Свет
Египетската опозицискa младина ќе формира нова партија

Египетската опозициска младина, којашто веќе две седмици е главен носител на анти-владините протести на плоштадот Тахрир во центарот Каиро, одлучи да формира своја партија „за да ги зачува придобивките на револуцијата“, јавува дописникот на РИА Новости.
Младите Египѓани кои се спротивставуваат на режимот на претседателот Хосни Мубарак амблемот на новата партија и номинациите за фунцкиите во нејзиното раководство ги објавија на Facebook.
Формулирани се и основните барања на иднината партија – тоа се уставните реформи, воспоставување преодна влада, ослободување на политичките затвореници и укинување на воени судови за цивили, престанок на вонредната состојба, слободно формирање политички партии и синдикати, запирање на продажба на државната сопственост под маската на приватизација.
Притоа, младите Египќани не се откажуваат и од своите главни барања – итно повлекување од функцијата на претседателот Хосни Мубарак.
Египетскиот претседател, кој е на власт веќе 30 години, вети дека нема да се кандидира на претстојните септемвриски избори. Исто така, беше исклучено и сценариото со сукцесија на власта во полза на неговиот син Гамал, кој во саботата поднесе оставка од раководната функција на владејачката Национално-демократска партија.
Властите ветија уставните реформи, ревидирање на резултатите од парламентарните избори, истражување на корупциските скандали и поставување како приоритет на својата работа, решавање на социо-економските прашања.
Странските дописници забележуваат дека многумина од демонстрантите кои речиси две седмици протестираат на плоштадот Тахрир, но и во редовите на египетската опозиција, главно сметаат дека досегашните чекори се доволни за да се започне дијалог со властите и земјата да се врати во нормален живот во очекување на реформите и на претседателските избори.
Но истовремено, многу демонстранти продолжуваат да инсистираат на оставка на претседателот и не сакаат да ја напуштат областа во центарот на египетскиот главен град, иако војската ноќеска се обиде да расчисти некои реони околу плоштадот Тахрир. /крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Тетоважата го издаде шефот на албанската мафија, па полицијата го уапси

Уапсен е шеф на албанската мафија. Тој бил препознаен додека седел на барска маса благодарение на тетоважата на десната подлактица на која имашл полугола жена. Токму овој детаљ ѝ овозможи на полицијата дефинитивно да го идентификува.
Луша треба да отслужи десетгодишна затворска казна за водење на италијанско-албанска криминална организација специјализирана за проституција, главно од Албанија.
Во обид да избегне апсење, 52-годишникот дури и го променил своето име во официјалните документи, вклучително и во пасошот.
Сепак, овој трик не беше доволен. Долгорочната истрага и внимателната анализа на деталите им овозможија на органите за спроведување на законот да го решат случајот и да го уапсат по 19 години.
Свет
Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба

Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба по добивањето лиценца, објави Вероника Скворцова, раководителка на Руската Федерална медицинска биолошка агенција (ФМБА).
– Кон крајот на летото 2025 година, поднесовме документи до Министерството за здравство за добивање лиценца за клиничка употреба на оваа вакцина. Истражувањето траеше неколку години, а последните три години беа посветени на претклинички студии. Вакцината е подготвена за употреба, чекаме лиценца, рече Скворцова.
Како што истакна таа, студиите ја потврдиле безбедноста на вакцината, вклучително и можноста за повеќекратна употреба, како и нејзината висока ефикасност во намалувањето на големината и забавувањето на растот на туморите. Покрај тоа, резултатите покажаа продолжено преживување на пациентите.
– Планираме да почнеме да го користиме кај колоректален карцином. Во исто време, во последната фаза имаме вакцина за уште два вида тумори – глиобластом, еден од малигните тумори на мозокот, како и посебни видови меланом, не само на кожата, туку и на очните мембрани. Ова е многу тешка и брзонапредувачка болест, па затоа овие локализации ќе бидат следни, нагласи Скворцова.
Таа потсети дека во ноември 2024 година, на состанок со претседателот на Русија, објавила дека ФМБА планира да започне со употреба на вакцина против рак за персонализиран третман на пациенти од 2025 година.
Европа
По протестот за железничката несреќа во Атина се фрлаа молотови коктели

Непознати лица фрлале молотови коктели кон полицијата пред грчкиот Парламент во центарот на Атина по завршувањето на официјалниот дел од протестот за железничката несреќа кај Темпи, на кој граѓаните уште еднаш побараа правда за жртвите.
Инцидентите се случиле на само неколку минути по завршувањето на протестот и додека сѐ уште имаше граѓани во делот пред Парламентот, па така полицијата не употребила солзавец.
Тензиите се пренесоа во долниот дел на плоштадот Синтагма, каде што побегнаа маскираните лица, а специјалните полициски сили употребија солзавец.