Спорт
По втор пат на Тери му е одземена капитенската лента

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), реши на Џон Тери да му ја одземе капитенската лента која тој ја носи во репрезентацијата на Англија.
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), реши на Џон Тери да му ја одземе капитенската лента која тој ја носи во репрезентацијата на Англија. Одлуката на фудбалерот на Челзи му ја соопштил претседателот на ФА, Дејвид Бернштајн. Англискиот селектор Фабио Капело не ја поддржа одлуката, на која од ФА се решија поради големиот притисок на јавноста и медиумите, кои се огорчени од расистичките навреди кои Тери ги упати кон фудбалерот на КПР, Антон Фердинанд. Поради ова Тери заврши и на суд, на првото рочиште, кое се одржа во вторникот, а на кое Тери не беше присутен, преку адвокатот тој се изјасни дека не е виновен. Процесот против Тери ќе продолжи по завршувањето на Европското првенство, а доколку тој би де прогласен за виновен се соочува со максимална парична казна во износ од 2.500 фунти. Инаку, ова е втор пат на Тери да му биде одземена капитенската лента во репрезентацијата, прв пат тоа се случи во 2010 година, кога на виделина излезе љубовната афера на Тери со девојката на неговиот тогашен соиграч Вејн Бриџ. Тери со Челзи, во недела ќе го одигра дербито со Манчестер Јунајтед, чиј дрес го носи постариот од браќата Фердинад, Рио. Постариот Фердинанд поради повреда на коленото е неизвесен за неделниот натпревар, а оваа тема се огласи менаџерот на Јунајтед Алекс Фергусон, кој на својот фудбалер му наложил да се ракува со Тери доколку биде во стартниот состав. „Рио долги години се бори против расизмот и сега мора да се издигне над тоа. Тој не сторил ништо од што треба да се срами“, рече Фергусон. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Чебет златна на 10.000 метри, Краузер неприкосновен во фрлање ѓуле

Неверојатната трка и победа на Беатрис Чебет на 10.000 метри и демонстрацијата на моќ на Рајан Краузер во фрлање ѓуле го одбележаа првиот ден од Светското првенство во Токио.
Повеќе од 65.000 луѓе ја гледаа трката на 10.000 метри за жени на Олимпискиот стадион. Кенијките Чебет и Нгетич, Етиопјанките Цегај и Таџе и Италијанката Надја Батоклети се одвоија во раната фаза на трката.
Расплетот се случи во последниот круг. Чебет, актуелната светска рекордерка и олимписка шампионка, го забрза темпото, но на општо изненадување само Батоклети ја следеше. Кенијката, сепак, имаше поголема сила и го освои светскиот трон со време од 30:37.61.
Пресреќната Батоклети беше втора, 62 стотинки зад победничката, додека Чегај, која ја бранеше круната од Будимпешта, заврши на третото место.
Рајан Краузер, светскиа и олимписки шампион и светски рекордер не фрлаше никаде цела година. Тој дојде на Светското првенство во Токио и речиси рутински победи со 22,34 метри. Дури и неговиот втор најдобра резултат 21,99 ќе му донесеше уште едно светско злато. Ова е негов трет последователен триумф на светските првенства.
Сензација на денот е Мексиканецот Узиел Муњоз, кој го освои среброто. Во последната серија го фрли ѓулето на далечина од 21,97. Италијанецот Фабри стигна до бронзата со три сантиметри полошо резултат од Мексиканецот.
Новозеланѓанецот Волш исто така имаше 21,94, но поради полоша серија, остана без медал.
Денот заврши со победа на мешаната штафетна екипа на Соединетите Американски Држави на 4 x 400 метри. Дидмонд, Ирби-Џексон, Мекивер и Холмс се искачија на највисокото скалило на подиумот со време од 3:08,80.
Во финалето, среброто и го донесе на Холандија големата Фемке Бол, додека Белгија ја освои бронзата благодарение на одличниот финиш на Елен Понет, која ја престигна Понет од Полска во фото-финишот.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Волејот на Зубименди му го трасираше патот до победата на Арсенал

Фудбалерите на Арсенал рутински го победија Нотингем Форест со 3:0, во четвртото коло од Премиер лигата.
Тимот од Лондон поведе во првото полувреме, а потоа рутински ја потврди победата во второто. На клупата на Форест, неуспешно дебитираше, Ангелос Постекоглу.
Се играше 32-та минута кога Мартин Зубименди постигна еден од најубавите голови оваа сезона во Премиер лигата.
По корнерот на Мадуеке, реагираше одбраната на „шумарите“, поточно Крис Вуд, кој ја испрати топката со глава надвор од шеснаесетникот и право на ногата на Мартин Зубименти кој со волеј ја испрати зад грбот на Селс. .
Со гол предност, Арсенал отиде на пауза, а веднаш по враќањето во 46-та минута, Виктор Ѓекерес постигна гол по додавање од Ебречи Езе за 2:0.
Стрелецот на првиот гол, Зубименди, стави точка на натпреварот со асистенцијата за Ландро Тросар во 79-та минута од натпреварот.
Сенка на победата фрли повредата на Мартин Одегард кој се поврди во раната фаза на првото полувреме и мораше да го напушти теренот.
Арсенал е на првото место со девет бода, но и натпревар повеќе од другите тимови. Додека Нотингем Форест е на 11-та позиција со четири бода.
Во следната рунда Арсенал во дербито ќе го пречека Манчестер Сити, а Нотингем гостува кај Барнли.
Foto/ EPA
Спорт
Бецеки победи во спринт трката во Мизано

Марко Бецеки возачот на Априлија го освои спринтот во Сан Марино. На патакета во Мизано, Бецеки победи пред Алекс Маркез (Гресини Дукати) и Фабио Диџанантонио (ВР46). Лидерот во генералниот пласман, Марк Маркез со својот Дукати не ја заврши трката.
Бецеки трката во Мизано ја стартуваше од пол-позицијата, успеа да ја задржи на стартот, пред Марк Маркез кој се проби од четвртата на втората позиција. Зад нив беа Диџанантонио и Фабио Квартараро.
Квартараро со својата Јамаха излета од патеката во петтиот круг, позицијата му ја препушти на Франко Морбидели (В46).
Шестиот круг беше клучен за трката. Најпрвин Маркез го мина Бецеки, а во истиот круг лидерот во вкупниот пласман, излета од патеката.