Спорт
Милан привремено на чело во Серија А

Во првите два меча од шестото коло од италијанското првенство, со победата на гости кај Парма од 1:0, Милан привремено се искачи на врвот од табелата пред Интер и Лацио кои во недела ќе ги одиграат мечевите од ова коло
Миланезите ги освоија трите бода со прекрасниот гол на Андреа Пирло во 25. минута кога биеше страотно од повеќе од дваесет метри. Милан во првото полувреме пропушти многу шанси, но исто така треба да се истакне и голманот на Парма, Антонио Миранте кој успеа да ја сочува својата мрежа. Тренерот на „росонерите“ Масимилијано Алегри првпат сезонава го почна натпреварот со ударната напаѓачка тројка Робињо, Роналдињо и Златан Ибрахимовиќ. Со ваков напад не е изненадување што голманот Миранте имаше многу работа на својот стадион „Тадрини“ Милан го започна мечот како и што посакуваше Алгри, па Ибрахимовиќ веќе во 2. минута имаше можност да го открие резултатот. Но по корнерот шутираше само крај голот. Парма својата единствена шанса за постигнување погодок во првиот дел ја имаше во 12. минута, кога Анџело го најде Хернан Креспо, кој падна при обидот да ја зафати топката со волеј, по што жестоко реагираше кај судијата дека бил соборен од грб од Алесандро Неста.Ибрахимовиќ имаше до крајот на полувремето уште две шанси во постојаните напади на гостите кон голот на Миранте кој и во двата случаи интервенираше одлично.Но голманот на Парма навистина не можеше да стори ништо да го сочува голот во 25 минута, како 35-годишниот ветеран Пирло ја торпедираше топката во горниот лев агол од мрежата. Пирло во својата кариера има постигнато многу спектакуларна голови од слободен удар, но ова беше најверојатно еден од поубавите.И додека Пирло како играч од средниот ред успеа од голема далечина да ја погоди целта, шпицот Ибрахимовиќ тоа не можеше да го стори тоа ниту од непосредна близина. Во неколку наврати Миранти и во продолжението ефектно ги спречи обидите на шведскиот интернационалец, како што тоа го стои и во 63. минута по опасниот удар на Роналдињо од дваесетина метри под пречката. Парма конечно одговори преку расположениот Фернандо Маркес но и тој бараше најстрога казна протестирајќи за некоректно играње на Игнацио Абате. Судијата уште трипати беше опкружуван од домашните играчи кои бараа најстрога казна, но опсадата на голот на Кристиан Абиати не даде резултат. Роналдињо ја пропушти шансата да ја запечати победата по еден контранапад кога шутираше преслабо за да биде совладан вечерва расположениот Миранте.Така до недела Милан ќе го држи врвот на табелата во италијанското фудбалско првенство. „Росонерите“ сега имаат 11 бодови од шест мечеви, еден повеќе од шампионот Интер и од Лацио кои имаат и меч помалку. Во вториот меч од саботната програм во Серија А, Удинезе ја забележа првата годинешна победа, но сепак остана на последното место. Гостинската Чезена беше совладана дури во третата минута од судиското надополнување со голот на Бенати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Томас Милер го одигра својот последен натпревар за Баерн

Легендата на Баерн и германскиот фудбал, Томас Милер, го одигра својот последен натпревар во дресот на Баварците. Фудбалерите на Пари Сен Жермен го победија тимот на Баерн со 2:0 и се пласираа во полуфиналето на Светското клупско првенство во САД.
Томас Милер играше за германскиот тим во финишот од натпреварот. 35-годишниот фудбалер влезе на теренот во 80-та минута наместо Кингсли Коман и тоа беше неговиот последен натпревар во дресот на Баерн.
Германскиот ветеран не доби нов договор и во април го објави своето заминување од Минхен на крајот од сезоната.
Томас Милер е дете на Баерн, целата своја кариера ја помина со Баварците. Дебитираше за првиот тим во 2007 година и одигра вкупно 756 натпревари, постигна 250 голови и запиша 276 асистенции.
Тој е еден од најтрофејните фудбалери во историјата. Во дресот на Баерн, освои точно 33 трофеи.
„Danke für alles, Томас!“, објави Баерн на социјалните мрежи со емотикон од срце.
Спорт
Игор Жесус го засили Нотингем Форест

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус се пресели од Ботафого во Нотингем Форест.
„Шумарите“ објавија дека потпишала четиригодишен договор со 24-годишниот фудбалер, до летото 2029 година.
Клубовите не ја објавија сумата на трансферот, но медиумите известуваат дека станува збор за околу 10 милиони фунти (околу 12 милиони евра).
Жезус ја започна својата професионална кариера во бразилскиот клуб Коритиба, потоа играше за Шабаб Ал Ахли од Обединетите Арапски Емирати пред да се приклучи на Ботафого во 2024 година.
Напаѓачот одигра 59 натпревари за клубот од Рио де Жанеиро во сите натпреварувања и постигна 17 гола.
Тој особено се истакна на Светското клупско првенство, помагајќи му на Ботафого да се квалификува во нокаут фазата, постигна два гола, вклучувајќи го и победничкиот гол против европскиот шампион Пари Сен Жермен.
Foto/ EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO
Спорт
(Видео) Ѓоковиќ го декласира сонародникот Кецмановиќ во третото коло на Вимблдон

Во српското дерби во третото коло на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ го победи Миомир Кецмановиќ со 3:0, во сетови 6:3, 6:0, 6:4. Мечот на Централниот терен траеше еден час и 47 минути.
Ѓоковиќ против сонародникот и колегата од националниот тим ја забележа 100. победа на Вилблдон. Низ историјата повеќе победи на најпрестижниот турнир во светото на тенисот имаат само Мартина Навратилова и Роџер Федерер.
Мечот против Кецмановиќ, за Ѓоковиќ имаше доза на неизвесност само во првите седум гема. Побликата уживаше во играта во тие моменти.
Осмиот гем беше пресвртница, тогаш Ѓоковиќ направи брејк, а го најави со спектакуларен поен, го доби во стилот на својот поранешен тренер Борис Бекер.
The point of 2025 Wimbledon championship – Insane stuff from Djokovic and Kecmanovic 🎾😬 pic.twitter.com/zy5jcgMoo0
— Raz (@RazOlsRF) July 5, 2025
Ѓоковиќ веднаш го искористи тоа, направи брејк, поведе со 5:3 и започна голема серија. Не само што го доби првиот сет со 6:3, туку беше немилосрден и во вториот. Не му дозволи ниту еден гем на противникот и го доби вториот сет за само 24 минути.
На почетокот од третиот сет, Кецмановиќ направи прекин на серија од девет гема, но тоа следуваше нова серија од пет гема за Ѓоковиќ. Сепак, до крајот, Кечмановиќ го направи третиот сет малку понеизвесен, израмнувајќи три гема, намалувајќи го резултатот на 5:4. Но, тоа само ја одложи јубилејната 100-та победа на Новак на Вимблдон.
За новото четвртфинале на Вимблдон, Ѓоковиќ ќе се бори против Алекс де Мајнор, кој го победи Дане Холмгрен со 6:4, 7:6(7:5), 6:3 во три сета.