Европа
Нова руско-чеченска војна?!
Кога ќе се има предвид хронологијата на двојниот бомбашки напад на жените-самоубијци кои ја предизвикаа смртта на најмалку 38 лица во московското метро, ова е еден од најсмртоносните напади изведени во руската престолнина. Нивната синхронизираност е причина за страв од нови напади
Координираниот напад од понеделникот кој следеше нападот од 28-ми ноември мината година врз лускузниот воз на релација Москва–Санкт Перебург „Невски експрес“ во кој загинаа 26 лица, ги зголеми стравувањата дека исламистички милитанти би можеле да извршат серија напади, и тоа директно во поголемите руски урбани средини. Покрај тоа, еден од податоците што треба да ги загрижи руските безбедносни служби е што во експлозијата бил користен моќниот експлозив RDX.Иако се претпоставува дека нападот изведен од ткн. „Црни вдовици’’ (Чеченки на различна возраст, дури и малолетни девојчиња, кои во руско-чеченските војни останале без член од семејството) е реакција на тоа што руските безбедносни сили последните месеци ликвидираа неколку значајни исламистички водачи во регионот на Северен Каваказ, многу аналитичари сега ја превртуваат изјавата на еден од чеченските сепаратистички водачи Доку Умаров. Човекот кој сака целиот регион да го претвори во емират неодамна во интервју за една исламистичка страница на интернет се закани дека „зоната на воените операции ќе се прошири на територијата на Русија. Крвта нема веќе да се лее само во нашите кавкаски градови и места. Војната доаѓа во нивните градови.“ А токму Умаров се споменува како еден од творците на овие „Црните вдовици“.
Тоа е слична тактика што ја применуваат талибаните и исламистичките бунтовници во Пакистан, каде притиснати од офанзивата во Јужен Вазиристан своите удари ги насочија кон милионските центри, како што се Карачи и Лахоре. Но не е тајна соработката на исламистите од Чеченија, Дагестан и Ингушетија со Ал Каеда и другите исламистички екстремни групи.
Ваков расплет на настаните би ја поткопал сигурноста на власта во Кремљ, кој, за чудо, реагираше релативно мирно. Тоа, најверојатно, ќе ја поткопа вербата на руските граѓани дека Владимир Путин може да се справи со бунтовниците. Тој во втората Чеченска војна не ги повтори грешките на неговиот претходник Борис Елцин и наместо тешко подвижните единици и корумпираните офицери, испрати специјалци чија тактика беше иста како и на бунтовниците – удри, уништи и бегај.
Освен што големо прашање е дали навистина бунтовниците имаат сила и моќ да продолжат со серија слични напад која ќе ја безбедносно ќе ја дестабилизира Русија и моќта на Путин, треба да се смета и на ефектот тие да предизвикаат изливи на руски национализам. Во тој случај, дури и економскиот негативен ефект по руското стопанство кој би се почувствувал дури и да уследат други напади, на премиерот и на претседателот би им дале одврзани раце за жестоки акции и пресметки. Секако, и во економска смисла, тоа би било повторно исцрпувачка војна. Но, и секоја друга руска власт ќе даде ваков одговор, особено ако бидат загрозени нејзините енергетски текови, коишто ја даваат главната моќ на големата држава.
Бунтовниците се заканија дека ќе ги напаѓаат нафтоводи и гасоводи низ гоеламта територија на Русија. Тие најавија дека Кремљ преку економијата скапо ќе ги плати акциите против нивните борци. Оттаму, повеќето западни аналитичари сметаат дека чеченските бунтовници, може да преземат и напади врз економските цели, што е и потајно посакувана варијанта за западот, особено за САД за кој дестабилизирана Русија би претставувала партнер без адути при остварувањето на неговите стратешки интереси на далечниот исток, особено по прашањата за Иран и северна Кореја.
Покрај притисок врз, во моментов, неприкосновениот руски водач, Путин, притисок ќе почувстува и претседателот Дмитриј Медведев, кому доколку сака навистина да го изрази својот авторитет надвор од сенката на премиерот, му е потребна одлучна реакција на овој терористички акт. Таа може да биде отстапување од досегашната негова стратегија за фокусирање врз најголемите проблеми на населението од Северен Кавказ, сиромаштијата и корупцијата, и да ги максимализира воените и полициски операции насочени бунтовници.и да предизвика помасовен отпор кон централната власт во Москва.
Листа на бомбашки напади во МоскваДенешниот напад следува по десетината смртоносни напади што во Москва се случија во последните 15 години.11-ти јули 1996 – Бомба експлодира во московското метро, при што загинаа четири лица, а 12 беа повредени. 11/12-ти јули 1996 – Бомба експлодира пред тролејбус во центарот на Москва, при што беа повредени пет лица. Следниот ден во сличен напад беа повредени околу 30 лица. Нападите беа поврзани со чеченските бунтовници. Неколку дена подоцна тоа беше негирано од чеченска страна. 31-ви август 1999 – Бомба експлодира во три-катниот трговски центар Манеж, во близина на Кремљ. Околу 29 лица беа повредени.. Властите го нарекоа терористички акт, но не го поврзаа со активностите на чеченските сепаратисти. 9-ти септември 1999 – Силна експлозија уништи станбен блок во југоисточна Москва, при што загинаа 94, и беа повредени околу 200 лица. 13-ти септември 1999 – Осум-катна зграда е уништена во експлозија на бомба во Москва, при што загинаа 118 лица. Властите го карактеризираа како терористички напад и ја зајакнаа безбедноста во градот. Чеченските бунтовници беа обвинети за нападот, иако тамошните лидери не ја презедоа одговорноста за нападот. 8-ми август 2000 – Вкупно 13 лица загинаа, а десетина беа повредени во експлозија во подземен премин во Москва.5-ти февруари 2001 – Мала бомба експлодира во една од најфрекфентните станици на подземната железница во Москва, при што беа повредени девет лица и беше предизвикана помала материјална штета.19-ти октомври 2002 – Бомба експлодира во една фреквентна населба во југо-западна Москва, при што загина едно лице, а беа повредени седум лица. 5-ти јули 2003 – Две жени бомбаши-самоубијци се разнесоа себе си за време на рок фестивал во Тушино, Москва, при што загинаа 15 лица. 9-ти декември 2003 – Шест лица загинаа во експлозија во центарот на Москва. Властите обвинија дека нападот е дело на жени бомбаши-самоубијци од Чеченија. 6-ти февруари 2004 – Силна експлозија, најверојатно активирана од бомбаш самоубиец, уби 39, а повреди 100 лица во подземната железница во Москва.31-ви август 2004 – Десет лица загинаа, а 51 се повредени во самоубиствен бомбашки напад во центарот на Москва.21-ви август 2006 – Во експлозија на бомба во маркет во предградие на Москва загинаа 10 лица.29-ти март 2010 – Во две одделни експлозии во Москва загинаа најмалку 40 лица, а најмалку 38 се повредени
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Русите уништија четири украински поморски дронови во Црното Море
Руските сили денес уништија четири украински поморски дронови, беспилотни површински пловила (УСВ), во близина на пристаништето Туапсе на Црното Море, едно од клучните пристаништа за извоз на нафта.
Детонацијата на еден од дроновите се случила во близина на брегот на Туапсе, во регионот Краснодар, оштетувајќи ги крајбрежните објекти, објави „Интерфакс“ повикувајќи се на регионалниот центар за вонредни ситуации. Нема извештаи за жртви.
Krasnodar Krai, Russia ❗
💥Tuapse is being attacked by sea drones, a probable hit near pier 167 has been recorded. – OSINT DniproOfficialpov: 44.10040125871804, 39.05830293365155https://t.co/K3TrwvhOz2 pic.twitter.com/NjVczfmjME
— LX (@LXSummer1) November 9, 2025
Според извори од индустријата и податоците за следење бродови, пристаништето го прекина извозот на гориво, а локалната рафинерија за нафта престана со преработка на сурова нафта откога украинските дронови ја нападнаа нејзината инфраструктура на 2 ноември.
Руските железници соопштија дека ги продолжиле ограничувањата за испорака на товар до Туапсе до 13 ноември.
фото: принтскрин
Европа
Истакната докторка исчезна во Унгарија пред една недела: пронајдено нејзиното тело
Телото на докторката што исчезна од болница во Унгарија пред една недела беше пронајдено утрово. Д-р Антонија Кет, истакнат оториноларинголог, исчезна неколку часа по операцијата на ‘рбетот, а болницата почна внатрешна истрага за да утврди како пациентот можел да го напушти одделението незабележано.
Смртта на докторката ја шокира јавноста и иницира многубројни прашања за човековата одговорност, за системот и за неуспесите што можеа да доведат до трагедијата, пишува унгарскиот портал szeretlekmagyarorszag.hu.
Клиничкиот центар Szent-Györgyi Albert во Сегед почна внатрешна истрага за да утврди како пациентка, која штотуку била оперирана, можела да го напушти објектот незабележано. Д-р Антонија Кет, истакнат раководител на одделот за оториноларингологија, била оперирана на 3 ноември поради проблем со ‘рбетот, но исчезнала од болницата само неколку часа по процедурата. Нејзиното тело било пронајдено една недела подоцна во блиска запуштена грмушка.
Снимките од безбедносните камери ја покажале д-р Кет, веројатно збунета од болката, како облекува тренирка преку болничката мантија и го напушта одделот за неврохирургија во влечки. Кога персоналот го забележал нејзиното исчезнување, почнала масовна потрага, во која учествувале полиција, кучиња трагачи и волонтерски спасувачки единици.
Нејзиното безживотно тело било пронајдено утрово, едвај 500 метри воздушна линија од клиниката. Полицијата ја исклучила можноста за насилна смрт, а точната причина ќе се утврди во административна постапка.
фото: принтскрин
Европа
Дронови забележани над нуклеарната централа „Доел“ во Белгија
По серија инциденти на белгиските аеродроми, синоќа беа забележани и дронови над нуклеарната централа Доел. Компанијата „Енџи“ потврди кратко пред 22 часот дека три дрона биле забележани над централата, пишува белгискиот РТЛ.
Портпаролката на „Енџи“, Хелен Смитс, изјави дека инцидентот немал никакво влијание врз работењето на електраната.
„Надлежните служби продолжуваат да ја следат ситуацијата“, додаде таа. Локалната полициска зона Шелдевас засега не сакаше да коментира.
Инцидентот се случил истата вечер кога воздушниот сообраќај на аеродромот во Лиеж беше привремено прекинат поради пријави за дронови. Летовите беа прекинати таму околу 19:30 часот и се нормализираа еден час подоцна, околу 20:25 часот.
Пријавите за дронови над аеродромот во Лиеж беа речиси секојдневна појава во текот на изминатата недела, а слични прекини беа пријавени и на аеродромот во Брисел минатиот вторник и четврток. Во последните денови и недели, редовно се пријавуваа и дронови над разни воени бази во земјата.
фото: принтскрин

