Свет
Нови напади во Пакистан
Самоубиец со автомоби бомба во напад на полициска станица во северозападниот дел на Пакистан, уби четири лица и ранувајќи дваесетина
И покрај големите воени операции против исламистичките бунтовници, тие со овие акции сакаат да покажат дека претставуваат континуираната закана за безбедноста на Пакистан. Во саботата тие извеле и напади во близината на границата со Авганистан, каде што според еден од локалните водачи, во судир со локална парамилиција биле убиени 25 милитанти.Од експлозијата во полициската станица во градот Карак во северозападен Пакистан, се урнала и соседната џамија, изјавил Аџмал, локален претставник на владата. Во нападот загинале двајца полицајци и двајца цивили, а повеќе припадници на полицијата и цивили се повредени.Според болнички извори, меѓу ранетите некои се во критична состојба. Засега никој ја нема преземно одговорноста за нападот, но се претпоставува дека е дело на исламистичктие бунтовници кои се фокусирани на напади врз полицијата, припадници на пакистанските безбедносни сили и на владините канцеларии во повеќе градови на Пакистан, одмаздувајќи се за воените операции во палнинските племенски региони, кои се во близина на Авганистан.Градот Карак се наоѓа непсоредно до провинцијата Јужен Вазиристан, каде се упориштата на бунтовниците и каде армијата ланскиот октомври започна голема офанзива.Иако официјален Исламабад тврди дека офанзивата е завршена, армијата се’ уште е распоредени во покраината и продолжува со спроведување на операциите од пребарувањето на тешко достапните планински предели.Денеска, исто така, најмалку едно лице загинало а уште неколку биле повредени кога вооружени лица отвориле оган врз една верска процесија во северозападниот град Дера, по повод одбележувањето на Мулид-Наби, на годишнината од раѓањето на исламот пророкот Мухамед.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран ги предупреди земјите во регионот дека ќе ги нападнат американските бази ако Трамп нападне
Иран ги предупреди соседните земји дека ќе нападне американски воени бази во регионот како одмазда за евентуален напад од страна на Вашингтон, објави „Ројтерс“.
Според „Ројтерс“, висок ирански функционер изјавил:
„Техеран им кажал на регионалните земји, од Саудиска Арабија и ОАЕ до Турција, дека американските бази во тие земји ќе бидат нападнати ако САД го нападнат Иран… и побарал од тие земји да го спречат Вашингтон да го нападне Иран“.
„Ќе преземеме многу силни мерки. Ако направат нешто такво, ќе преземеме многу силни мерки“, му рече Трамп на водителот на CBS Evening News, Тони Докупил, во ексклузивно интервју за мрежата, снимено во Дирборн, Мичиген, кое ќе се емитува во вторник.
фото/Depositphotos
Свет
Претседателот на Иран: Протестите се резултат на неисполнети економски барања
Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, денес изјави дека протестите во Иран се резултат на неисполнети економски барања и дека демонстрациите низ целата земја можеле да се избегнат доколку барањата на граѓаните биле земени предвид порано.
Зборувајќи на состанок со министерот за економија и неговите заменици, Пезешкијан ја нагласи потребата од „итно и децентрализирано пристапување кон економските проблеми“, објави ИРНА.
Тој, исто така, рече дека властите мора да ги следат барањата на трговците и другите слоеви на општеството за да најдат решенија за нивните грижи.
Тој додаде дека плановите за економски развој треба да се прошират надвор од главниот град, особено во јужните пристанишни градови.
Протестите избувнаа кон крајот на декември 2025 година поради влошувањето на економската состојба и прераснуваат во поширок предизвик за властите што владеат со Иран од Исламската револуција во 1979 година.
Свет
Кина: Се спротивставуваме на мешањето во внатрешните работи на Иран
Кина се спротивставува на какво било надворешно мешање во внатрешните работи на Иран, објави кинеското Министерство за надворешни работи, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Вашингтон ќе преземе „многу силни мерки“ против Техеран.
Портпаролката на кинеското министерство, Мао Нинг, на редовната прес-конференција изјави дека Кина не одобрува употреба на сила или закана со сила во меѓународните односи, коментирајќи ги изјавите на Трамп и повиците до демонстрантите во Иран да продолжат со своите протести.
Трамп им рече на демонстрантите дека „помошта е на пат“.

