Македонија
Хоспитализирани уште двајца пациенти со симптоми на грип

Два нови сомнителни случаи на грип од типот А/H1N1 се регистриран во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести во Скопје
Два нови сомнителни случаи на грип од типот А/H1N1 се регистриран во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести во Скопје, официјално е соопштено.
Првиот пациент, бил на студии во Софија и пред неколку дена пристигнал во земјава, по што почувствувал треска и изнемоштеност и по препорака на матичниот лекар, се јавил на преглед во Инфективната клиника, каде веднаш е хоспитализиран.
Вториот пациент е роден и живее во Австралија. За време на неговиот престој во Македонија, добил симптоми на грип, како што се болка во грлото, сува кашлица и покачена телесна температура, е хоспитализиран на Клиниката за Инфективни болести
Во моментот на Клиниката се хоспитализирани вкупно 9 пациенти, чија што здравствена состојба се подобрува.
За сите сомнителни пациенти се во тек лабораториските анализи за потврда на типот на вирусот. /крај/со/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МВР најави засилени мерки против непрописното паркирање

Вчера во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се зајакнати мерки за санкционирање на непрописно паркираните возила низ централното градско подрачје за зголемување на безбедноста во сообраќајот.
МВР информира дека се преземени вкупно 20 мерки од кои изречени се шест прекршочни платни налози за непрописно паркирани возила, 12 возила се подигнати со специјалното возило “пајак” и 2 мерки по останати прекршоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР.
Од таму апелираат до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Македонија
Облачно време со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Во понеделник ќе има повремен локален дожд, а од вторник стабилизирање на времето.
Македонија
Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат:
-во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците на ул 100 и ул 21 во Волково (Општина Ѓорче Петров)
-во периодот од 12.00 до 14.00 часот дел од ул.3 во Ракотинци (општина Сопиште)