Свет
Пораст на самоубиствата на стари лица во Кина
Бројот на самоубиствата меѓу старите лица во Кина е во голем пораст, пренесуваат кинеските агенции.
Бројот на самоубиствата меѓу старите лица во Кина е во голем пораст, пренесуваат кинеските агенции.Во периодот од 2002 до 2008 година на секои 100.000 стари лица од 70 до 74 години, самоубиство извеле 33 лица, додека во 90-те се самоубиле од 13 до 100.000 стари лица.„Одлуката старите лица да се иселат од старите квартови во новите модерни населби придонесе за зголемување на самоубиствата“ изјави за Чајна дејли, професорот на универзитетот Тсинхуа во Пекинг, Чинг Чун.Чинг додаде дека промената на живеалиштата е голем удар за старите лица, затоа што се наоѓаат во соседство што не го познаваат и затоа што се далеку од своите семејства.Во Кина старите лица ги издржуваат нивните деца и тоа најчесто нивните синови, но оваа традиција младите се помалку ја почитуваат.Сепак, вкупниот број на самоубиства во цела Кина се намалил, посебно меѓу жените во село. Се повеќе жени одат во град и веќе не се во инфериорна положба.Животот во град исто така може да биде исцрпувачки, а ова го покажа бранот самоубиства во Фоксон, голема софтверска фирма во Кина./крај/бета/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.
Свет
Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти.
– Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението.
Свет
(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати
Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку региони останаа без струја. На пат кон освојување на важниот логистички центар Покровск на исток, руската војска ги интензивира и воздушните напади врз гасните и енергетските постројки низ цела Украина, зголемувајќи ги стравувањата од сурова зима за цивилите со падот на температурите.
„Непријателот повторно започнува масовен напад врз енергетската инфраструктура на Украина. Затоа се воведени вонредни прекини на електричната енергија во голем број региони“, изјави министерката за енергетика Свитлана Гринчук на Фејсбук.
🤬 Russians massively attacked Dnipro and its suburbs with kamikaze drones. One of the drones punched through a residential block, collapsing several floors.
Eyewitnesses have shared photos of the aftermath. pic.twitter.com/6vIC0HsbYY
— Denys from Kharkiv (@GlushkoDenys) November 7, 2025

