Македонија
Грчкото вето – најбесмислен пример

Членството на Македонија во НАТО е многу важно, а грчкото вето што го спречи тоа, е најбесмислен пример каков што нема до сега во историјата на Алија
Членството на Македонија во НАТО е многу важно, а грчкото вето што го спречи тоа, е најбесмислен пример каков што нема до сега во историјата на Алијансата.
Ова го изјави американската конгресменка Кендис Милер, во интервју за радиото „Глас на Америка“, програма на македонски јази.
Таа, како што пренесува Макфакс, укажа дека Македонија ги има исполнето сите услови за влез во НАТО и оцени дека „што поскоро стане членка на НАТО- тоа подобро“.
„Кога станува збор за НАТО, мошне е важно Македонија да стане полноправна членка, Ги исполнува сите критериуми и да биде отфрлена само врз основа за прашањето за името, тоа, искрено кажано е најбесмисленото нешто. Не знам за некој друг таков пример во историјата, особено не во историјата за НАТО. Треба да го надминеме тоа“, кажа конресменката.
Милер е меѓу потписниците на писмото во која конгресмени бараат од американската државна секретарка Хилари Клинтон, да ги приближи Македонија и Грција да ги приближи во разликите за изнаоѓање на решение за името. /крај/воа/ег
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски во Анталија: подвлечен придонесот на државата како стабилен и конструктивен сојузник на НАТО

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес во Анталија, Турција, учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО.
Состанокот се одржа во пресрет на Самитот на НАТО во Хаг и претставуваше значаен аспект од консултативниот процес меѓу сојузниците за дефинирање на клучните елементи и приоритети во врска со прашањата што ќе бидат на дневен ред на самитот во јуни оваа година.
Во рамки на дискусијата, министрите ги истакнаа своите ставови за приоритетите по кои земјите членки на НАТО треба да изградат заеднички позиции: јакнење на капацитетите за одвраќање и одбрана, зголемување на одбранбените инвестиции, продолжување на поддршката за Украина и зацврстување на соработката со стратешките партнери и организации на Алијансата.
Муцунски ги пренесе приоритетните ставови на нашата земја, нагласувајќи ја важноста од зајакнување на солидарноста, единството и координираното дејствување во справување со заедничките закани и предизвици. Тој го подвлече придонесот на државата како стабилен и конструктивен сојузник, кој вложува континуирани напори за модернизација на сопствените капацитети и придонесува кон регионалната и колективната безбедност.
Во оваа насока, министерот го посочи интересот за адресирање на важноста на Западниот Балкан на Самитот во Хаг, како регион од стратешко значење за НАТО и ЕУ, потенцирајќи дека регионот мора да остане високо на агендата на двете организации, со цел зачувување на стабилноста и обезбедување натамошен просперитет како дел од европските и евроатлантските структури.
Неформалниот состанок е дел од подготовките за самитот на лидерите на Алијансата, каде што ќе се дефинираат следните клучни чекори за јакнење на НАТО како одговор на заедничките безбедносни предизвици.
Македонија
Општина Ѓорче Петров со јавен оглас за финансиска поддршка на спортски клубови, здруженија и спортисти за 2025 година

Општина Ѓорче Петров објави јавен оглас за распределба на финансиски средства за поддршка на спортски клубови, здруженија, спортисти и спортски манифестации за 2025 година.
Право на учество имаат сите спортски субјекти и организатори на спортски настани со седиште или активност на територија на Општина Ѓорче Петров, како и оние чии проекти ќе се реализираат на нејзиното подрачје.
Краен рок за аплицирање е 29 мај 2025 година, а пријавите се доставуваат по пошта или лично во архивата на oпштина, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот. Пликот треба да биде без идентификациски ознаки и со назнака „не отворај – за Комисијата за распределба на буџетски средства за спорт“.
Кандидатите треба да достават комплетна документација, вклучувајќи пријава, програма за работа, потврди, финансиски извештај и докази за регистрирана дејност, согласно со типот на апликантот (клуб, спортист, манифестација).
Одлуката за избор ќе биде објавена на веб-страницата на Општина Ѓорче Петров (www.opstinagpetrov.gov.mk) најдоцна 15 дена по истекот на рокот за пријавување.
Избраните корисници, според соопштението, потпишуваат договор со општината, по што следи исплата на 50% од средствата. Останатите средства се исплаќаат по доставување на финансиски извештај.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Дали Филипче моментно е во Дубаи влезен со златната виза заедно со Заев за приватен бизнис

Откако неколку денови го прашуваме директно на прес-конференции Филипче, за потеклото на неговата виза, тој сиве овие денови не бил тука, туку во Дубаи? Венко Филипче вчера далеку од тука, најверојатно уживајќи на грчките плажи или пак на увид на градежни активности на 50катница во Дубаи, заедно со својот партнер и ментор Заев пишуваше фејсбук статуси за памфлетот од Закон за настраданите од Кочани, за кои што морам да потенцирам дека Владата презема дури двојно од мерките кои СДС ги нуди со законот, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Имено, Венко Филипче по информација добиена од свиркачи, на 10.05.2025 е излезен од Македонија на граничниот премин Богородица, одејќи во Грција. Оттука, го прашуваме Филипче, дали е точна информацијата дека од Солунскиот аеродром се упатува кон Дубаи со златната виза? Дали Филипче е во Дубаи на увид со Заев на изградба на 50катница или можеби некој друг бизнис?
Македонската јавност заслужува одговор, за тоа каде е Венко Филипче? Затоа ли имавме молк од 5 дена?
Додека тој ужива во украдените пари, лицемерно поднесува Закон за настраданите од Кочани, на којшто не ни присуствува“, вели Манасиевски.
Филипче, како што додава, е само обичен лицемер, лажго и манипулатор.
Според него, Филипче и СДС се синоним за криминал, корупција и предавства.