Свет
Успешно се приземји капсулата со тројца космонаути

Капсулата „Сојуз“ во која се наоѓаа двајца руски и еден американски космонаут од Меѓународната вселенска станица безбедно слета во Казахстан, јавува Ројтерс
Капсулата „Сојуз“ во која се наоѓаа двајца руски и еден американски космонаут од Меѓународната вселенска станица безбедно слета во Казахстан, јавува РојтерсФункционери од американската вселенската агенција НАСА соопштија дека капсулата слетала исправена, на време и точно на определеното место во близина на Аркалук во казахстанските степи. Капсулата требаше да се спушти вчера, но тоа беше одложено откако држачите на пристанишниот дел на орбиталната станица, кои го држеле вселенското летало, не се отвориле, што предизвикало паника кај инженерите. НАСА подоцна соопшти дека членовите на екипажот сами го решиле проблемот со тоа што со помош на кабли ги премостиле држачите. Престојот на трочлениот екипаж во вселенската станица беше исполнет несреќни случаи, меѓу кои е и дефектот на системот за ладење во август и неисправниот систем за комуникации, поради кои шатлот со намерници ја промаши станицата . Шатлот успешно слетал дури два дена по инцидентот. /крај/ројтерс/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Претседателот на Европскиот совет: Албанија би можела да влезе во ЕУ пред 2030 година

Албанија би можела да стане членка на Европската унија пред крајот на деценијата, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
„Ако Албанија продолжи со истото темпо, сосема е можно да се приклучи на Европската унија пред 2030 година“, рече Кошта на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рам во Тирана.
Се зависи од тоа дали ќе продолжите по истиот пат или не“, рече претседателот на Европскиот совет.
Рама неодамна обезбеди четврти мандат со својата Социјалистичка партија на парламентарните избори.
За време на предизборната кампања Рама им вети на Албанците пристапување во Европската унија до 2030 година.
Од 2014 година, Албанија е официјален кандидат за членство, а преговорите се во тек од 2022 година. Земјата е членка на НАТО од 2009 година.
Набљудувачите неодамна забележаа одреден напредок во борбата против корупцијата.
Свет
Се огласи Ердоган: Турција е подготвена

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска изјави дека неговата земја е подготвена да им биде домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин „кога ќе бидат подготвени да се сретнат“.
На средбата со Зеленски во Анкара, Ердоган ја оцени актуелната ситуација како историска можност за почеток на преговорите меѓу Русија и Украина и ја изрази силната поддршка на Турција за дијалогот, како на техничко, така и на највисоко лидерско ниво, пишува весникот „Дејли Сабах“.
Тој ја повтори подготвеноста на Турција да биде домаќин на евентуален самит меѓу Путин и Зеленски и нагласи дека Анкара придава големо значење на одржувањето на отворените канали за комуникација меѓу Москва и Киев.
Руската делегација на преговорите во Истанбул ја предводи помошникот на рускиот претседател Владимир Медински.
Претходно, европските лидери го повикаа Кремљ на целосен и безусловен 30-дневен прекин на огнот, а Путин предложи директни разговори во Истанбул.
Свет
Британскиот министер за одбрана: Време е да се изврши притисок врз Путин

Британскиот министер за одбрана Џон Хили изјави дека сојузниците на Украина „мора да дејствуваат“ и „да го зголемат притисокот врз Путин“, во услови на неизвесност за мировните преговори во Турција, пренесе АФП.
Зборувајќи по состанокот со германскиот министер за одбрана Борис Писториус во Берлин, Хили повика на нови санкции против Русија и нагласи: „Треба да извршиме притисок врз Путин да го принудиме на преговарачка маса. Сега е време да започнеме преговори и да ја запреме војната“.
Тој додаде дека рускиот претседател „има моќ да ја запре војната – може да отпатува во Истанбул, да преговара и да нареди прекин на огнот“.