Спорт
Гвардиола не се допингувал

Италијанскиот Олимписки комитет соопшти дека поранешниот фудбалер и актуелен тренер на Барселона Пепе Гвардиола не се допингувал во 2001 година
Италијанскиот Олимписки комитет соопшти дека поранешниот фудбалер и актуелен тренер на Барселона Пепе Гвардиола не се допингувал во 2001 година додека настапуваше за екипата на Бреша.Гвардиола таа година беше позитивен на стероидот нандролон, а италијанската фудбалска федерација го суспендираше на четири месеци.Во мај 2002, Гвардиола беше ослободен од обвинението, но италијанската анти допинг агенција поднесе жалба на таа одлука.Италијанскиот Олимписки комитет со отфрлањето на оваа жалба стави точка на процесот и дефинитивно го ослободи сегашниот тренер на шпанскиот и европскиот првак .Гвардиола неколку пати во изминатите осум години демантираше дека користел недозволени средства./крај/б/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Еспањол со контроверзен пенал избори опстанок

Фудбалерите на Еспањол изборија опстанок во Ла Лига со победата во последното коло над Леганес. Спасот за Еспањол дојде од контроверзен пенал.
На Каталонците им беше потребна победа над отпишаниот Лас Палмас за да останат над површината, бидејќи Леганес веќе ја заврши работата со Ваљадолид.
Нервозата беше на врвот во таборот на Еспањол. А потоа во 65-та минута, судијата Муниз Руиз досуди пенал за домашната екипа по контакт помеѓу Алехо Велиз од Еспањол и дефанзивец од Лас Палмас.
Тој детаљ предизвика спротивставени коментари, создаде бура, се огласи и поранешниот меѓународен судија Перез Буруљ, консултант на „Марка“.
„Зошто ВАР не ја гледаше оваа ситуација? Кој протокол спречува ситуација од која зависи нечиј опстанок во лигата да не биде повторно прегледан? Напаѓачот беше првиот што се намести и ја турна ногата на дефанзивецот. Според мене, играчот на Еспањол требаше да биде казнет со жолт картон за ова“, вели Буруљ.
Me estoy volviendo loco con el penalti que le acaban de pitar al Espanyol
Qué fácil se vive siendo el filial del Madrid pic.twitter.com/E5CGE8wwQf
— Álex (@LxoMessismoFCB) May 24, 2025
Еспањол го искористи „подарокот“, поведе преку Хави Пуадо, а потоа ја запечати победата со уште еден гол на самиот крај и опстана во лигата.
Во исто време, тој ја прекина серијата од пет последователни порази што го доведоа на работ на бездната.
Залудна беше победата на Леганес над Ваљадолид (3:0), како и три триумфи во последните четири кола и подобариот меѓусебен скор од Еспањол (3:2, 1:1).
Спорт
Де Брујне ја прифатил понудата од Неапол

Кевин Де Брујне, попладнево ќе го одигра последниот натпревар за Манчестер сити, а потоа ќе го напушти клубот чии дрес го носеше цела деценија. Сити гостува кај Фулам, со победа ќе заврши на третото место со пласман во Лигата на шампионите.
Светските медиуми објавија дека Де Брујне, кариерата ќе ја продолжи во Наполи. Клубот од југот на Италија, во петокот ја освои четвртата титула во клупската историја.
Фабрицио Романо, објави дека преговорите меѓу Де Брујне и претставниците на Наполи траеле цела ноќ.
Нивната последна понуда за Де Брујне е тригодишен договор, а дури е познато и колку ќе заработува Белгиецот во новиот клуб.
Во првите две сезони, Де Брујне ќе има плата од шест евра годишно, а во третата сезона ќе има пет евра, а ќе добие и бонус за потпис на договорот.
Спорт
(Видео) Ултрасите на Милан со своите тела испратија порака до американските газди

На денот на натпреварот со Монца, во последното коло од сезоната, најстрасните навивачи на Милан организираа низа перформанси и протести против актуелните газди.
Со недели, ултрасите на „росонерите“ изразуваат незадоволство од лошите резултати на тимот, кој, на крајот, ја заврши сезоната без изборено место во европските купови.
Во саботата навечер, тие отидоа уште подалеку во својот бунт, ги радикализираа своите постапки.
Пред да се упати кон стадионот, голема група навивачи отидоа пред административната зграда на клубот, останаа таму некое време и побараа оставка од претседателот Гари Кардинале и неговите луѓе од администрацијата.
Оттаму маршираа кон „Сан Сиро“.
Најдоброто беше оставено за крајот на протестот, ултрасите на Милан напишаа порака „одете си дома“ со своите тела на нивната трибина и останаа во таа формација неколку минути.
Потоа ги вклучија светлата на своите телефони за пораката да биде повидлива. По 20 минути, како што најавија во деновите пред натпреварот, го напуштија стадионот и ги оставија „играчите, тренерот и администрацијата сами со својот срам“, како што ја опишаа својата постапка.
Милан ја победи Монца со 2:0 со голови во второто полувреме.
Timelapse del momento dell'accensione delle luci dei telefonini per dare forza alla scritta "Go Home", e l'addio allo stadio da parte della #CurvaSudMilano al minito 15. pic.twitter.com/Zm7IfAkic8
— Alessandro Jacobone – Milanisti NE (@NonEvoluto) May 24, 2025