Македонија
Координација за името во петок
Претседателот Бранко Црвенковски за во петок напладне закажа средба со премиерот Никола Груевски и со Никола Димитров и мартин Протуѓер, преговарачите во спорот што Македонија го има за името на државата со Грција
На средбата според плановите државниот врв треба да излезе со решение и одговор на послендиот пакет на медијаторот на ОН, Метју Нимиц според кој се предлага широка меѓунардона употреба на името Северна Македонија и се задира во националниот идентитет на Македонците. Иако двајцата највисоки државни функциоенри, и покрај претходните различни позиции, се изјаснија дека неприфатливи се последните решенија и предлози на Нимиц, сепак тие минатата недела не договорија одговор за медијаторот. Македонската страна тактизираше со оглед на тоа дека и официјална Атина не даде одговор, а Нимиц заминал на одмор. На средбата за два дена Црвенковски и Груевски ќе треба да одлучат дали предлогот целосно ќе се одбие, или пак, ќе се дадат крупни забелешки. Прашањето за името, освен од државниот врв ќе биде разгледувана за прв пат и од страна на пратениците. После вчерашните несогласувања и координации меѓу партиите на власта и опозицијата, претседателот на Собранието Трајко Велјановски објави дека резолуцијата за името поднесена од НСДП и СДСМ ќе биде последна точка на 27 седница која е во тек и дека за неа ќе се расправа во текот на наредната недела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрово најстудено на Попова Шапка и во Маврови Анови
Утрово најстудено било на Попова Шапка и Маврови Анови каде што се измерени -7 степени, -5 било во Крушево, -4 во Крива Паланка, -3 во Берово, Дебар и Виница, -2 во Тетово, Битола, Прилеп, -1 во Охрид, Претор, Штип, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, 0 во Скопје-Петровец, Струмица, Велес, Демир Капија, 2 во Гевгелија.
Висината на снежната покривка во 7 часот била 57 сантиметри на Попова Шапка, 50 Маврови Анови, 33 Крушево, 25 Битола, 24 Тетово, 17 Берово, Штип, 16 Прилеп, 14 Демир Капија, 10 Претор, 9 Скопје – Петровец, 5 Охрид, 4 Струмица, Крива Паланка.
Времето денеска
Претпладне со појава на магла по одделни котлини. Преку денот променливо облачно, а облачноста попладне особено во источните делови ќе се намалува. Понекаде и особено во планинските региони може краткотрајно да провејува слаб снег. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7 степени.
Во Скопје со појава на слаба магла, преку денот претежно облачно и тивко.
Максималната температура ќе достигне до 4 степени.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег со слаб интензитет провејува на планинскиот премин Ѓавато, кој не се задржува на коловозот.
Намалена видливост поради појава на магла со видливост од 50 до 70 метри има на Плетвар.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Студено време, преку денот облачно со услови за слаб снег
Времето утрово е студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот ќе биде променливо облачно наместа со услови за провејување на слаб снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од -1 до 7 степени, информираат од УХМР.
Во Скопје наутро студено со појава на слаба магла, преку денот претежно облачно и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Од петок ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. По котлините ќе има појава на магла и пониски дневни температури.