Свет
Кина и возвраќа на Јапонија по ослободувањето на капетанот
Кина побара од Јапонија да се извини за тоа што го држеше кинескиот капетан на рибарски брод веднаш откако тој беше ослободен, со што даде јасен сигнал дека затегнатите односи помеѓу двете азиски нема наскоро да се затоплат, јавува Ројтерс
Кина побара од Јапонија да се извини за тоа што го држеше кинескиот капетан на рибарски брод веднаш откако тој беше ослободен, со што даде јасен сигнал дека затегнатите односи помеѓу двете азиски нема наскоро да се затоплат, јавува РојтерсКапетанот Жан Кисионг денеска беше префрлен со посебен авион до кинескиот град Фужу. Неговото ослободување следеше по апсењето во Кина на четворица јапонски државјани, под сомнение дека го прекршиле кинескиот закон за чување воените постројки, иако официјално Токио тврдеше дека двата инцидента не се поврзани. Кинеското министерство за надворешни работи веднаш по ослободувањето на капетанот издаде соопштение во кое се вели дека Кина е се уште лута поради инцидентот со капетанот, кој пред две недели беше задржан од јапонските власти по сударот со два јапонски патролни брода во спорните води на групата острови за кои и двете држави, тврдат дека се нивни.„Ова беше акт кој сериозно го наруши кинескиот суверенитет и човековите права на еден кинески граѓанин и кинеската влада се уште силно протестира“, се вели во соопштението и се бара „Јапонија да и се извини на Кина и соодветно да компензира поради инцидентот, без да се наведе каква компензација бара Пекинг. Кина уште еднаш истакна дека нејзиниот суверенитет врз островите кои таа ги нарекува Диаију, а Јапонците Сенкаку, е „неприкосновен“. „Кина ќе го држи отворен случајот со островите Диајоу, без оглед на тоа дали Јапонија ќе се извини и ќе компензира или не. Не се работи толку за извинување, колку за тоа јасно да се стави до знаење дека Кина нема да прави компромиси во врска со својот идентитет“, се вели во официјалната реакција на Пекинг. /крај/ројтерс/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Уапсен уште еден осомничен за терористичкиот напад во Москва
Уште едно лице е уапсено во врска со терористичкиот напад на градското собрание Крокус во Москва на 22 март, соопшти денеска за „ТАСС“ портпаролот на полицијата.
„Уапсен е уште еден потенцијален осомничен во случајот со терористичкиот напад на Крокус. Инспекторите ја испитуваат неговата улога во тој напад“, изјави претставник на полицијата.
Полицијата уапсила државјанин на Таџикистан. Досега во врска со случајот се уапсени 11 лица, меѓу кои и четворица извршители на нападот.
Според последните податоци, во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва загинале 145 лица.
Свет
Почина бебето кое беше извадено од утробата на мртвата мајка во Газа
Почина бебето кое во неделата со царски рез во Газа беше спасено од утробата на мртвата мајка, пишува Би-Би-Си.
Бебето е родено по итен царски рез извршен врз трудница која била убиена во израелски напад врз градот Рафа во Газа.
Освен мајката на Сабрин Ал Сакани, меѓу загинатите се и таткото на новороденото девојче и нејзината тригодишна сестра Малак.
Бебето при раѓањето тежело 1,4 килограми, а се родило во триесеттата недела од бременоста на мајката. Веднаш по царскиот рез беше сместено во инкубатор во болницата во Рафа заедно со уште едно бебе.
Но, девојчето после неколку дена почнало да има сериозни здравствени проблеми. Лекарите го реанимирале, но сепак починало вчера.
16 деца биле убиени за време на два воздушни напади на Рафа минатиот викенд, при бомбардирање на комплекс од станбени згради.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел биле борците и инфраструктурата на Хамас и воените комплекси.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.