Македонија
Власта не обезбеди двотретинско мнозинство за Законот за државна управа
Предлог Законот за организација и работа на органите на државна управа денеска не го доби потребното двотретинско мнозинство, откако за овој закон се изјаснија 79 пратеници, од присутните 107.За поминување на овој закон низ собраниска процедура, беа неопходни најмалку 81 глас, јави репортерот на „Макфакс“.Опозицијата своето задоволство, што законот не го доби потребното двотретинско мнозинство, го манифестираше аплаудирајќи во собраниската сала.Пратениците на СДСМ, НСДП и Нова алтернатива на денешната собраниска седница беа облечени во жолти маици на кои пишуваше „Доста е-избори“.Според дневниот ред, беше предвидено на седницата да се гласа и за Предлог законот за изменување и дополнување на законот за државни службеници, но претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, ја прескокна оваа точка.Од опозицијата реагираа и побараа пауза од половина час со образложение дека изутрината на координација било договорено да се расправа за Предлог законот за државни службеници, но работите се измениле ненајавено. /крај/бд/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

