Спорт
Јувентус повторно поразен, Ферера останува тренер
По минатонеделниот пораз од Баерн Минхен, Јувентус претрпе уште еден пораз од Бари со конечен резултат 3:1, но среќна околност за „Старата дама“ беше што лидерот на табелата Интер одигра нерешено 1:1 со Аталанта на гостински терен, а Милан, дома загуби од Палермо со резултат 2:0
Мегиорини постигна погодок за Бари уште во 7-та минута, а Трезеге израмни во 23-та минута. При крајот на првото полувреме Барето од пенал повторно го доведе Бари во водство а Алмирон го постави конечниот резултат 3:1 за Бари. Поразот од Бари ја стави под знак прашалник иднината на тренерот на Јувентус, Чиро Ферара, но засега извршниот директор на Јувентус потврди дека Ферара ќе остане тренер до крајот на сезоната. „Го одбравме Ферара за нашата иднина, и ќе продолжиме да работиме со кога за да го изградиме нашиот тим. Не е дел од нашата историја да менуваме тренери. “ изјави Жан Конд Бланк за Медијасет.Миколи и Брешано му ја донесоа победата на Палермо на Сан Сиро, а шампионот без Снајдер во последниот половина час успеа да дојде само до бод и да избега 6 бода пред Јувентус и 5 пред Милан. Милито погоди за Интер во 15-та минута а Тирибоки во 81-та минута за Аталанта. Лацио конечно победи минимално со единствениот гол Коларов во 39-та минута, против Џенова. Сампдорија одигра без голови на натпреварот против Рома. Останати резултати:Калјари-Наполи 3:3Катанија-Ливорно 0:1Киево-Фиорентина 2:1Парма-Болоња 2:1Сиена-Удинезе 2:1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ајакс го отпушти Хајтинга
По серијата лоши резултати, особено во Лигата на шампионите, Ајакс одлучи да го отпушти тренерот Џон Хајтинга.
Дебаклот против Галатасарај дома во Лигата на шампионите беше јасен знак дека е потребна промена на тренерската позиција. .
По четири кола од елитното натпреварување, Ајакс е на последното место без бодови, додека не им оди добро ниту во домашното првенство.
Тие моментално се на четвртото место со осум бода помалку од ривалите Феенорд и ПСВ, кои се на врвот на табелата.
Хајтинга беше член на тренерскиот штаб на Арне Слот во Ливерпул минатата сезона, каде што ја освои титулата во Премиер лигата, пред да одлучи да си замине и да започне самостојна работа во Ајакс.
Ајакс во следниот натпревар ќе ја предводи Фред Грим, кој ќе биде таму додека не дојде нов тренер.
Како ново решение се споменува Ерик тен Хаг, кој е без работа откако беше отпуштен во Баер Леверкузен.
Спорт
(Видео) Шкендија во 100-та минута остана без победа против Јагиелонија
FOTO/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Во трилер завршница Шкендија остана без победа против Јагиелонија, во третото коло, во Конференциската лига. Дуелот во Скопје заврши 1:1, со што Шкендија го освои четвртиот бод и се наоѓа во група од осум тима, кои се наредени од 15-то до 22-то место на табелата.
Лиридон Љатифи во 49-та.минута со удар со глава по корнерот на Вебстер од десната страна, ја доведе Шкендија во водство.
Шкнедија беше на чекор до победата, кога во 96-та минута послкиот тим остана со фудбалер помалку на теренот, но не издржа.
По 100-та минута, Серхио Лозано успеа да израмни на 1-1.
Спорт
Ван Бастен. Го ограбија Бриж против Барселона
Легендарниот Марко ван Бастен жестоко ги критикуваше судиите по драматичниот натпревар од Лигата на шампионите во кој Клуб Бриж остана без голот за победа против Барселона во судиското надополнување на времето.
Холанѓанецот тврди дека белгискиот тим бил „ограбен“ откако ВАР системот го поништи голот за 4:3. Натпреварот заврши со резултат 3:3.
Погледнете ја контроверзната ситуација во приложеното видео од 11:14 минута.
Ромео Вермант постигна гол во судиското надополнување за 4:3. Сепак, прославата на домашниот тим беше прекината по долгата проверка на ВАР, а голот беше поништен поради прекршокот на Вермант врз голманот на Барселона, Војчех Шчесни.
Одлуката ја разбесни легендата на Милан и холандскиот фудбал, Марк ван Бастен.
„Клуб Бриж беше ограбен. Голот за 4:3 не требаше да биде понштен. Немаше фаул врз Шчесни, не го допре. Шчесни го направи да изгледа како прекршок, но не беше“, извика трикратниот освојувач на Златната топка.

