Свет
Google Wave најавува револуција во он – лајн комуникациите

Google Wave, производот кој што ветува револуција во он лајн комуникациите, денеска почнува со испитување на 100 илјади т.н. бета тестери.
Google Wave, производот кој што ветува револуција во он лајн комуникациите, денеска почнува со испитување на 100 илјади т.н. бета тестери.
Компанијата Google Inc. објави дека Google Wave e апликација која што ги комбинира елементите на и – меилот, четот, Вики документите, блоговите и страниците за размена на фотографии, создавајќи интернет комуникација наречена „hosted conversation“ или „wave“.
Google ја претстави можноста на Wave – от на јулската развојна конференција „Google I/О“ во Сан Франциско во Калифорнија.
Затворената група од бета тестери ќе му помогне на Google да ги отстрани проблемите поврзани со апликацијата пред нејзиното претставување пред јавноста кон крајот на оваа година, соопшти Google.
Апликацијата ја креираа двајцата браќа од Австралија, Џенс и Ларс Расмусен, кои го развија и Google Maps.
Тие сметаат дека Google Wave со конечната верзија ќе го замени и – меилот како главен начин на комуникација преку Итернет./крај/хи/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Телото на уште еден убиен новинар е пронајдено во Мексико

Независен новинар е пронајден мртов на северот на Мексико, како нова жртва во серијата од 13 убиства на новинари и медиумски работници годинава, соопшти денеска државното обвинителство.
Обвинителството во северната погранична држава Сонора објави дека тетоважите на телото, пронајдени во пограничниот град Сан Луис, одговараат на тетоважите што ги имал и новинарот Хуан Арјона Лопез, но се уште не е официјално потврдено дека тој е жртвата, пренесува АП.
Сан Луис беше долго познат по медицинските и стоматолошките ординации каде доаѓаа Американците, се додека во последните неколку години овој дел од Мексико не стана сцена на насилни конфликти меѓу нарко-картелите.
Во март, доброволци пронајдоа 11 тела во тајни гробници во пустината во близина на Сан Луис, во близина на локална депонија за ѓубре,пренесе Танјуг.
Свет
Северна Кореја лансираше две крстосувачки ракети

Денеска Северна Кореја најверојатно тестирала две крстосувачки ракети кон Жолтото Море, изјави јужнокорејски воен претставник, а пренесува Јонхап.
Лансирањето се случи кога јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол одржа прес-конференција за да го одбележи својот 100-ти ден од функцијата и откако во говорот два дена претходно детално ја опиша „храбрата иницијатива“ која би требало да му помогне на Пјонгјанг да ја подобри својата економија, во случај да презема чекори кон денуклеаризација.
Иако на Пјонгјанг му е забрането да лансира технологија за балистички проектили според резолуциите на Советот за безбедност на ОН, ова лансирање на крстаречка ракета не е нивно кршење,пренесе Танјуг.
Свет
Бајден го потпиша Законот за климата вреден 430 милијарди долари

Американскиот претседател Џозеф Бајден ја потпиша сметката од 430 милијарди долари, која се смета за најголем пакет климатски мерки во американската историја и има за цел да ги намали емисиите на штетни гасови, но и да ги намали цените на лековите на рецепт и зголемената инфлација, пренесува Ројтерс.
Законот што Бајден го потпиша вчера на церемонија во Белата куќа, во присуство на водечки демократи, ги опфати најзначајните инвестиции на федералните власти во борбата против климатските промени од околу 375 милијарди долари за 10 години.
Малку порано Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го усвои предлог-законот за климатски промени, здравство и даноци, кој се нарекува и закон за намалување на инфлацијата, а претходно истото го направи и Сенатот.