Компании
Одобрено спојувањето на Вип и ОНЕ
Комисијата за заштита на конкуренцијата го одобри спојувањето на македонската подружница на Телеком Австрија Групацијата, Вип оператор со подружницата на Телеком Словеније, ОНЕ.
Согласноста е издадена врз основа на одредени обврски, меѓу другото и за обезбедување на услуги на нови виртуелни мрежни оператори од страна на новоформираниот субјект.
Затворањето на трансакцијата се очекува во четвртиот квартал од 2015 година , се вели во соопшението на Телеком Австрија Групацијата објавено во средата.
Двете компании се убедени дека предложените обврски обезбедуваат добра основа за успешен влез на пазарот на нови учесници кои ќе бидат во можност да комбинираат мобилни и ТВ понуди за да се создадат конвергентни пакети. Со тоа ќе се овозможи конкуренција во поглед на цената и производите на сите засегнати пазари.
Споениот субјект one.Vip ќе прерасне во компанија со доволен обем и капацитет за подобро да инвестира и да се натпреварува во поглед на цена, квалитет и иновации.Ова ќе овозможи најдобри искуства за потрошувачите и бизнисите. Веруваме дека спојувањето ќе биде од корист и за конкуренцијата и за македонските корисници и ќе го промовира one.Vip како доверлив партнер, се вели во соопштението.
На 22. октомври 2014 година, Телеком Австрија Групацијата објави дека е постигнат договор со Телеком Словеније Груп да се спојат нивните подружници Вип оператор и ОНЕ кои работат во Република Македонија. Телеком Австрија Групацијата ќе поседува 55% и ќе има целосна контрола врз новосоздадената компанија, додека Телеком Словеније Груп ќе поседува 45% од сопственоста. Покрај тоа, договорот вклучува и опции за излез на Телеком Словеније Груп од заедничката инвестиција во рок од три години од завршувањето на спојувањето.
ОНЕ е трет по големина мобилен оператор во Република Македонија со удел на пазарот на мобилна телефонија од 25,4% во четвртиот квартал од 2014 година (процена на Телеком Австрија Групацијата) и вкупна база од околу 715,000 корисници заклучно со 31. декември 2014 година. Во 2014 година, ОНЕ оствари приходи од приближно 75,7 милиони евра и ЕБИТДА од приближно 10,6 милиони евра. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

