Македонија
Пуштена во употреба зграда за млади брачни парови во Аеродром
Вкупно 56 станови наменети за млади брачни парови и самохрани родители во реонскиот центар Аеродром денеска беа свечено пуштени во употреба.
Вкупно 56 станови наменети за млади брачни парови и самохрани родители во реонскиот центар Аеродром денеска беа свечено пуштени во употреба.
Цената на становите ќе изнесува 760 евра за квадратен метар со можност за отплата на повеќе рати.
На свеченоста присуствуваа премиерот Никола Груевски, директорот на Претпријатието за стопанисување со станбен и деловен простор (ПССД), Владимир Бахчовановски и градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски.
„Ова е уште една зграда од капиталниот проект на Владата за изградба на 2.500 станови за социјално ранливи категории. Распределбата на становите ќе се врши по електронски пат, на фер и транспарентен начин со што ќе се избегне влијанието на човечкиот фактор“ рече премиерот Груевски и додаде дека ниската цена на становите се должи и на владината мерка за намалување на данокот на додадена вредност.
Директорот на ПССД, Бахчовановски истакна дека дел од критериумите за купување се веќе определени ,а дел ќе треба да ги прецизира Владата.
„За становите ќе можат да конкурираат брачни парови до 40-годишна возраст и кои се наоѓаат во брачна зедница не повеќе од 10 години. Дел од становите ќе бидат наменети и за самохрани родители“, рече Бахчовановски.
Огласот за конкурирање ќе биде распишан на 15 февруари./крај/вм
Фото: Филип Поповски/Макфакс
Повеќе фотографии тука
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.
Македонија
Министерство за здравство: Активиран модул за изразување интерес за соработка на лекари од странство
Министерството за здравство информира дека на веб-страницата на МЗ од денес е активиран електронски модул на кој лекарите кои моментално работат или специјализираат во странство може да изразат интерес за соработка со нашиот здравствен систем.
-Во рамки на нашите заложби за дигитализација во здравството, овој електронски модул претставува директен канал за стручна соработка со дијаспората, со цел полесно мапирање профили и експертизи кои може да придонесат во нашиот здравствен систем. Меѓусебната соработка со овие лекари е предвидено да опфати обуки, едукации, менторство, консултации или проектна поддршка, како и други стручни ангажмани. Во оваа прилика ги повикувам да се пријават нашите лекари кои работат во странски медицински центри, лекари кои се на специјализација или супспецијализација во странство, или лекари кои се ангажирани во странски академски и научно-истражувачки установи, потенцира министерот за здравство, Азир Алиу.
Пријавувањето се врши исклучиво преку електронскиот модул на веб-страницата на Министерството за здравство, по што Министерството ќе ги контактира лекарите за конкретна соработка што одговара на нивниот профил.
Во електронскиот модул насловен „Лекари од дијаспората“ предвидено е лекарите да пополнат повеќе лични и професионални податоци, детали за клучните области на експертиза, лиценци, сертификати, листа на публикации, како и сегменти на соработка за кои изразуваат интерес.

