Скопје
Денови на енергетска ефикасност на Град Скопје
Презентацијата на динамо-велосипеди (полнење на мобилни телефони), како и презентации на средношколки проекти во развој, мапата за велосипетски патеки и на апликацијата Патувај зелено, се одржаа во вторникот во Средното училиште„Боро Петрушевски“, во рамки на Деновите на енергетска ефикасност на Град Скопје.
„Градот Скопје денеска со организирањето на Деновите на енергетика ја потврдува намерата за реализација на проектите од областа на енергетската ефикасност. Свесни сме се повисоките трошоци за енергија, важноста за сигурно снабдување со енeргија, како и климатските промени предизвикани од ирационални користење на енергијата. Тоа е во согласност со сопствените оперативни планови, кои ќе придонесат за намалување на потрошувачката на фосилни горива за затоплување, намалување на емисиите на стакленички гасови и промоција за користење обновливи извори на енергија“, истакана скопксиот градоначалник Коце Трајановски.
Тој информираше дека со овој настан почнуваат Деновите на енергетска ефикансност 2014 кои финансиски ги поддржа ГИЗ (Германското друштво за интернационална соработка).
Градот ќе изврши промоција на апликацијата green route (патувај зелено) и на велосипедските патеки во Скопје.
На 26.11 2014 година, во Младинскиот културен центар ќе се изврши проекции на едукативни филмови за граѓаните и директорите на училиштата и културните институции и професори кои работат на тематика на заштита на природата и енергетска ефикасност, а на 27.11.2014 год свечено се пушта во употреба новата реконструирана фасада на СУГС Јосип Броз Тито, која по пат на кофинансирање од УНДП целосно е реконструирана-
Градот Скопје во изминатиот период замени над 95% на уличните светилки кои се под ингеренција на Град Скопје со натриумови светилки (енергетски ефикасни) и изврши економично регулирање на топлински станици (систем со второстепена регулкација), речиси во сите објекти кои се под негованадлежност. Исто така, гасифицирани се две средни училишта, а во тек е изведбата за гасификација на уште две училишта, заменете се старите прозорци со ПВЦ прозорци речиси во сите средни училишта кои се под ингеренции на Град Скопје, направена е целосна реконструкција на фасадата, промена на старите прозорци со нови ПВЦ и промена на кровната конструкција на СУГС Јосип Броз Тито, како мерки за енергетска ефикасност на објекти.
Градоначалникот Трајновски посочи дека Градот Скопје може да се пофали и дека е еден од првите градови во Југоисточна Европа кој има централно регулирање на сообраќајот, 100% нови автобуси во Јавното сообраќајно претпријатие со кои ќе се заштедат големи количества гориво и ќе се зголеми квалитетот на воздухот во Градот. Како приоритет го посочи проектот и заложбата за развивање на свеста кај граѓаните за користање на велосипедите како превозни средства проширувајќи ги постојните велосипедски патеки и градејќи нови, и исто така, посочи дека досега Градот има изградено велосипетски патеки во должина од 60 километри по главните сообраќајници и околу 20 километри на двете страни од кејот на реката Вардар, и дека по завршувањето на планираните сообрајни решенија во 2017 година, граѓаните ќе можат непречено возејќи велосипед да стигнат до која сакат дестинација во градот.
Директор на канцеларијата на ГИЗ за Македонија и Косово, Џејмс Макбет, истакна дека Град Скопје е прв град во кој се организираат вакви денови и се надева дека тој ќе биде огледало од кој другите градови ќе учат за ваква организација. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

