Спорт
Кошаркарите добија посакувана група за предквалификацискиот турнир
Македонската кошаркарска репрезентација ги дозна имињата на противниците со кои ќе се сретне на квалификациониот турнир, преку кој ќе се обиде да избори пласман на Олимписките игри во Лондон.
Македонската кошаркарска репрезентација ги дозна имињата на противниците со кои ќе се сретне на квалификациониот турнир, преку кој ќе се обиде да избори пласман на Олимписките игри во Лондон. Жрепката во Каракас ја смести Македонија во Д групата, заедно со репрезентациите на Нов Зеланд и Ангола. Група А: Грција, Порторико, Јордан Група Б: Литванија, Венецуела, Нигерија Група Ц: Русија, Доминиканска Република, Јужна КорејаГрупа Д: Македонија, Нов Зеланд, Ангола „ Она што го баравме тоа и го добивме, Нов Зеланд и Ангола беа посакувани противници“, изјави за МТВ селекторот на репрезентацијата Марјан Лазовски. Македонија, извлекувањето на групите го чекаше од првиот шешир заедно со останатите три европски репрезентации: Русија, Литванија и Грција. Во вториот шешир беа репрезентациите на Доминиканска Република, Венецуела, Порторико и Нов Зеланд, а во третиот шешир беа Нигерија, Ангола, Јордан и Јужна Кореја. На квалификациониот турнир ќе бидат формирани четири групи со по три репрезентации, пласман во четвртфиналето ќе изборат најдобро пласираните две репрезентации од секоја група, кои потоа ќе вкрстуваат во полуфиналето. Победниците во полуфиналните натпревари ќе изборат пласман на ЛОИ, каде ќе патува и победникот во натпреварот за третото место. Квалификациониот турнир ќе се одржи од 2 до 8 јули во престолнината на Венецуела, Каракас. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Рафа за најголемиот ривал: Би рекол Новак и Роџер
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал во интервју за „Мундо Депортиво“ не можеше да одлучи кој е неговиот поголем ривал, Новак Ѓоковиќ или Роџер Федерер.
Надал има 24-16 против Федерер, а 29-31 против Ѓоковиќ. Кој е најголемиот ривал?
„Би рекол Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер, тешко е да се избере. Мојата кариера е врзана за нив двајца, тројцата се туркавме да бидеме подобри. Вистина е дека еден на друг многу си „одземавме”, но фер е да се каже дека некој немаше да ги постигне „тие бројки без другите двајца“, вели Рафа и додава:
„Се туркавме до крајни граници во секоја смисла. Физички овани нанесе голема штета, но на тениско и ментално ниво не однесе на ново ниво и затоа успеавме да имаме долги кариери.
За потсетување, Надал ја заврши професионалната кариера во ноември минатата година.
Спорт
(Видео) Мекгрегор не трпи провокации: поради повикот „Напред, Хабиб“, плукна човек
Ирскиот ММА борец Конор Мекгрегор се уште не може да го преболи понижувачкиот пораз од Хабиб Нурмагомедов.
И покрај тоа што нивната борба беше пред шест години, Мекгрегор сè уште е фрустриран од секое спомнување на борецот од руската република Дагестан.
На социјалните мрежи кружи нов срамен чин на некогаш најпопуларниот УФЦ борец во светот.
На видеото се гледа како Мекгрегор плука во лице на непознат маж кој го испровоцирал Ирецот со едноставно извикување: „Напред, Хабиб!“
Откако го слушнал повикот, Мекгрегор налутено се свртел, а потоа му пришол на насмеаниот човек и го плукнал во лице.
„Те плукнав во лице и што направи? Ништо“, му рекол Мекгрегор бидејќи неговиот порстаклук не предизвикал реакција од другата страна.
Поради ооа Ирецот може повторно да има проблем со законот, како што наведуваат некои американски извори наведуваат дека плукањето в лица се класифицира како насилничко однесување и напад.
Conor McGregor spit in this guys face after he yelled “Let’s go Khabib” 😬
“I spit in your face, what you do? Nothing.”#UFC #MMApic.twitter.com/eDSV3FwHL2
— Championship Rounds (@ChampRDS) February 3, 2025
Инаку, Мекгрегор секоја недела прави се повеќе испади, а неодамна жестоко го навреди Нурмагомедов и неговиот тим.
Тој потоа се сврте против сонародникот Пол Хјуз затоа што по мечот покажа почит кон Усман Нурмагомедов.
Иревот никогаш не се опорави од споменатиот пораз во една од најголемите УФЦ борби во историјата.
Тој се врати во октагонот по двегодишна пауза и го победи Доналд Сероне, но потоа претрпе два порази од Дастин Поаире.
Во кариерата на 28 меча има 22 победи (19 со нокаут) и шест порази (два со нокаут).
Мекгрегор неодамна беше осуден за сексуален напад, поради што го напуштија бројни спонзори.
The UFC just dropped extended cage audio and Khabib truly HATED Conor McGregor… pic.twitter.com/t5kbHzQXvo
— internet hall of fame (@InternetH0F) January 28, 2025
Спорт
Тел сепак заврши во Тотенхем
Францускиот фудбалер Матис Тел, во последните минути од преодниот рок му се приклучи на Тотенхем на позајмица.
Планот на Тотенхем беше веднаш да го откупи неговиот договор, но Баерн инсиситирал на позајмица до крајот на сезоната.
Тотенхем за шест месеци ќе може да го купи Тел за 60 милиони евра.
Тел е член на клубот од Минхен од летото 2022 година, кога пристигна од Рен за 20 милиони евра.
Не играше многу оваа сезона, само 14 натпревари, најчесто како резерва.
Вкупно за Баерн одигра 83 натпревари, постигна 16 гола и забележа седум асистенции.