Свет
Силен земјотрес во Индонезија, подигната тревога за цунами

Силен земјотрес со јачина од 7.6 степени според Рихтер денеска го погоди подрачјето на Индонезија, соопшти Американската геолошка служба.
<!– /* Style Definitions */ p.MsoNormal, li.MsoNormal, div.MsoNormal {mso-style-parent:””; margin:0cm; margin-bottom:.0001pt; text-align:justify; mso-pagination:widow-orphan; font-size:11.0pt; mso-bidi-font-size:12.0pt; font-family:Arial; mso-fareast-font-family:”Times New Roman”;} @page Section1 {size:612.0pt 792.0pt; margin:72.0pt 90.0pt 72.0pt 90.0pt; mso-header-margin:36.0pt; mso-footer-margin:36.0pt; mso-paper-source:0;} div.Section1 {page:Section1;} –> Силен земјотрес со јачина од 7.6 степени според Рихтер денеска го погоди подрачјето на Индонезија, соопшти Американската геолошка служба. Потресот е регистриран на 5—сетина километри од градот Паданг, престолнина на западна Суматра, во кој живеат повеќе од 800.000 луѓе. Како што јавуваат медиумите, неколку згради се оштетени, а луѓето панично бегале кон високите ридови. Пацифичкиот центар за предупредување од цунами покрена мерки на претпазливост и подигната е тревога за можно цунами во Индонезија, Индија, Тајланд и Малезија. Сè уште не е познато дали ќе се појави цунами, но експертите тврдат дека земјотресот бил доволно силен да се појави плимен бран. Претходно земјотрес со јачина од осум степени по Рихтер предизвика цунами што ги погоди островите Самоа, при што загинаа повеќе од 100 луѓе. /крај/дн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Долгиот прекин на струјата во Шпанија и Португалија предизвика хаос

Сообраќаен хаос низ Шпанија и Португалија предизвика долгиот прекин на електричната енергија. Прекинот на струја зафати големи области од овие две држави, а меѓу погодените градови се Барселона, Лисабон, Мадрид, Порто и Севиља. Делови од Баскија исто така накратко беа погодени од прекинот.
Хаос има на метро станиците, улиците, аеродромите, семафорите се исклучени. Оневозможена е интернет и мобилната мрежа, банкоматите за плаќања, лифтовите се заглавени. Не се во функција ниту полначите за електрични возила и бензинските пумпи.
Градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинез-Алмеида ги повика граѓаните да останат таму каде што се и да го намалат движењето на апсолутен минимум.
„Ги замолувам сите жители на Мадрид да излегуваат што е можно помалку и, ако воопшто е можно, да останат таму каде што се во моментов. Сакаме да ги задржиме сите патишта слободни“, рече Мартинез-Алмеида во видео пораката објавена на социјалните мрежи.
Говорејќи од интегрираниот центар за вонредни ситуации во Мадрид, тој рече дека покрај исклучувањето на семафорите, морале да ги затворат и тунелите на некои автопати.
Мрежите на мобилната телефонија исто така беа погодени.
Новинарите на АФП од Мадрид и Барселона известија дека луѓето излегле на улиците, држејќи ги мобилните телефони високо во воздухот за да се обидат да фатат сигнал.
Според агенцијата, многумина ги следеле вестите преку радио, а не преку мобилни уреди.
Се појави и видео од жичница во Билбао, Шпанија, каде луѓето морале да слезат и да продолжат пеш.
Gente bajando a pie del funicular de Artxanda en Bilbao#apagon pic.twitter.com/PthoY01CNq
— Javi Regalado (@djobi71) April 28, 2025
Португалската авиокомпанија ТАП Ер Португалија ги предупреди патниците да не се упатуваат кон аеродромите до понатамошно известување.
Во соопштението објавено на својата Фејсбук страница, ТАП наведува дека некои летови не се одвиваат според распоредот и бара од патниците да чекаат нови информации.
Пристигнуваат бројни извештаи дека многу граѓани на Шпанија и Португалија останале без вода.
Неколку луѓе изјавија за „Скај њуз“ дека забележале панично купување вода и други потреби во супермаркетите во Лисабон.
Свет
Белата куќа: Трамп сака трајно, а не привремено примирје

Американскиот претседател, Доналд Трамп, јасно стави до знаење дека сака трајно примирје во Украина, а не привремен прекин на непријателствата, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.
Таа зборуваше откако рускиот претседател Владимир Путин објави тридневно примирје од 8 до 11 мај, по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна.
„Претседателот сака да види трајно примирје што ќе ги запре убиствата и крвопролевањето“, рече Левит.
Таа додаде дека Трамп останува оптимист за можноста за постигнување договор, но дека е сè повеќе фрустриран од лидерите на двете страни, кои, како што рече, мора да седнат на маса и да преговараат за излез од конфликтот.
Левит, исто така, нагласи дека недамнешната средба меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во базиликата Свети Петар покажала дека Трамп сака повторно да биде претседател кој носи мир, како што беше во неговиот прв мандат.
Свет
Пристигна првата реакција на Украина на најавата на Путин за тридневно примирје

Украина реагираше на предлогот на Русија за тридневно примирје следниот месец.
Министерот за надворешни работи Андриј Сибиха на платформата „Икс“ порача дека ако Русија навистина сака мир, борбите треба веднаш да престанат.
„Зошто да чекате до 8 мај? Ако огнот може да престане сега и да продолжи без прекин најмалку 30 дена, тоа би покажало дека примирјето е реално, а не само заради парада“, напиша Сибиха.
Тој додаде дека Украина е подготвена да поддржи траен, стабилен и целосен прекин на огнот, кој, како што нагласи, постојано го предлага.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно објави таканаречен хуманитарен прекин на огнот од 8 мај до полноќ на 11 мај по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна, соопшти Кремљ.