Спорт
Кристоф Леметр најбрз Европеец

Од 1971 година Франција нема спринтер кој победил на ЕП на 100 метри. Сега по речиси 40 години Кристоф Леметр се погрижи да ја сруши лошата традиција.
Од 1971 година Франција нема спринтер кој победил на ЕП на 100 метри. Сега по речиси 40 години Кристоф Леметр се погрижи да ја сруши лошата традиција. Со време од 10,11 секунди тој победи на најкусата патека, а седум стотинки зад него во целта влегоа четири атлетичари, а фото финишот беше пресуден за поделбата на останатите медали. Сребрениот му припадна на Марк Луис Френсис од Британија, а бронзениот на Мартиал Мбанџок (Франција). Четврти со исто време како второ и трето пласираниот е Френсис Обиквелу, а петти главниот фаворит за златото Двејн Чемберс (Британија). На трката на 10.000 метри во женска конкуренција златото со 31 мин, 10,23 секунди го освои Турчинката Елван Абејгелесе. Втора е Русинката Инга Абитова, а трета Џесика Аугусто од Португалија. Во фрлање кладиво победи Либор Чафрејтаг од Словачка со далечина 80,02 метри, пред Никола Визони од Италија (79,12) и Кристијан Парс од Унгарија (79,06) Инета Радевича од Летонија победи во скок во далечина со должина од 6,92, пред Надја Гомеш од Португалија со иста далечина но со послаб втор скок. Бронзата и припадна на Олга Кичеренко од Русија (6,84). Конечно Хрватката Сандра Перковиќ со последното фрлање на дискот постигна должина од 64,67 и го освои златото, пред Николета Грасу од Романија (63,48) и Јоана Вишниевска од Полска (62,37). Нашата Марина Розман се натпреваруваше во квалификациите на 100 метри и го зазеде претпоследното 31 место со време од 12,64 секунди, што е најслаб резултат, бидејки последната атлетичарка беше дисквалификувана. Со тоа натпреварите за нашите атлетичари завршија уште со првото појавување на сцената .крај/ап/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Билд: Менаџерот Мендеш не дозволил трансфер на Јамал во Баерн

Ламин Јамал е еден од најдобрите фудбалери на денешницата со само 18 години, а германскиот весник „Билд“ открива дека Шпанецот можел да заврши во редовите на Баерн.
Не во овој, па дури ни во претходниот преоден рок.
Германскиот весник „Блид“, открива дека Баерн ѝ испратил на Барселона понуда од пет милиони евра за тогаш 14-годишен Јамал. Сè било блиску до договор, но сепак, интервенирала трета страна. Таа година, Јамал добил нов агент во лицето на Жорж Мендеш, еден од највлијателните менаџери во светот на фудбалот.
Во тој момент, Мендеш го убедил да остане во Барселона и договорот пропаднал.
За потсетување во тоа време, Барселона се наоѓаше во тешка финансиска ситуација и трансферот сигурно ќе се случел доколку не се вклучил менаџерот Мендеш.
Спорт
(Видео) Роналдо официјално прогласен за најдобар фудбалер на сите времиња во Португалија

Кристијано Роналдо е икона на светскиот фудбал, има соборено бројни рекорди во клупскиот и репрезентативниот фудбал, но вчера доби награда која особено ќе му биде драга, бидејќи доаѓа од неговата родна Португалија. Португалската лига го прогласи Кристијано Роналдо за „најдобар играч на сите времиња“ на гала вечерата.
Во објаснувањето накратко се наведува дека „тој е неопходна фигура во спортот и идол на милиони“ (ако не и милијарди луѓе), како и „дека тој одбележа ера што остава неизбришлив белег во светскиот фудбал“.
„Познат по својата работна етика, натпреварувачки дух и решителност во клучните моменти, влијанието на Кристијано Роналдо оди многу подалеку од неговата статистика. Помеѓу индивидуалните рекорди, тимските трофеи и медиумското влијание, тој изгради наследство кое го става на пиедестал – најдобриот на сите времиња“, се додава во објаснувањето на наградата.
Поради обврските во својот клуб, капитенот на Ал Наср не можеше да биде присутен на церемонијата, на присутните им се обрати преку видео порака:
„Благодарен сум на сите мои соиграчи кои во текот на мојата кариера ми помогнаа да го освојам, за мене, овој важен трофеј. Исто така, сакам да им се заблагодарам на сите тренери и други кои ми помогнаа на ова патување да станувам сè подобар и подобар.“
Se o 𝐆𝐎𝐀𝐓 fala, nós escutamos 🐐
A mensagem 💬 de Cristiano Ronaldo após ser premiado no 𝐋𝐢𝐠𝐚 𝐏𝐨𝐫𝐭𝐮𝐠𝐚𝐥 𝐀𝐰𝐚𝐫𝐝𝐬 🏆 pic.twitter.com/gdwEQEObYD
— Liga Portugal (@ligaportugal) September 10, 2025
Роналдо е светски рекордер по број на настапи и голови за Португалија. Во Унгарија го одигра својот 223-ти натпревар и го постигна својот 141-ви гол. Од Андориња, преку Насионал, Спортинг Лисабон, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус до Ал Наср, одигра 1065 натпревари со 802 гола во клубот, освои 31 трофеј, вклучувајќи три за Португалија и над 60 индивидуални награди.
Единствено што недостасува е титулата светски шампион, а последниот обид на 40-годишниот ас ќе биде на Светското првенство во 2026 година.
Foto/ EPA
Спорт
CIES: Кои тимови ќе бидат шампиони во Англија, Италија, Шпанија…?

Ако треба да се верува на статистиката, Ливерпул ќе ја брани титулата во Премиер лигата, Баерн повторно нема да има конкуренција во Бундеслигата, додека Серија А и Ла Лига ќе добијат нови шампиони.
Ова се проценки на фудбалски експерти од Меѓународниот центар за спортски студии (CIES). Истражувачка група од швајцарскиот град Нојшател ги објави резултатите од статистички модел кој ја предвидува веројатноста за освојување на шампионската титула за клубовите во 29 различни лиги низ целиот свет.
Интересно е што вечи статистиката за петте најсилни национални првенства во Европа.
Ливерпул ќе ја одбрани титулата во Премиер лигата, Баерн Минхен повторно нема да има конкуренција во Бундеслигата, исто како Пари Сен Жермен во Франција, додека Серија А и Ла Лига ќе добијат нови шампиони – Интер и Реал Мадрид.
Погледнете ги комплетните листи и коефициенти на сите тимови во најсилните пет национални шампионати во Европа: