Македонија
Пожар кај Стенковец, во Јасен и натаму гори
Пожар се појави доцна попладнето кај спортскиот аеродром Стенковец на подрачје на град Скопје, информира Дирекцијата за заштита и спасување.
Зафатена е сува трева и ниско стеблеста шума. Ангажирани се пет лица со две противпожарникарни возила од ТППЕ на град Скопје. Пожарот во Националниот парк „Јасен“ се уште е активен. Зафатена е површина од над 5000 хектари мешана шума. Ангажирани се 30 лица од НП „Јасен“ и 5 лица од ТППЕ со 2 возила. Противпожарен авион на Дирекцијата за заштита и спасување е ангажиран за гасење на пожарот.Нов пожар има на подрачјето на општина Долнени кај селото Стровија. Зафатена е сува трева и деградирана дабова шума. Ангажирани се четири лица противпожарната бригада со едно возило од ТППЕ како и 12 лица од ЈП „Македонки шуми“. Пожар се појави и на подрачјето на општина Македонски Брод кај селото Крапа на место викано Клепало. Зафатена е површина од сува трева и пасишта.Пожар избувна и на непристапен терен на подрачјето на општина Куманово кај селото Стража кон селото Белановце, но е под контрола. Зафатена е ниско стеблеста и дабова шума. Ангажирани се 10 лица од ЈП „Македонски шуми“. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јанкулоска: Смртта на Фросина многу ме потресе, но и гневна сум – не е случајно и не е несреќа да возиш 130 км/час на Партизанска
Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска упати најдлабоко сочувство до семејството и блиските на Фросина Кулакова, која трагично го загуби животот на „Партизанска“.
„Сум видела многу шокантни настани. Низ годините многупати се соочив со смртта на блиски луѓе, роднини, колеги кои животот го загубија на работно место, блиски соработници кои буквално ги снема за миг. Сум видела тела на жртви кои настрадале под различни околности, а некои од нив беа деца. Тие слики времето не може да ги избрише, едноставно не се забораваат. Но, трагичната смрт на 22 годишната Фросина не само што ме потресе туку истовремено ми предизвика гнев“, напиша Јанкулоска на својот профил на „Фејсбук“.
Додава дека јасно е дека секој учесник во сообраќајот свесно или несвесно се случува да згреши па има и несреќи.
„Но, не е случајно и не е несреќа да возиш 130 км/час на Партизанска, не е случајно пијан да си седнеш зад волан и да нагазиш со 80км/час над дозволената брзина во најпрометниот дел од градот, не е случајно залетан да поминеш на црвено и не е несреќа кога некој на 20 години без возачка дозвола дивее по улиците и не ферма ниту правила ниту сообраќајна сигнализација затоа што мисли дека му се може. Тоа е девијантно однесување, криминал, дрскост и исмевање со сите кои се трудат да постават граница меѓу доброто и лошото и мора да има соодветен одговор и реакција“, вели Јанкулоска.
Македонија
Сиљановска Давкова и оддаде почит на Фросина: Апел за надлежните да го расветлат случајот и да ја задоволат правдата
Советот на млади, со учество на претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска организираше панел дискусија по повод пет години од донесувањето на Законот за младинско учество и младински политики.
Присутните го започнаа настанот со едноминутен молк како оддавање почит за младата Фросина Кулакова, чиј живот прерано згасна.
На денешниот настан, со едноминутен молк оддадовме почит за младата Фросина Кулакова, чиј живот прерано згасна.
Апелираме до надлежните институции што е можно побрзо да го расветлат случајот и да ја задоволат правдата.
Младешкото знаење и креативност може да дојде до израз… pic.twitter.com/RshMcuNCc1
— Гордана Сиљановска Давкова (Gordana Siljanovska) (@gogamkd) January 31, 2025
„На денешниот настан, со едноминутен молк оддадовме почит за младата Фросина Кулакова, чиј живот прерано згасна. Апелираме до надлежните институции што е можно побрзо да го расветлат случајот и да ја задоволат правдата. Младешкото знаење и креативност може да дојде до израз само во безбедно општество“, вели Сиљановска Давкова.
Македонија
Се бара Миле Тодоров од Неготино, семејството моли за помош во неговото пронаоѓање
Семејството и полицијата трагаат по 28 годишниот Миле Тодоров од Неготино кој е исчезнат од вчера. Исчезнатото момче во полиција го пријавил неговиот татко.
-На 30.01.2025 во 18.00 часот во Полициска станица Неготино, Д.Т.(60) од Неготино, пријавил дека од семејниот дом се оддалечил неговиот син М.Т.(28), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, велат од МВР
Миле последен пат бил забележан во Марена, околу 10.30 часот.
Облечен е во работничко одело, бело палто и црн елек.