Македонија
Во Индија било забрането капење во Океанот
Телото на Македонката Јана Киш, која вчера се удави во Индискиот Океан ќе биде транспортирано во Македонија откако ќе биде извршена обдукција во Индија, соопштуваат од Министерството за надворешни работи (МНР).
Телото на Македонката Јана Киш, која вчера се удави во Индискиот Океан ќе биде транспортирано во Македонија откако ќе биде извршена обдукција во Индија, соопштуваат од Министерството за надворешни работи (МНР).
Од министерството контактирале со амбасадата на Македонија во Њу Делхи, од каде ги потврдиле информациите објавени во индиските медиуми и го потврдиле идентитетот на девојката.
Во овој дел од годината во Индија било забрането капење во океанот поради периодот на монсуните, но не се знае дали двајцата студенти не ја почитувале забраната или не биле известени.
Од Амбасадата имале проблеми при контактот со семејството на девојката, но успеале да контактираат братучед на Јана од Ниш, кој ветил дека ќе го извести семејството на Јана.
Јана Киш студентка на Манипал институтот за технологија, се удавила заедно со 19 – годишниот колега Абџит Синг од индискиот град Чандигар.
По неколку часа морето го исфрлило телото на Киш, а се уште се трага по телото на Абџит.
Монсуните се формираат на бреговите на океаните. Најголеми монсуни се создаваат над Индискиот океан и јужниот дел на Азија. Во текот на летото доаѓаат до Хималаите, а во текот на зимата тргнуваат од Хималаите. Височината на нивното влијание е од 3 до 4 километри. Летните монсуни, кои доаѓаат од океаните предизвикуваат големи врнежи. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.