Свет
Почна динстичката смена во Северна Кореја
Ким Јонг-Ун, најмладиот син на севернокорејскиот комунистички диктатор Ким Јонг-Ил кој заради нарушеното здравје подготвува свој наследник, во вторник навечер е именуван на највисоките функции во Корејската работничка партија
Како што пренесува AFP цитирајќи соопштенија на државната севернокорејска новинска агенција KCNA, Ким Јонг-Ун е именуван за член на Централниот комитет на единствената партија во земјата и претседател на нејзината Централна воена комисија.Раководството на севернокорејската комунистичка партија со официјален назив Работничка партија, во вторникот во Пјонгјанг го почна одржувањето на својот прв конгрес во последните 30 години, на кој треба да се направат подготовки за изборот на наследникот на болниот единствен лидер 68-годишниот Ким Јонг-Ил. Како што сметаат западните стручњаци потпирајќи се на разузнавачки информации и на анализа на малкуте снимки од Јонг-Ил во јавноста последните години, тој во август 2008 г. преживеал мозочен удар, иако тоа никогаш не е официјално потврдено.Во понеделникот 27-годишниот Ким Јонг-Ун кој е школуван во Швајцарија беше произведен во генерал со четири ѕвездички, што според аналитичарите само го потврдува неговиот статус на најверојатен наследник. При ова унапредување во чинот, името на Јонг-Ун првпат беше спомнато во севернокорејските медиуми. Инаку на самиот почетокот од партискиот конгрес Ким Јонг-Ил повтрно е избран за генерален секретар на Работничката партија, што било проследено со френетични долготрајни ракоплескања што ги пренесувала дрѓавнаат севернокорејска телевизија, пренесува јужнокорејската агенција Yonhap.Во понеделникот генералски чин со четири ѕвездички и’ беше произведен и на сестрата на диктаторот Јонг-Ил, Ким Кјонг-Хуи, потврди во вторникот државанат агенција KCNA. Шеесет ичетири-годишната Кјонг-Хуи е сопруга на Јанг Сонг-Таек, кого го сметаат за втор човек на комунистичкиот севернокорејски режим, по Јонг-Ил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.