Свет
Митот за Роналд Реган
Поранешниот американски претседател Роналд Реган на денешен ден ќе наполнеше 100 години. Роналд Реган е роден на 6 февруари 1911 во Тампико, Илиноис, а почина на 5 јуни 2004 година, на 93-годишна возраст, во Бел Ер, близу Лос Анџелес, во Калифорнија.„Митот за Роналд Реган го надмина неговото време“ – објави Си-ен-ен, кој ќе прави и директен пренос од церемонијата со која ќе се обележат 100 години од раѓањето на Роналд Реган.Од денешен аспект историчарите велат дека „неговиот успех во политиката, а не неговата личност, добива митски димензии“.Републиканецот Роналд Вилсон Реган беше најстариот избран американски претседател во моментот кога стана 40 претседател на САД. Претседателските обврски ги извршуваше во два мандата, од 1981 до 1989 година.За ликот на Роналд Реган често можеше да се слушне анегдотата дека е „најпознатиот актер меѓу претседателите и најпознатиот претседател меѓу актерите“. Сепак, во текот на неговите два мандата светот беше исправен пред неколку сериозни предизвици.Во историјата ќе останат запаметени неговите средби со рускиот лидер Михаил Горбачов за намалувањето на нуклеарното вооружување. Воспоставениот дијалог меѓу САД и СССР го означи крајот на Студената војна.Во периодот на економската рецесија, Реган се залагаше за намалување на даноците, зголемување на довербата на граѓаните во институциите и за јакнење на националната безбедност. Историчарите потврдуваат дека Реган успеал да ги реализира своите идеи.Со личноста на Реган е поврзан и атентатот, кој се случи на 30 март 1981 година, само два месеца откако стапи на претседателската функција. Реган преживеа и успеа да влезе во светската историја како еден од најпознатите американски и светски политичари./крај/т.д.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.