Македонија
Реакции – Мирни избори, голема победа на власта

Мирен втор круг со уверлива победа на владеачките конзервативци, е заедничка оценка во првите извештаи на светските медиуми за неделните избори во М
Мирен втор круг со уверлива победа на владеачките конзервативци, е заедничка оценка во првите извештаи на светските медиуми за неделните избори во Македонија, пренесува Макфакс.
„Гласањето мина во мирна атмосфера, и покрај стравувањата за насилство, кое можеше да и наштети на амбициите на Македонија да се приклучи кон ЕУ и НАТО“, коментира британскиот сервис Би-Би-Си.
Германскиот сервис Дојче веле ја пренесува првичната оценка на набљудувачите дека неделното гласање минало „без какви и да е поголеми инциденти“.
Во извештаите на Дојче веле и на агенцијата Ројтерс се посочува дека гласањето во Македонија било проследено со надеж дека земјата „ќе ги импресионира ЕУ и НАТО, одржувајќи мирни и демократски избори, по минатогодишните изборни насилства“.
Цитирајќи официјални извори дека изборите минале во мирна атмосфера, кинеската агенција Ксинхуа наведува дека на гласачките места во неделата биле ангажирани дополнителни 2,000 полицајци.
Агенцијата Франс прес наведува дека „кандидатот на владеачките конзервативци Ѓорге Иванов извојувал голема победа“ на неделните избори, оценети како тест за евроатланските амбиции на Македонија.
Во извештајот на телевизискиот канал Јуроњуз се истакнува дека владеачките конзервативци ја прославиле изборната победа, но останала загриженоста на граѓаните за слабите економски показатели и високата стапка на невработеност./крај/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Украл накит, часовници, компјутери, пари и други предмети во вредност од 296.000 денари од куќа во Скопје, побаран притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека извршило кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 23-годишник, на 02.01.2024 година, провалил во куќа на улицата „Востаничка“ во Скопје, така што со помош на пластична маса се качил на балконот од првиот кат на куќата и насилно го отворил прозорецот. Потоа пребарувал низ собите и одзел накит, шест рачни часовници, два лаптоп компјутери, други вредни предмети и парични средства во износ од 1000 евра. Вкупната вредност на одземените предмети е проценета на 296.000 денари.
Потоа преку споредна врата ја напуштил куќата и повеќе од една година не бил достапен за полицијата. Имајќи предвид дека токму оваа околност укажува на ризикот осомничениот повторно да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, како и фактот дека против него се поднесени пријави и за други дела, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.
Македонија
Минчев потпиша меморандум во Црна Гора: Целта е да се придонесе кон поефикасни, транспарентни и граѓански ориентирани институции

Министерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, денес во Подгорица потпиша Меморандум за соработка со неговиот црногорски колега, министерот за јавна администрација на Црна Гора, Мараш Дукај.
Преку овој меморандум, двете земји ја формализираат меѓусебната соработка во клучни области како дигитализација на јавните услуги, управување со човечки ресурси, добро управување, транспарентност и професионализација на јавната администрација.
„Овој документ не е само формалност – тој е патоказ за заедничка иднина, за зајакнување на институционалните капацитети и за ново поглавје во билатералните односи помеѓу Република Македонија и Црна Гора“, изјави Минчев.
Меморандумот предвидува размена на искуства, експертиза и најдобри практики, како и заедничка реализација на проекти поддржани од Европската Унија и меѓународни партнери.
Целта е да се придонесе кон поефикасни, транспарентни и граѓански ориентирани институции, соопштуваат од Министерството.
„Реформата на јавната администрација не е само внатрешна обврска, туку и надворешен сигнал – дека нашите институции се подготвени за европските стандарди, за модерно управување и вистински партнерства во регионот.“ – додаде тој.
Министерот упати благодарност до црногорските домаќини за нивното партнерство и за споделената визија за модерна, резултат-ориентирана администрација која ќе биде во служба на граѓаните.
„Од Подгорица испраќаме заедничка порака: јавната администрација мора да биде двигател на интеграцијата, не нејзина пречка.
Професионализмот, транспарентноста и ефикасноста – не се луксуз, туку предуслов за стабилност, економски развој и членство во ЕУ.“
Оваа соработка претставува важен чекор кон зацврстување на регионалните врски и заедничко приближување кон европската иднина, се додава во соопштението на Министерството.
Македонија
„Натпревар во што поидиотски ставови, СДС повторно шампион“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„СДС уште еднаш покажа дека не може да излезе од сопствениот балон. Додека Владата работи, додека се намалуваат даноци, се враќа ред во институциите и државата почна да оди напред, СДС се занимава со измислени термини и панични настапиво јавноста“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
„Навредите за „врховизам“, „изолација“ и „антиевропски вредности“ се обид да се покрие реалноста: нивното време помина, народот ги порази, а денес државата конечно има стабилна и одговорна власт.
Факт е дека на меѓународни конференции како CPAC се среќаваат лидери кои се избрани од својот народ и го бранат националниот интерес. Тоа СДС не го разбира, бидејќи нивниот пристап беше сервилен, поразувачки и штетен.
Македонија нема да се врати назад. Колку и да се обидуваат СДС да ја извалкаат со излитени флоскули, народот гледа разлика меѓу збор и резултат. А нивниот збор не вреди ништо“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.