Македонија
Нема информации кој ги убил македонските државјани во Италија
Сè уште нема никакви информации за тоа кој ги убил македонските државјани во Италија. Македонската полиција е во постојана комуникација со италијанскиот Интерпол за откривање на сторителите и мотивите на убиството.
Сè уште нема никакви информации за тоа кој ги убил македонските државјани во Италија. Македонската полиција е во постојана комуникација со италијанскиот Интерпол за откривање на сторителите и мотивите на убиството.
„Од Интерпол Рим нè известија дека надлежните служби на италијанските власти, судска медицина, сè уште работат на целосно завршување на сите процедури и излегување со конечни резултати околу идентификацијата на двата леша зашто им е потребен дополнителен рок“ изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски.
Италијанските медиуми пишуваат дека во хотелот во Бреша, каде што престојувале македонските државјани бил пронајден македонски пасош, но и хрватска лична карта и хрватска возачка дозвола.
Со помош на сим картичката која била најдена во нивните лични работи, италијанската полиција успеала да ги идентификува загинатите. На неа имало броеви од цела Источна Европа, а во еден од компјутерите кои биле пронајдени, имало проект за изградба на трговски центар во Македонија.
Италијанските медиуми шпекулираат дека убиството е поврзано со долгови, односно со пари.
Македонските државјани кои беа пронајдени мртви во планината Магдалена во близина на Бреша, Христо Узунов и Екрем Салија, ја напуштиле Македонија на 23 јуни.
Престојувале во хотел со три ѕвездички во Бреша. Таму биле пронајдени два куфери и две патни торби. Црната горна тренерка која била најдена во хотелот се совпаѓала со долниот дел од тренерката која ја носела една од жртвите.
Телата на Македонците биле пронајдени уште на 15 октомври, но дури завчера биле идентификувани.
Кога полицијата дошла на местото на инцидентот, телата веќе биле во распаѓање, што значи дека двајцата македонски државјани биле мртви подолго време. Семејствата на македонските државјани од Тетово ги пријавиле двајцата пријатели за исчезнати. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори, бара ЛДП
По информацијата на Владата дека наредната недела ќе назначи повереници во општините кои поради немање цензус не успеаја да изберат градоначалници, Либерално-демократската партија (ЛДП) ја информира јавноста дека ќе бара да се измени Изборниот законик.
Измените во Изборниот законик кои ќе ги предложи ЛДП се однесуваат на тоа владините повереници да не можат да се кандидираат на повторените избори за градоначалници во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа. Овие измени ЛДП ќе ги предложи за да нема никој нефер предност пред останатите кандидати за градоначалници, но и да се намали можноста за евентуални злоупотреби и несовесни работења на поверениците во периодот додека не се одржат повторените избори.
Оваа предлог мерка доаѓа по прифаќањето на предлогот на ЛДП за враќање на референдумското отповикување на градоначалници во Законот за локална самоуправа, кој веќе се наоѓа во Собранието и со кој после 30 години од укинувањето на референдумот, ќе се стави крај на заштитата на неефикасните и нетранспарентни функционери.
Доколку се усвојат и измените на Изборниот законик и се воведе ограничувањето за поверениците да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторните избори во четирите општини кои не обезбедија цензус во првиот круг, ќе се овозможат фер услови за коректен политички натпревар, ослободен од било какви сомнежи за дополнителни злоупотреби и политички влијанија, велат од ЛДП.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Заев, Николовски, Груби, Филипче, Бајрами, Дончев и Рашковски посочени како пример за неказнивост
ВМРО-ДПМНЕ реагира дека нема да толерира незаконско постапување и девијантно однесување на поединци за кои постојат сомнежи дека ги прекршиле законските регулативи. Од партијата порачуваат дека Законот мора да важи еднакво за сите и дека секој фатен во корупција или криминал треба да понесе соодветна одговорност.
Во реакцијата се наведува дека државата не смее да се враќа во „мрачните времиња“, како што ги нарекуваат периодите кога, според нив, лица со основано сомнение или пресуди за криминал – меѓу кои ги посочуваат Заев, Љупчо Николовски, Груби, Филипче, Перпарим Бајрами, Ден Дончев и Рашковски – слободно се движеле без одговорност.
Од ВМРО-ДПМНЕ апелираат надлежните институции целосно да го истражат случајот и да постапат до крај согласно законските прописи.
Македонија
За девет месеци од наплата на патарините државата заработила над 58 милиони евра
Вкупните приходи од наплата на патарина за првите девет месеци од годинава изнесуваат 3.611.645.604, денари (58,725 милиони евра).
Во септември годинава прометот на наплатните станици изнесува 401.971.971 денар, а во летните месеци кога е највисока фрекфенцијата на возила, биле инкасирани 494.308.025 во август, 469.811.647 во јули и 399.325.680 денари во јуни годинава.
Најпрофитабилна е наплатната станица Романовце, а најниски се приходите на Кадрифаково.

