Свет
Силен земјотрес во источниот дел на Индонезија
Силен земјотрес со магнитуда од 6,3 по Рихтеровата скала се случил во вторникот вечерта по локално време во источна Индонезија, објави Националниот директорат за климатологија и геофизиката (НУМКГ).
Силен земјотрес со магнитуда од 6,3 по Рихтеровата скала се случил во вторникот вечерта по локално време во источна Индонезија, објави Националниот директорат за климатологија и геофизиката (НУМКГ) Според индонезиските власти во моментов се обработуваат податоците, и се уште не е јасно дали ќе биде објавено предупредување во врска со можноста од појава на цунами по земјотресот, чиј епицентар бил лоциран 131 километри југоисточно од Кајманските острови во провинцијата Западна Папуа на островот Нова Гвинеја, а длабочината на потресот била на околу десет километри под површината на Арфурското Море, соопштил официјален претставник на NUMKG. Истата област на 30-ти септември минатата беше погодена од земјотрес со магнитуда од 7,4 степени по Рихтер, а веднаш по него следуваа уште три потреса со магнитуда од 5,0 до 5,3 степени според Рихтеровата скала. Како што соопштил официјалниот претставник на претседателот на Индонезија за помош при катастрофи Анди Ариф, тие довеле само до незначителни материјални штети.. „Густината на населението таму е многу мала и луѓето се доволно далеку од епицентарот, кој се наоѓал во морето“, додал Ариф. Индонезија и нејзиниот дел Папуа Нова Гвинеа се наоѓаат во ткн. Огнен прстен во Тихиот Океан, подрачје во кое на спојувањето на континенталните плочи се случува силна сеизмичка активност. Земјотрес со магнитуда од 7,9 степени на 30-ти септември минатата година го погоди индонезискиот остров Суматра, во кој загинаа повеќе од илјада лица. Во декември 2004 г., северо-западниот брег на индонезискиот остров Суматра беше погоден од еден од најсилните земјотреси во светот изминатите 40 години, при што беше предизвикано разорно цунами од кое настрадаа стотици илјади луѓе во 12 земји во Индискиот Океан. Серија земјотреси ја тресеа Папуа и во средината на јуни кога загинаа три лица, а Индонезија на 12-ти февруари годинава беше погодена од силен земјотрес во кој 60 лица беа повредени а илјадници и луѓе останаа без домови./крај/numkg/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пет големи европски земји: „Сакаме поевропско НАТО“
Франција, Германија, Италија, Полска и Обединетото Кралство најавија дека сакаат да преземат поголема одговорност за безбедноста на Европа преку создавање „поевропски НАТО“. Изјавата беше усвоена по состанокот во Краков, каде министрите за одбрана нагласија дека НАТО останува темел на колективната одбрана, но дека европските земји треба повеќе да придонесуваат.
Петте држави (формат Е5) се обврзаа на дополнително зајакнување на одвраќањето и одбраната со цел спречување евентуална руска агресија и справување со безбедносните закани. Тие повикаа и на „праведна распределба на товарот“ меѓу сојузниците.
Во фокус е и зголемувањето на издвојувањата за одбрана. Полска веќе издвојува 4,48% од БДП, додека Франција, Италија и Шпанија се околу 2%. Прашањето за трошоците ќе биде клучно и на самитот на НАТО во 2025 година во Хаг.
Лидерите нагласија дека секој мировен договор меѓу Украина и Русија мора да биде придружен со „цврсти“ безбедносни гаранции за Киев. Според нив, силна украинска армија е првата гаранција за траен мир, а евентуален прекин на огнот не смее да стане вовед во нова агресија.
Регион
Трамп ги спомена Србија и Косово: Ако не се согласувате, јавете ми се
Набројувајќи ги конфликтите што ги реши во претходниот период, претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера на состанокот на Одборот за мир ги спомена Србија и Косово, велејќи им на лидерите сами да продолжат да ги решаваат проблемите, а ако не можат – да го повикаат.
„Еден пример се Косово и Србија“, рече Трамп, повикувајќи ги лидерите да станат, иако Србија не се приклучи нa Oдборот, додека претседателката на Косово, Вјоса Османи, стана од своето место кога Трамп ја повика.
„Косово, Србија. Јас го направив тоа. Можете ли да станете, ако некој од вас е тука? Само станете на секунда. Косово, Србија, станете! Ви благодарам многу! Го цениме тоа! Одлично, а вие се согласувате. И кога не се согласувате, ме викате и ќе го решиме тоа, нели? Ќе го решиме“, рече Трамп на првиот состанок на Мировниот комитет, јавија српскките медиуми.
Вчера, во Вашингтон се одржа првата седница на Одборот за мир, основан на иницијатива на Трамп, а тоа е тело кое треба да работи на решавање на глобални безбедносни кризи и војни.
Првата задача, како што беше најавено, ќе се однесува на конфликтот во Појасот Газа.
Во јуни 2025 година, американскиот претседател одржа прес-конференција во Хаг на која се пофали со своите достигнувања, за кои верува дека ги постигнал како претседател на Америка.
Еден од примерите што ги наведе Трамп е дека, како што рече, тој спречил потенцијален конфликт меѓу Србија и Косово.
„Србија токму беше на прагот да го стори тоа, но ние го спречивме“, рече Трамп тогаш.
Свет
Мерц: Меѓународниот поредок базиран на права повеќе не постои
Германија мора да се наметне и да преземе поголема одговорност во преобликуваниот светски поредок, изјави денес германскиот канцелар Фридрих Мерц.
За време на својот говор на конференцијата на неговата партија, Христијанско-демократската унија (CDU), тој оцени дека меѓународниот поредок базиран на права повеќе не постои, пренесува Ројтерс.
„Ова ќе доведе до создавање нова голема стратегија за Германија во обединета Европа. Покажуваме храброст да ја обликуваме иднината и храброст да се наметнеме“, рече Мерц.
Конгресот на ЦДУ се одржува денес и утре, 21 февруари, и тоа е првиот голем состанок на партијата откако Мерц ја презеде функцијата канцелар во мај минатата година, пренесува Танјуг.

