Економија
Руска телеком компанија предупредува против инвестирање во Туркменистан

Рускиот врвен оператор на мобилна телефонија Mobile TeleSystems (MTS) денеска ги предупреди инвеститорите кои планираат да присуствуваат на Туркменската меѓународна конференција, за големите ризици при инвестирање во оваа централноазиска држава, пренесува Риа Новости
Рускиот врвен оператор на мобилна телефонија Mobile TeleSystems (MTS) денеска ги предупреди инвеститорите кои планираат да присуствуваат на Туркменската меѓународна конференција, за големите ризици при инвестирање во оваа централноазиска држава, пренесува Риа НовостиМТС прокнижи загуба од 160 милиони долари поради суспендирањето на нивната лиценца во Туркменистан минатата година и покрена судски процес против туркменското Министерство за комуникации. Туркменистан тврди дека суспензијата била легална, затоа што петгодишниот договор за лиценца со МТС истекол. „Компанијата верува дека е нејзина должност да ја информира заедницата на инвеститори и другите меѓународни организации за можните ризици на туркменистанскиот пазар, чија непредвидливост може да доведе до прекршување на меѓународните деловни практики, додека општествено одговорните бизниси се изложени на значителни ризици“, се вели во отвореното писмо на МТС, објавено непосредно пред почетокот на „Туркменистанската патувачка конференција за нафта и гас 2011“.Спорот помеѓу МТС и Туркменистан доаѓа веднаш по влошувањето на односите помеѓу Русија и оваа поранешна советска република поради тоа што Москва одби да го зголеми купувањето на гас од Туркменистан. Туркменистан сака тројно да го зголеми извозот на гас во наредните 20 години и бара поголеми извозни пазари. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Македонската економија оди надоле, инфлацијата повторно расте, велат од СДСМ

„Целосен дебакл на погрешните економски политики на власта на Мицкоски и ДПМНЕ. Македонската економија оди надоле, животниот стандард на граѓаните опаѓа а инфлацијата повторно расте. Во месец јануари, инфлацијата достигна 4,9 %, факт што го констатира и Меѓународниот монетарен фонд. Статистика измери дека трошоците на живот во јануари пораснаа за 4,9%, а индексот на цени на мало за 5,2%“, велат од СДСМ.
„Додека платите стагнираат, граѓаните имаат се помалку пари во џебовите и тие го носат целиот товар на неспособната власт.
И останатите економски параметри се лоши. Индустриското производство паѓа четири месеци по ред. Во декември имаше пад од -1,4%, во ноември -3,5%, во октомври -1,1%, а во септември цели -7,9%.
Буџетскиот дефицит за два месеци достигна рекордни 7,8 милијарди денари. Владата троши многу повеќе отколку што прибира.
Јавниот долг веќе е над 70% од БДП. Прашањето е дали владата заглави и нема пари па ги троши парите од Унгарскиот кредит за други намени?
Секој ден гледаме како цените растат, а платите стојат во место. Владата вети просперитет, но донесе нова економска криза“, соопшти СДСМ.
Економија
Како Македонија ќе ги искористи минералните богатства-МАНУ со предлог стратегија во Министерството за енергетика

Во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, се одржа состанок на кој академици од Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ја презентираа новата предлог Стратегија за геолошки истражувања и одржливо искористување на минералните суровини за периодот 2025-2045 која е во завршна фаза од изработка, по што ќе следи јавна расправа и нејзино усвојување од страна на Владата. Делегацијата на МАНУ беше предводена од академик Блажо Боев и научниот соработник Александар Дединец.
Стратегијата има за цел да го дефинира обемот и начинот на реализација на основните геолошки истражувања, како и одржливото искористување и потребите за експлоатација на минералните суровини кои се од клучно значење за развојот на стопанството на Република Македонија. Документот детално го разработува искористувањето и експлоатацијата на природните ресурси во следните 20 години, при максимална заштита на природните особености на животната средина и на здравјето на луѓето со користење на најсовремени паметни технологии, практики и знаења применети во најразвиените земји во светот.
Министерката Сања Божиновска ја истакна важноста на оваа стратегија за економскиот развој на земјата, нагласувајќи дека одржливото управување со минералните ресурси е од суштинско значење за енергетската независност и индустрискиот напредок. Таа изрази благодарност до МАНУ за нивниот придонес во изработката на овој стратешки документ.
Академик Боев посочи дека стратегијата е резултат на темелни истражувања и анализи, со цел да се обезбеди балансиран пристап помеѓу економскиот развој и заштитата на животната средина. Дединец додаде дека документот е усогласен со глобалните трендови и стандарди, и дека неговата имплементација ќе придонесе за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.
Присутните на состанокот се согласија дека успешната реализација на стратегијата ќе зависи од блиската соработка меѓу институциите, научната заедница и приватниот сектор, со цел да се обезбеди одржлив и долгорочен развој на рударскиот сектор во земјата.
Економија
Mint App – сега и на Apple Store!

Позитивно известување за сите корисници на услугите на Минт Финтек Груп.
Mint App – сега и на Apple Store!
Сите финтек услуги на Mint FinTech Group – сега достапни за корисниците на iPhone!
Брз пристап до кредити, осигурување, патувања, награди и девизен курс – сè на едно место.
Преземете ја денес: mint.com.mk/mintapp
ПР