Свет
Европа и САД ја загадуваат Африка
Се поголемата загаденост во Европа и Северна Америка ја нарушува климатската рамнотежа на планетата, а најголема жртва на таквите промени може да
Се поголемата загаденост во Европа и Северна Америка ја нарушува климатската рамнотежа на планетата, а најголема жртва на таквите промени може да стане Африка.
Научници од Канада и Австралија создадоа компјутерски модел за можната климатска ситуација, која што покажува дека се поголемото индустриско загадување од фабриките и термоелектраните над развиените држави од северната хемисфера драматично влијае на создавањето облаци и климатски промени во подсахарската област на Африка, позната како Сахел.
Изминатите 40 години, акумилирањето на влага над Сахел опаднало за речиси 50 отсто.
„Кога научниците во изработката на својот модел го вклучија испуштањето на сулфур над северната хемисфера во 80 – те години, површината на планетата под овие наслаги брзо се ладеле, а ладните маси воздух ги потиснувале дождовните облаци јужно од Сахел и во оваа област донесувале драматични суши“, објави магазинот „Њу сајентист“.
Метеоролозите од Австралиската национална метеоролошка агенција и нивните колеги од Канада, утврдиле дека во изминатите пет години, сушите во Сахел се нешто „поблаги“ што би можело да биде резултат на поострите закони за чист воздух што стапија на сила во северна Aмерика и Европа.
Испуштањето на сулфур нагло растело до 1975 година како последица на повоената индустријализација, а потоа почнало да опаѓа кога се воведени контролите – што донело до кратко олеснување за жителите на Африка – оценуваат експертите.
Иако метеоролозите предупредија дека гасовите кои што учествуваат во создавањето на феноменот „стаклена градина“ влијаат на глобалната клима, истражувањата на австралиските и канадските климатолози претставуваат сериозно предупредување дека индустриските и енергетските капацитети од северната хемисфера драматично влијаат врз климата во Африка./крај/фонет/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

