Спорт
Успешен настап на македонските каратисти на Медитеранските игри
Од 3 до 5 септември 2010 г. во Кусадаси, Турција се одржа Медитеранско првенство на кое првпат учество зема и сениорската репрезентација на Македонија, закитувајќи се со едно злато
На првенството учествуваа каратисти од седум, со нивните национални селекции: Македонија, Црна Гора, Турција, Алжир, Египет, Италија и Босна, со околу стотина натпреварувачи. Македонските репрезентативци освоија еден златен медал , Зарко Арсовски и два бронзени медала во поединечна категорија, Дренуше Мерко и Наташа Илиевска., а во саботата беа освоени еден сребрен медал и два бронзени медала.:Во кати денеска Марко Секуловски во првото коло беше слободен, а во второто беше поразен од натпреварувач од Италија со резултат 5:0. Во репасажот беше поразен од натпреварувач од Турција со 5:0. Марија Гудеска во второто коло беше поразена од натпреварувачка од Италија со 5:0 а во репасажот и од натпреварувачка од Црна Гора 1:4.Во кумите категоријата, до 60 кг. Емил Павлов е пораз од натпреварувач од Италија, ди 68 кг. Дејан Ристевски, прво коло пораз од натпреварувач од Турција со резултат 1:3, до 75 кг. Сашко Патраклиев во второ коло пораз од натпреварувач од Турција со резултат 1:3 и пораз и во репасаж од натпреварувач од Египет со резултат 0:3, до 84 кг. Огнен Груевски, во второто коло е поразен од италијански каратист и повторно од Италијанец во репасажот.Во категоријата над 84 кг. Зарко Арсовски, во второто коло победа над Алижирец со 2:0 а во финалната борба победа над Египјанец со резултат 2:1.Во мечот во категоријата под 50 кг. А жени, Мери Ефремова, беше двапати совладана од натпреварувачка од Италија со 1:2 и во репасажот пораз од натпреварувачка од Египет со 4:2., до 55 кг. Наташа Илиевска, пораз во второто коло од натеварувачка од Турција со 0:2 но во репасажот победи над натпреварувачка од Босна со 8:1 со што дојде до третото место.До 61 кг. Наташа Стефановска, прво коло пораз од натпреварувачка од Турција и во репасаж пораз од натпреварувачка од Босна, до 68 кг. Моника Стефановска, во прво коло доживеа пораз од натпреварувачка од Египет со 3:0 а во репасажот од натпреварувачка од Босна со 0:1. Во категоријата над 68 кг. Дренуше Мерко, прво коло доживеа пораз од натпреварувачка од Турција. со 1:2. и го освои трето место.Бронзен медал беше освоен во саботата со настапот на ката тимот во машка конкуренција, во состав Марко Секловски, Дино Скоф и Дејан Милошевски.Во кумите тимот во машка конкуренција, кој исто така освои бронзена медал, беа Жарко Арсовски, Огнен Груевски, Мартин Несторовски, Сашко Патраклиев, Амир Беговиќ, Дејан Ристевски и Богдан Мицов.Сребрениот медал го донесоа кумите тимот во женска конкуренција, кој го сочинуваа Мери Ефремова, Наташа Стефановска, Моника Илиевска и Моника Стефановска, кои во прво коло го победија Египет со 2:1, во второ коло Италија, а во финалето беа поразени од Турција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Флег игра чудесна руки сезона во НБА лигата
Купер Флег, 19-годишниот дебитант на Далас Маверикс и првиот избор на овогодинешниот НБА драфт, продолжи со одлични игри во својата прва сезона.
Флег, во поразот 100:110 против Бостон Селтикс, стана најмладиот играч во историјата на НБА кој постигнал најмалку 30 поени во три последователни натпревари.
Неговиот настап, како што објавија американските медиуми, во моментов малку им значи на Мавс, кои беа поразени во сите тие натпревари, но јасно укажува дека Флег е сегашноста и светлата иднина на клубот.
Последните три натпревари на Флег:
49 поени, 10 скока, 3 асистенции (пораз од Шарлот Хорнетс 121:123)
34 поени, 12 скока, 5 асистенции (пораз од Хјустон Рокетс 107:111)
36 поени, 9 скока, 6 асистенции (пораз од Бостон Селтикс 100:110)
Заедно со оваа статистика, НБА наведува дека Флег, роден на 21 декември 2006 година, стана најмладиот кошаркар во историјата на НБА кој одиграл три последовни натпревари со 30+ поени.
Исто така, само четворица тинејџери во НБА имале повеќе од еден одигран натпревар со 30+ поени, 5+ скока и 5+ асистенции. Тоа се Леброн Џејмс (4 такви натпревари), Кевин Дурант (2) и Лука Дончиќ (2).
Со своите неодамнешни 49 поени, тој го постави рекордот во НБА за бројот на постигнати поени од тинејџер во еден натпревар.
Foto/ EPA
Спорт
Јилдиз ќе потпише нов договор со Јувентус
Според извештаите од Италија, ѕвездата на Јувентус, Кенан Јилдиз (20), е подготвен да потпише нов, подобрен долгорочен договор со клубот, до летото 2030 година. Со новиот договор, турскиот напаѓач би добил значително зголемување на платата.
Тековниот договор на Јилдиз е до летото 2029 година, но „бјанконерите“ сакаат да го наградат за неговите одлични настапи и да го обезбедат неговиот престој.
Откако се појави на сцената во 2023 година, турскиот интернационалец го привлече интересот на бројни клубови. Затоа, Јувентус сака да му понуди подобрени услови за да го задржи на стадионот „Алијанц“ во годините што доаѓаат.
Неговата моментална плата наводно е 1,7 милиони евра по сезона, што значи дека тој не е ниту меѓу 15-те најплатени играчи во тимот.
Новиот договор би му донел годишна плата од околу шест милиони евра. Исто така, се шпекулираше дека Јилдиз би можел да стане еден од најплатените, ако не и најплатениот играч во тимот.
Според новинарот Ромео Агрести и порталот „Ilbianconero.com“, двете страни ги договараат последните детали, а потпишувањето на новиот договор сќе се случи наскоро. Во извештај објавен во вторникот се вели дека договорот би можел да биде склучен до крајот на оваа недела.
Foto/ depositphotos
Спорт
ФИФА даде зелено светло: Канте во Фенербахче, Ен Несири во Ал Итихад
Административниот проблем, кој се испречи пред Нголо Канте, го реши ФИФА. Светската фудбалска федерација даде зелено светло и му овозможи на фудбалерот да се пресели во Фенербахче.
Според договорот меѓу клубовите, Канте го напушти Ал Итихад и стана нов играч на Фенербахче, додека Јусеф Ен Несири замина во спротивна насока.
Договорот, кој за малку немаше да биде реализиран, поради грешката на Судијците, беше завршен со директна интервенција на ФИФА, надвор од вообичаените процедури и временски ограничувања.
Условите на размената останаа непроменети. Фенербахче доби искусен играч од средниот ред, но и 10 милиони евра, како компензација за заминувањето на многу помладиот Ен Несири.
Ал Итихад, од друга страна, го реши проблемот во нападот и донесе играч кој треба да ја преземе улогата на прв напаѓач во тимот.
На крајот, сите страни излегоа како победници од овој необичен трансфер.

