Регион
Дваесет загинати во две експлозии во Анкара

Најмалку 20 луѓе се загинати и околу 100 се ранети во две експлозии кои во саботата утрото ја потресоа турската престолнина Анкара, во инцидентот кој е квалификуван како терористички напад.
Турската телевизија NTV, повикувајќи се на очевидци, пренесува дека експлозиите во Анкара ги извршиле терористи самоубијци, а извор од безбедносните сили за агенцијата Reuters потврдил дека се проверува оваа информација.
Експлозиите одекнале на двете страни на излезот од главната железничка станица во градот, каде што се собрале поддржувачи на Демократската народна партија (HDP).
Полицијата веднаш го евакуираше местото на инцидентот, за да се избегне поголем број жртви, стравувајќи од можна трета експлозија.
Агенцијата Dogan потсетува дека експлозиите се случија пред планираниот „мирен“ марш на кој повикаа синдикатите и многубројни невладини организации со кој треба да се изрази протест против разгорениот конфликт меѓу турската држава и забранетата милитантна организација Работничка партија на Курдистан (PKK) ви југоисточна Турција.,
Организаторите го откажаа собирот, повикувајќи ги учесниците од другите градови да се врата.
Премиерот Ахмет Давутоглу закажа состанок со вицепремиерот Јалчин Акдоган, на кој присуствуваат и министрите за здравство, за внатрешни работи началникот на полицијата и градоначалникот на Анкара, пренесува телевизијата CNNTürk.
Главните турски партии кои се во предизборна атмосфера ги откажаа сите планирани активности за саботата, остро осудувајќи го тероризмот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.