Македонија
Јакнење на процесот на помирување на Западен Балкан

Проектот “Јакнење на процесот на помирување на Западниот Балкан“, финансиран од Европската унија (ЕУ), денеска ќе се промовира во Скопје
Проектот “Јакнење на процесот на помирување на Западниот Балкан“, финансиран од Европската унија (ЕУ), денеска ќе се промовира во Скопје.
Целта на проектот е реконсилидација на државите од Западен Балкан, вклучително Македонија, Косово и Босна и Херцеговина (БиХ) со подобрување на интеретничките односи./макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ангела Василевска избрана за нова претседателка на Универзитетското студентско собрание

Вчера во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, се одржа втората седница на Универзитетското студентско собрание (УСС УКИМ), на која беше спроведен изборот за нов претседател на Универзитетското студентско собрание
За претседателка на УСС УКИМ е избрана Ангела Василевска, студентка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), трета година на студискиот смер Примена на информациски технологии.
Мандатот на новоизбраната претседателка, заедно со мандатот на новиот состав на делегати, официјално започнува на 1 ноември 2025 година.
Македонија
Меџити го претстави новото кошаркарско игралиште во Гази Баба: Инвестиција за младите и енергијата на спортот

Кандидатот на коалицијата „Влен“ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, го претстави новоизграденото кошаркарско игралиште во населбата Гази Баба, оценувајќи го овој проект како конкретен чекор за развој на младите и поттикнување на спортските активности во заедницата.
„Новото кошаркарско игралиште што штотуку го изградивме ќе биде место каде што нашите деца ќе растат во духот на натпревар, тимска работа и успех. Секој постигнат кош е чекор кон самодоверба, кон соништата што започнуваат од нашите улички и водат кон големите арени,“ истакна Меџити.
Тој потенцираше дека преку овие инвестиции во спортска инфраструктура се создаваат простории кои им даваат живот на населбите и го зајакнуваат чувството на заедништво.
„Ние веруваме во младите на Гази Баба. Затоа инвестираме во спортска инфраструктура, во простории кои внесуваат живот во нашите маала, во проекти кои ја прават населбата посилна и поубава. Ова е Гази Баба – активна, жива, со позитивна енергија и со визија за иднината. Ова е нашата политика: да градиме, да развиваме и да им овозможиме на сите деца да растат со достоинство и страст. Кошаркарското игралиште е само почеток. Големата победа е онаа на Чаир,“ потенцираше кандидатот на ВЛЕН, Изет Меџити.
Македонија
Костовски: Нов модерен затворен базен во Бутел

Актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски им најави на граѓаните на Општината дека ќе добијат уште еден затворен базен во Бутел 1.
„Покрај затворениот базен кој се гради во дворот на ООУ „Ацо Шопов”, уште еден ќе се изради во дворот на ООУ „Св. Климент Охридски”.
Овој објект ќе биде симбол на она што претставува здрав живот за нашите деца.
Од моментот кога станав градоначалник на општина Бутел ветив дека грижата за нашите деца ќе биде мојот фокус.
На мое задоволство, покажавме дека со ефикасна работа и јасна визија можеме да го забрзаме развојот на спортската инфраструктура во нашата општина.
Пливањето како спорт има огромно значење за здравјето и развојот на младите генерации.
Со ова овозможуваме не само услови за развој на спортски таленти, туку и простор за рекреација и здрав живот за сите жители на општината.
Со силна динамика и посветеност ќе продолжиме да ги создаваме потребните услови за подобар живот и развој на граѓаните на општина Бутел“, вели Костовски.