Спорт
Челзи го напушта „Стемфорд бриџ“

Англискиот премиерлигаш Челзи се подготвува да го напушти својот досегашен стадион „Стемфорд бриџ“ на кој настапуваше 106 години, преку понудата до навивачите да се откупат акциите од стадионот кои им беа продавани во текот на 1990-те.
Англискиот премиерлигаш Челзи се подготвува да го напушти својот досегашен стадион „Стемфорд бриџ“ на кој настапуваше 106 години, преку понудата до навивачите да се откупат акциите од стадионот кои им беа продавани во текот на 1990-те.Како што пишуваат во вторникот британски Guardian, акционерите на компанија „Chelsea Pitch Owners“ која е основана во 1993 година, за да се сочува тогаш неизвесната иднина на клубот, во вторник ќе добијат понуда за откуп на акциите на стадионот. Оваа компанија купи имот во вредност од 10 милиони фунти со помош на заемот во висина од 8,5 милиони фунти, и сега се поставува прашањето дали отпишувањето на долгото од уште 1,5 милиони фунти ќе биде доволно за да се согласат на продажбата. Кога повторно би станал сопственик на овие акции, Челзи повеќе не би имал никакви пречки за продажба на стадионот „Стемфорд бриџ“ кој има капаците малку помалку од 42 илјади гледачи и со тоа е осми според големината фудбалски стадион во Англија и 60-ти во Европа. Според пишувањето на The Sun, новиот стадион на кој би настапувал Челзи, ќе има капацитет од 60 илјади гледачи што на клубот би му носел годишен приход од 50 милиони фунти по сезона. Иако од клубот нагласуваат сека се уште не е откриена локацијата којашто би можела да стане новиот фудбалски дом на Челзи, британските медиуми потсетуваат дека во минатото биле разгледувани локациите Батерси Најн Елмс, Ирлс Курт, Олимпиа, Вајт сити и Имепријал Варф, како можни места на кои би можел да биде подигнат новиот стадион, но се покажале како неадекватни. /крај/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ленокс Луис ги избра петте најдобри боксери на сите времиња

Ленокс Луис се смета за еден од најголемите имиња во тешка категорија во историјата на боксот. Иако има два порази со нокаут во кариерата, тој успеа да им се одмазди на двајцата борци кои го победија, постигнувајќи вкупно 41 професионална победа. За време на неговата импресивна кариера, поранешниот освојувач на златен олимписки медал се соочи со некои од најголемите легенди во тешка категорија, а неговата борба со Мајк Тајсон е сè уште еден од најпрофитабилните мечеви на сите времиња, пишува „Bloody Elbow“.
Во неодамнешно видео објавено на Инстаграм, Луис го откри својот личен список на петте најдобри боксери во историјата. Интересно е што тој не вклучи ниту еден боксер против кого се натпреварувал, како што се Мајк Тајсон или Евандер Холифилд, иако забележа дека би „се ставил во иста соба со тие борци“.
На врвот на својата листа, Луис очекувано го стави Мухамед Али, чиј прекар „Најголемиот“ совршено го опишува неговото наследство. Заедно со Али, листата вклучува уште четири легенди кои ги дефинираа своите епохи:
Џек Џонсон – првиот црн светски шампион во тешка категорија (1908 – 1915).
„Чудото“ Марвин Хаглер – легендарен борец во средна категорија кој ги победил великаните како Томас Хернс и Роберт Дуран.
Џорџ Форман – поранешен двократен светски шампион во тешка категорија и освојувач на златен олимписки медал.
Џо Луис – сопственик на најдолгото владеење со титулите во историјата на боксот, кое траело 11 години и 8 месеци.
Спорт
Интер оствари рекорден приход

Италијанскиот фудбалски гигант Интер оствари рекордни 567 милиони евра приходи во изминатата финансиска година, беше објавено на веб-страницата на клубот.
Финансиските извештаи за сезоната 2024/25 покажуваат приходи од 567 милиони евра, што е зголемување од 94 милиони евра во споредба со претходната сезона. Ова е рекорд, не само за Интер, туку и за италијанскиот фудбал како целина. Претходниот рекорд го држеше Јувентус кога имаше приходи од 464 милиони во првата сезона на Роналдо.
Рекордните приходи на Интер се резултат на зголемените приходи од домашните и европските натпреварувања, како и учеството во првото издание на проширеното Светско клупско првенство. Во исто време, имаше зголемување на комерцијалните приходи од спонзорства и натпревари.
Интер ја затвори финансиската година со нето добивка од 35,4 милиони евра, во споредба со загуба од 35,7 милиони евра во претходната финансиска година. Интер ја заврши рекордната финансиска година без трофеј.
Во финалето на Лигата на шампионите загуби од ПСЖ, во Серија А беше втор од Наполи, во Купот на Италија испадна во полуфиналето против градскиот ривал Милан, „росонерите“ беа подобри и во финалето на Суперкупот на Италија, додека на клупскиот Мундијал клубот загуби од Флуминензе.
Спорт
Детали го делат Бенитез од клупата на Панатинаикос

Трофејниот шпански стручњак Рафаел Бенитез (65) треба да го преземе грчкиот тим Панатинаикос во наредните денови, откако че бидат дефинирани деталите за идната соработка.
Великанот од Атина е во потрага по тренер по заминувањето на Португалецот Руи Виторија, кој беше отпуштен на 15 септември, еден ден откако „зелените“ загубија од Кифисија со 3:2.
Во меѓувреме, Панатинаикос значително ја подобри играта и резултатите под водство на привремениот тренер Христос Контис и забележа голема победа во Лигата на Европа против Јанг Бојс (4:1), но во клубот, и покрај очигледниот напредок, бараат ново, по можност звучно име за клупата.
Според грчките медиуми, изборот паднал на тренерот кој ја освои Лигата на шампионите со Ливерпул во 2005 година, две титули во Ла Лига и Купот на УЕФА со Валенсија и Лигата на Европа со Челзи.
Истите извори наведуваат дека Бенитез пристигнал во Атина со приватен авион во четврток наутро за финални преговори со челниците на клубот и најверојатно за потпишување на договорот.
Наводно, Панатинаикос му нуди дури пет милиони евра само за едногодишна соработка.