсет има значителна политичка тежина.
„Генерално, ова прашање не им помогна на САД во однос на јавната дипломатија во Панама“, рече Рајан Берг, директор на Програмата за Америка во Центарот за стратешки и меѓународни студии.
Хегсет го пофали Мулино, истакнувајќи дека неговата влада ја препознава заканата што ја претставува Кина и коментира дека „Панама е во првите редови на безбедносните напори на каналот“, имајќи ја предвид чувствителноста и сомнежот на Панама.
Свет
Трамп воведува царини од 104 отсто за Кина

Во среда, претседателот на САД Доналд Трамп ќе воведе дополнителен данок од 84 отсто за сите кинески увозни производи, објави портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит. Тоа ќе значи дека сите стоки од Кина подлежат на царина од најмалку 104 проценти, пренесува CNN.
„Царините стапуваат на сила вечерва во 00:01 часот. Значи, всушност утре“, рече Левит, одговарајќи на прашањето дали ќе се изврши заканата на претседателот Доналд Трамп за Кина.
На прашањето за можен договор со кинескиот претседател Шји Џјинпинг, Левит рече:
„Претседателот верува дека Кина сака договор со САД. Кина мора да постигне договор со САД.
„Не беше во ред да возвратат. Кога Америка е погодена, таа посилно го возвраќа ударот“, рече таа.
„Земјите како Кина, кои одлучија да се одмаздат и да се обидат да го удвојат нивното малтретирање на американските работници, прават грешка“, изјави Ливит за новинарите
„Претседателот Трамп има челична кичма и таа нема да се скрши“, рече таа.
Ливит одби да каже под какви услови, доколку ги има, Трамп ќе размисли за намалување на царините за Кина.