Македонија
Се сретнаа министрите за образование на Македонија и Турција

Министерот за образование и наука Панче Кралев денеска оствари средба со министерот за национално образование на Република Турција Омер Динчер и со турскиот амбасадор во Македонија Ѓурел Сокменсуер.
Министерот за образование и наука Панче Кралев денеска оствари средба со министерот за национално образование на Република Турција Омер Динчер и со турскиот амбасадор во Македонија Ѓурел Сокменсуер. Министерот Кралев рече дека средбата е еден многу позитивен знак за двете земји затоа што таа претставува прва средба која ја остварува новоназначениот министер за образование на Турција и негова прва билатерална средба.„Тоа само по себе говори за високото ниво на односи помеѓу нашите две земји. Овие односи се одразуваат на неколку полиња на соработката меѓу двете држави, како и во полето на образованието. Разговаравме со министерот за досегашните проекти кои се спроведуваат и договоривме стручни тимови од двете министерства во следниов период да работат на склучување нов договор за соработка помеѓу министерствата на двете држави кој верувам дека во следните две години ќе ги доближи нашите две земји уште поблиску во областа на образованието“, рече Кралев и додаде дека значителен број на студенти од Македонија веќе се школуваат во Турција и обратно.Омер Динчер, министерот за национално образование на Република Турција истакна дека политичките односите помеѓу Турција и Македонија се извонредни.„Ние како Турција го сакаме народот на Македонија и ја поддржуваме Владата на Македонија. Ние како влада ќе ја подржиме Македонија посебно во контекст на нејзиното членство во Европската унија. Овие наши извонредни политички односи би требало да се прошират и на економското, образовното и културното поле“, рече тој./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Карпош и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Бриселска, општина Карпош;
– во периодот од 09.35 до 12.00 часот, корисниците од улиците Студеничанска и Драчевска, како и корисниците од реонот кој гравитира кон улицата Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Метеж на границите: се чека до 40 минути на Табановце за влез и на Богородица за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Денеска, во временски период од 08:00 – 17:00 часот поради обезбедување на велосипедска трка, сообраќајот на регионалниот пат во село Доброшане кон Свети Николе до место викано Студена Вода ќе биде во прекин, извести АМСМ.
Исто така во време од 09:00 часот до 14.00 часот поради обезбедување на велосипедска трка, сообраќајот на стариот пат за Крива Паланка на потег на место викано Салон кај ресторан Фемили па по регионалниот пат Куманово кон граничен премин Пелинце до Меморијален центар АСНОМ во село Пелинце ќе биде во прекин.
Повремено затворање на регионалниот пат Куманово – граничен премин Пелинце е планирано и за наредниот ден.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30-40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Муцунски ќе се сретне со грчкиот министер за надворешни работи: зајакнување на односите меѓу двете земји во фокусот на разговорите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во 12:00 часот, во рамки на работната посета на Атина, ќе оствари средба со неговиот хомолог, министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Гераптеритис.
Како што извести Министерството, во фокусот на разговорите се очекува да бидат идните активности за зајакнување на односите и соработката меѓу двете земји, со акцент на економската и енергетската соработка и инфраструктурното поврзување.
Европската интеграција на регионот, како и актуелните геополитички случувања, исто така ќе бидат дел од темите за кои ќе се разговара, водени од заедничкиот интерес за зајакнување на регионалната стабилност и просперитет на двете земји како непосредни соседи и НАТО-сојузници, се додава во соопштението на Министерството.